логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  3.angeli.so.truba

Скопје, 23.02.2020 год.- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец

(Недела месопусна)

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:31-46

 3.angeli.so.truba

 На 23ти февруари 2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

sv.Fotij.Carigradski.jpg

 Светиот свештеномаченик Харалампиј

sv.Fotij.Carigradski.jpg

Преподобен Прохор Лободник

 3.angeli.so.truba 

На 23ти февруари 2020 година, во Недела месопусна, или Неделата на Страшниот суд, а во спомен на  св.свешт.мч.Харалампиј и преп.Прохор Лободник, во храмот на св. Јован Крстител во скопската населба Капиштец, отец Среќко Анѓелкоски во  сотслужение на ѓаконот  Игор Трпкоски отслужи Божествен Литургија.Многубројниот  верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, во оваа трета подготвителна недела пред Велигденскиот пост отецот поучување за значењето на денешното Евангелието во кое се говори за Страшниот Суд:

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:31-46

31.     А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32.     и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33.     и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.
34.     Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: »Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот;
35.     оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте;
36.     необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.«
37.     Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: »Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?
38.     Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?
39.     Кога Те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?«
40.     А Царот ќе им одговори и рече: »Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.«
41.     Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: »Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели.
42.     Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;
43.     странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.«
44.     Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: »Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор, и не Ти послуживме?«
45.     Тогаш ќе им одговори и рече: »Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле.«
46.     И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.”

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba 

„Љубовта е основна тема и во Месопусната недела. На овој ден, од Евангелието се чита Христовата парабола за Страшниот суд (Мт 25,31-46). По каков закон Христос ќе ни суди кога ќе дојде во тој ден. Во параболата се одговара: Љубов, и тоа не само хуманитарна грижа за апстрактна правда и за анонимниот „бедник“, туку конкретна и лична љубов кон човекот, кон секое човечко суштество што по Божја волја ќе го сретнеме на нашиот животен пат.“

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

Преминпортал (к.т.)

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

 На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

« »