логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

И покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, во знак на големото пријателство меѓу нашиот и грчкиот народ и оваа година, за радост и поткрепа на христијанските верници, во земјава пристигна светиот оган, познат и како благодатен оган.

Благодатниот оган  секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим.

Благодатниот оган пристигна во нашата земја од соседна Грција, од аеродромот во Атина.

Според информациите што ги доби МИА огнот е донесен со авион од приватната грчка авиокомпанија Epsilon Aviation, по претходен договор меѓу властите на Северна Македонија и на Грција. Најголемиот дел од трошоците за летот ги покри Горан Трипуноски од Кичево.


На аеродромот во Скопје светиот оган беше дочекан од претставници на Владата и потоа предаден на Црквата.

Преземањето на светиот оган од Ерусалим се случува секоја година на Велика Сабота и повеќето православни држави, како на пример, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Грузија, Романија и други, го прават со владини почести.

Во Република Северна Македонија светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун.

Девет години по ред бигорското братство го носеше Благодатниот Оган во Македонија, а во последните две беше носен на државно ниво преку Бугарија. Оваа година по светиот оган во Ерусалим полетаа државни авиони од Грција, Романија, Грузија, Русија и Украина.

Носењето на огнот се смета за голем благослов. Оваа година светиот оган се симна во Господовиот Гроб околу пладне, според месното сметање на времето.

– Ѝ се заблагодаруваме на грчката држава што ни овозможи, во овие тешки околности за целиот свет, да го примиме благословот на благодатниот оган од Ерусалим. Тоа за нас е духовна поткрепа и голема радост во навечерието на празникот на Христовото воскресение. Христос воскресе! –  изјави Агатон кој е претставник на Архиепископот, господин господин Стефан.

 

 

 

 

 ВИДЕО:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »