логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 blagovestenie2020 1

07 Април 2020

„Архистратигот на ангелските сили беше испратен од Бога при чистата Дева да ѝ го благовести необичното и неискажливо чудо: бессеменото воплотување на Бога од неа и нејзиното девствено раѓање, заради обновување на целиот човечки род. Луѓе, објавувајте ја оваа радосна вест“ (Светилен на Утрена на Благовештение на Пресвета Богородица).

 blagovestenie2020 2

blagovestenie2020 4

blagovestenie2020 5

На 07.04.2020 година, на денот кога го празнуваме свештениот празник на Благовештението на Пресвета Богородица, денот кога беше објавен почетокот на нашето спасение, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

 blagovestenie2020 7

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска, од светото Евангелие според Лука (Лк. 1, 24-38), слушнавме за едно собитие кое се случило пред 2000 години. Ние денеска ја чествуваме Царицата небесна, нашата непрестајна застапница и утешителка – Пресвета Богородица. На денешен ден таа била возвеличена од сиот човечки род заради благата вест од небесниот гласник. Архангелот Гаврил ѝ соопштил дека таа ќе биде Мајка на Спасителот Кој ќе го спаси човечкиот род, дека ќе биде Мајка не на обичен човек, туку на Синот Божји. Во деновите на Велигденскиот пост не може да има поголема утеха за христијанската душа од тоа да се потсети на ова светло откровение и вдахновен источник на нашето спасение.

Свети евангелист Лука ни раскажува дека архангелот Гаврил дошол кај света Дева и ѝ рекол: „Радувај се благодатна, Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените". Свети Гаврил ја нарекува благодатна, односно исполнета со посебна благодат и милост Божја. Архангелот со овие зборови всушност посведочува дека света Дева Марија била секогаш со Бога. Во сите денови од нејзиниот живот, сите нејзини очекувања, помисли и трудови биле насочени кон Бога. Токму затоа, таа е почесна и поголема од сите жени на овој свет, па затоа се нарекува и Пречиста Марија. Природно зборовите на светиот архангел Гаврил ја зачудиле Богородица. Кај неа се јавило двоумење, па затоа и го прашала небесниот гостин: „Како е можно тоа да се случи, кога јас не знам за маж?" Но, архангелот и вели: „Не плаши се Марија, ти си нашла благодат во Бога и ќе зачнеш Син и ќе Го наречеш Исус." После овие зборови света Богородица се согласила со веста и рекла: „Нека биде волјата Божја." Токму овие зборови се почеток на нашето спасение, кое почнува во мигот кога света Дева Марија ќе се согласи да биде Мајка на Синот Божји и на Спасителот на родот човечки. Да обратиме внимание на фразата од Евангелието која кажува дека раѓањето не се случило на некој друг начин, туку преку зачнување на света Дева од Светиот Дух, па така се раѓа Син Божји и Син човечки.

Света Дева Марија ја искажува својата покорност на Божјата волја и не обраќа внимание на сите можни оговарања, приговарања, осудувања и слично. Не го поставува прашањето: како ќе реагира нејзиниот чувар – старецот Јосиф, како ќе реагира средината во која живеела, и уште многу други претпоставки, кои можат да произлезат од овој настан. Но, света Дева Марија сето тоа го остава на страна и се препушта на Бога со зборовите: „Еве ја слугинката, нека биде според волјата Божја". Затоа нејзината одлука да биде покорна на волјата Божја, стои повисоко од сите овоземни предрасуди и мислења.

Прославувањето на Благовештението на Пресвета Богородица за време на Велигденскиот пост, треба да ни послужи за вдахновување на духовните сили. Да се поучиме од Пресвета Дева за нејзината подготвеност да ја исполни волјата Божја со безсомнежна вера и надеж во промислата Божја. Примерот на Царицата небесна и нејзината подготвеност да Му служи на Бога, треба и нам да ни бидат патеводителна ѕвезда на сите животни патишта. Многу може да направи цврстата и непоколеблива вера. Верата е сила и најголемо богатство и нѐ спасува и води во вечен живот. Затоа потребно е и ние како верници, за време на Велигденскиот пост да внимаваме на благодатниот пример на Пресвета Богородица, та со сето срце да веруваме во Господа. Да се надеваме во Божјата волја и да се покоруваме пред промислата Божја, бидејќи според зборовите на светите отци ништо не се случува со луѓето без допуштање Божјо. Пресвета Богородице помагај ни. Амин.

Благовештение на Пресвета Богородица

blagovestenie2020 6

blagovestenie2020 9

Ман. „Св. Климент и Пантелејмон" Плаошник, Охрид

07.04.2020 год.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »