логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Скопје,17ти мај 2020 година- храм на св.вмч. Димитриј

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

  3.angeli.so.truba

 Во четвртата недела на Воскресение, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на  Светата маченичка Пелагија Тарсиска, Свeштмч. Силуан eп. Газски, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  свештеникот Жарко Ѓорѓиевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа, и протолкувајќи го денешното Евангелие, не упати на

 

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

БЕСЕДА

Често пати, согледувајќи ја жалната положба на христијаните на нашиве простори, се прашуваме каде го оставивме изворот на животворната вода, во која пустина заталкавме? За жал, повторно се наоѓаме во бескрајната пустина на материјалното божество со жедна душа, барајќи ја оазата што сами ја напуштивме. Велам повторно, зашто веќе вкусивме од животворната вода и заминавме не гледајќи на назад. По сопственото заминување од кладенецот на живата вода, од изворот на животот, почнавме да талкаме по бездушната пустина создавајќи гревовни фантазии.
Оној Кој не напоил со жива вода, од која ние избегавме во пусти-ната на страдањето, преку пророкот Еремија вели: „Две зла изврши Мојот народ - Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода." (Еремија 2, 13). Вкусивме од водата на вечниот живот и го затрупавме изворот, го заборавивме; и не само тоа, туку секој си ископа нов извор, всушност, многу извори, повторно барајќи ја животворната вода.


Денес, сите ние, повеќе или помалку, го голтаме песокот на гревот сметајќи го за вода од животен значај. Откако ја изгубивме живата вода на вечниот живот наидовме на самољубие, и постојано ги наоѓаме раските во окото на ближниот. Од друга страна, пак, немаме одговор на сомилост и братско простување, туку тешка тупаница врз сопствената суета. Сето ова до таму не раздели што станавме вистински номади аматери во потрагата на единствената оаза во морето на безживотната пустина.(извадок)

   3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Преминпортал (к.т.)

 Друго:

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (31.03.2019)

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (10.03.2019)

 

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (01.08.2014)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »