логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Скопје,16ти октомври 2019 лето Господово

 

Ликовен салон на МАНУ, 16 октоври  2019 година

 

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на 16ти октомври 2019 година,на отворањето на изложбата на икони на Дичо Зограф, говореа акад. Таки Фити, претседател на МАНУ, Г. Г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, д-р Сашо Цветковски, ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ.


Изложбата се одржува по повод двестегодишнината од раѓањето на Дичо Зограф, а ќе биде отворена до 26 октомври.


Во Ликовниот салон на МАНУ поставени се 25 икони и десет репродукции, главно од црквите во Мала Река и Дебарско, од Тресонче, Росоки, Сенци, предмети од Бигорскиот манастир, како и икони од струшка Малесија, од Селци.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, истакна дека изложбата е посветена на една импозантна личност, на еден зограф, со неверојатна дарба и талент.“

„Дичо Зограф е навистина своевиден феномен. Човек со неверојатна дарба и талент. Прво затоа што самиот бил голем мајстор за изработка на боите. Сам ги изработувал, боите, лаковите, пигментите, како и растворите за бои. Второ затоа што тој изработувал икони што се препознатливи со својата автентичност, оргиналност и со својот раскош и трето затоа што создал едно импозантно дело. Неверојатно за еден период што не траел ни цели три децении. Тој создал над 2.000 икони и над 10 фрескоансамбли. Тоа е големо дело. За толку кратко време тоа да се направи, што говори меѓудругото за неговиот талент. Можеби со голема леснотија ги правел иконите, меѓутоа ги правел со голем квалитет и да бидат оргинални и автентични и препознатливи“, нагласи Таки Фити.“

Имено, Димитар Крстев, или познат како Дичо Зограф е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век. Во неговиот краток живот тој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на правоверските цркви, насекаде во Македонија, Србија и Грција. Творештвото на тресончанецот Дичо Зограф означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Дичо во своите икони владее со моделацијата. Во својата дејност тој систематски работи на нови иконостаси, ги обновува и дополнува постоечките, осликува одделни ѕидни површини со живопис и работи на цели ансамбли во новоизградените и доградените цркви и манастири. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите.

 

 

 

 

 Текст:

https://www.mkd.mk/kultura/likovna-umetnost/otvorena-izlozhba-na-ikoni-na-dicho-zograf

 

Фото:Premin Portal

 2019 лето Господово

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »