логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Во организација на Македонската Пправославна Младина на Австралија (МОЈА), собрани над $4600.00 за помош на оштетените од пожарите


3.angeli.so.truba

Првиот годишен пикник на МОЈА, се одржа во Сабота, на 12 Јануари 2020. Времето беше перфектно, 21 степен, и присутни беа многу фамилии, парови и поединци.

Тоа беше еден перфектен ден за пикник, за сите.


Целта на пикникот, во почетокот беше да се соберат средства за младинската група - МОЈА. Но, поради трагичните настани во нашата земја, во кризата со многубројните пожари, младинската група одлучи да собере средства за настраданите од пожарите.

3.angeli.so.truba

МОЈА е непрофитна, волонтерска организација на нашата младинска заедница. Денот започна со Света Литургија, и беше ден на Светиот Гаврил Велички Светогорец, еден од поновите Македонски светители. Манастирската црква беше преполна со поклоненици, на Литургијата моштите на Свети Гаврил Велички беа изложени пред верниот народ и верниците се поклонија со голема радост. Сите бевме возбудени, трпеливо чекавме за Причесната и да почнат спортските активности, посебно децата.



После Литургијата, сите присутни беа поканети на закуска и кафе, а членовите на МОЈА организираа три главни спортски активности: одбојка, “Народна топка” и фудбал. Треба да кажеме, сите спортски активности имаа неверојатен успех, и тоа им даде на многу родители време, да го уживаат кафето. Од активностите, фудбалот беше најпопуларниот спорт, се покажа одбележаните граници на полето не се доволно големи за сите учесници. Но тоа, со радост ќе го поправиме на следниот годишен пикник. По дружењето и уживањето во игрите, членовите на МОЈА ги поведоа гостите на прошетка од Манастирот св. Климент Охридски до водопадите во Кинглејк Националниот парк, кој припаѓа на општината Муриндинди.



Сите учесници во пешачењето добија право да учествуваат во бесплатната лотарија, што ги чекаше кај пикникот кај водопадите, каде што се печеа колбаси на скара (сосиџ сизл). Сендвичите со колбаси беа бесплатни за сите што дојдоа на пикникот, за оние што во тоа време беа во Мејсон Фолс, дури и за минувачите. Реакцијата од луѓето беше неочекувано позитивна, специјално фактот дека членовите на МОЈА не собираа пари за МОЈА, туку ги прашуваа луѓето, ако сакаат, можат да донираат директно во фондовите за обнова на штетата од пожарите. Луѓето тој ден беа навистина дарежливи, како што беа и спонзорите на пикникот како што се локалните продавници на: Вулвортс, Колс и Костко кои несебично помогнаа овој ден да биде успешен. Без нивната поддршка, тоа не ќе беше возможно да се направи.

Начинот на организирањето на пикникот беше пристоен, но сепак беше и жално подсетување на другата трагедија, пожарите во Црната Сабота (The Black Saturday). Ние треба да продолжиме да ги почитуваме пожарникарите, војниците што служат на нашата земја, нашите браќа и сестри, и оние што веќе не се со нас.


После прошетката и уживањето во скарата, луѓето се вратија во манастирот на Св. Климент Охридски, и се продолжи со спорт се додека не се стемни. Луѓето се збогуваа со старите и ново стекнатите пријатели. Членовите на МОЈА, на различни начини, вклучувајќи го и ‘сосиџ сизл’, помогнаа да се соберат над $4600.00 за помош на оштетените од пожарите. МОЈА им честита на своите членови, и им благодари; му го честита именденот на Отец Гаврил Галев, (основачот на МОЈА) и му благодари на Отец Климент од Македонската Православна Заедница за Мелбурн и Викторија (МОСВМ), Св Ѓорѓи, Епинг, за неговата поддршка, благодарност до сите што помогнаа и сите што дојдоа на денот.



Од разговорите со присутните заклучивме, сите беа среќни да помогнат. Луѓето нагласија дека посебно го сакаат денот избран за пикник, зашто имаа и друга причина да дојдат, и му го честитаат името на Отец Гаврил. Ќе продолжиме да работиме и да се подобруваме и ние самите, и нашата заедница, и ќе продложиме да се молиме за Австралија.

 

Извор:о.Гаврил

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

« »