логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Image result for прв вселенски собор

Почеток на црковната година 

(начало на индиктот)

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 - 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ѝ уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.(MPC-OA)

 

14ти септември 2019 лето Господово

Друго:

 Ако ги разгледуваме црковниот календар, кога ќе стигнеме до 1/14 септември ќе видиме дека пишува „Почеток на Индиктот“. Меѓутоа, многумина читајќи го ова, се прашуваат: „Што значи тоа и што е тоа индикт?“

Поимот Индикт е латински збор што означува одредба, објава, која ја издаваа ромејските императори, со цел да се одреди висината на данокот од обработката на земјата, кој требало да го платат поданиците на Рим за прехранување на војската. Оваа одредба траела петнаесет години затоа што на секои петнаесет години биле отпуштани старите војници и се регрутирале нови. Треба да се забележи дека висината на даноците се одредувала од новата сила на војската за следните петнаесет години.

Со текот на времето поимот „индикт“ престана да означува само одредба, туку означуваше временски период од 15 години. Така почнаа да го сметаат времето со индиктиони (прв индикт, втор индикт итн.).

Прв Константин Велики го определи Индиктот како официјална мерка за време (во 312 или 313 година по Христа) кој почнуваше на 1/14 септември, време кога завршува собирањето на плодовите од земјата. Оваа мерка за време, според името на Константин, Константинов индикт.

Црквата го усвои овој систем за мерење на времето и ги мереше годините со индиктиони. Па така црковната година почнуваше од 1/14 септември со патријаршиска Божествена Литургија и посебен свештен Молебен, за да ја благослови Бог новата година.

Византискиот император Јустинијан Први во 537 година го воведе мерењето на годините во државните документи и во судските одлуки. Па така пишуваа: во првата година од тој и тој индикт, втората година од тој и тој индикт итн.

Со текот на времето се формираа два вида на Индикти: Царскиот, т.е. стариот ромејски кој почнуваше од 1/14 септември и кој продолжи во Византија; и папскиот, кој почнуваше на 25 декември, а подоцна на 1 јануари.

На Запад, полека-полека, како почеток на новата година завладеа први јануари, додека на Исток се задржа први септември. Тоа е причината поради која први септември до ден денес се задржа како почеток на црковната година (и на учебната година), откако се воспостави за сите како почеток на граѓанската година први јануари. Треба да се забележи дека, нашата Црква го одреди овој ден за да се чита во свештените храмови зачалото од Евангелието според Лука, во кое се зборува за првата проповед на Христос во синагогата во Назарет (Лука 4,16-18).

Индиктионите се бројат од Рождеството Христово. Но, бидејќи хронологијата од раѓањето Христово доцни за три години, па за да најдеме во кој индикт сме сега, на тековната година додаваме 3, па збирот го делиме на 15. На пример, 2018+3=2021:15=134. Остаток 8. Значи, од 1/14 септември 2018 година, влегуваме во осмата година од 134 индикт.

Почетокот на школската година од први септември е остаток токму од црковниот индикт.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »