логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Sample Image

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Господи, името ти е љубов“ од свети Јован Кронштадски. Станува збор за едно одлично дело во кое се содржани житието на светителот како и неговите пишани дела кои се полезни за сите христијани, а особено за сегашните и идните свештеници, кои од него може да научат многу за тоа, што значи да се биде посветен пастир, сад на благодатта, светилник кој на сите и им го покажува патот.

Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на протоереј-ставрофор Миле Љ. Штрбевски.

Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.



Предговор на книгата за свети Јован Кронштадски

Великиот и најпознат руски свет свештеник, отецот Јован Сергиев (Кронштадски) потекнува до свештеничко семејство, кое повеќе од 350 години давало свештеници, а токму неговиот татко ја прекинал таа традиција, но сепак, пеел во црква. Од таква свештена лоза и осветено семејство се родил малиот Јован. Во детството бил слаб, со кревко здравје, особено го измачувало тоа што не можел со леснотија да учи на училиште. Затоа, искрено, како што знаел, Му се обратил на Бога и Го молел да му помогне во учењето. И молитвата му била услишана, па така, од најслаб ученик, станал најдобар во основно образование, па потоа и во Духовната семинарија и на Петербуршката Духовна академија. По завршувањето на богословското образование, размислува да стане монах, но во него горела желбата за пастирско беспоштедно служење, па затоа стапува во брак со младата Елисавета, која била ќерка на свештеник. Нивниот брак бил повеќе фиктивен, отколку реален, затоа што тој веднаш ѝ кажал дека сака да живее во брак како монах, како брат и сестра - редок и тежок подвиг, кој успеал да го одржи до крајот на својот живот.

Бил ракоположен за свештеник и поставен во градот Кронштад, според кој и го добил своето препознатливо презиме - Кронштадски. Како млад свештеник во овој град, веднаш забележал дека луѓето се многу сиромашни, дека живеат во бедни услови, и згора на тоа, страдаат од пијанство. Тој, без да се штеди, секој ден одел во разни куќи, ги утешувал, ги советувал, им помагал, им давал сѐ што имал, па често се случувало да си дојде дома буквално без своите чевли. И токму тие сиромашни жители на Кронштад први ја забележале неговата светост.

Уште тогаш, како млад свештеник, Бог го дарувал со дар на чудотворство, па по неговите молитви многумина се исцелувале. Тогаш започнува нова фаза во неговиот живот, многумина од сите краишта на Русија доаѓаат кај него за благослов, за молитва, многумина му даваат огромни суми на пари на рака, а тој веднаш ги давал на други луѓе, кои имале многу повеќе потреба од тие пари.

Неговиот ден започнувал во 3 часот после полноќ, најпрво се подготвувал за служење на Литургија, па потоа во 4 часот излегувал од дома и одел во храмот, на утрена, која самиот ја служел, па потоа ја почнувал Божествената Литургија. Храмот во кој служел наскоро се наполнил со луѓе од сите страни на Русија, кои со покајание и ревност за молитва, доаѓале да учествуваат во Литургијата што ја служел овој свет отец. Се случувало во храмот да дојдат и по 5000 луѓе, и додека да се причестат сите, службата завршувала дури во 12 часот на пладне.

Животот го поминал со многу борби, многу искушенија, многу подвизи, но и покрај сето тоа наоѓал време да пишува, да одговара на писма, да проповеда, да ги запишува сите мисли кои му доаѓале во умот после неговите долги молитви. Со неговиот пастирски благослов многумина заминале во манастир, многумина се угледале на него и го продолжиле неговото пастирско дело, многумина се посветиле на Бога и во тајност живееле преподобен живот.

Неговото житие и неговите пишани дела се полезни за сите христијани, а особено за сегашните и идните свештеници, кои од него може да научат многу за тоа, што значи да се биде посветен пастир, сад на благодатта, светилник кој им свети на сите и им го покажува патот. Па така, овој светилник Христов, да ни го осветли патот по кој одиме, да нѐ научи и раководи по трнливиот но славен пат на свештеничкото служење, и по неговите свети молитви, Бог да ни дарува повеќе ревносни и посветени пастири на Црквата, кои ќе го раководат народот кон Христа, кон Царството Небесно. Амин.

Митрополит Повардарски +Агатангел

 

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »