логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Скопје, 9ти септември 2019 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски

(11 недела по Педесетница)

Свето евангелие според светиот апостол Марко 3:6-12

На 9ти септември 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Преподобен Пимен Велики,

Светиот маченик Фануриј

 

 

 

На 9ти септември 2019 година, во единаесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Преподобен Пимен Велики,Светиот маченик Фануриј, во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот о.Златко Малинов во сослужение на ѓаконот Јован Пачемски отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот  на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на денешните светители, за потоа да ги прочита молитвите на св.вмч. Фануриј (кој  е избран за заштитник на учениците и студентите), и соборно се помоливме за успешен почеток  на учебната година.

 

 

 

Светиот и славен великомаченик Фануриј

„Токму овој светител е избран за заштитник на учениците и студентите, и на неговиот празник служиме молебен пред почетокот на учебната година. Каква врска има светиот Фануриј со образованието? Тој со ништо не покажал дека имал стекнато некакво световно високо образование. Бил обичен војник.


Вистинското образование е да го исчистиме во себе Образот Божји, во нас секој човек да го препознае Образот Божји, во нашите дела да препознаат христијански дела, а особено по љубовта да нè препознаат и признаат дека сме Христови. Токму такво возвишено образование имал светиот Фануриј, и затоа денес, славејќи го неговиот свет спомен, се молиме Господ да ги просвети умовите на сите ученици и студенти, да слезе врз нив Светиот Дух, Кој некогаш од простите рибари, направи премудри апостоли, кои со својата Божествена мудрост ја просветија и преобразија сета вселена, па така и во денешните ученици да го запечати Образот Божји во нив, да ги охристови и насочи кон Христа. “

 

„Милостив Боже, Ти си вечната Премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на Твојот Свет Дух, за да се просветли мојот ум и моето срце, и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Зашто, со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека биде мојата душа секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да Те познаам Тебе, вистинската Мудрост и Добрина, и да им послужам на блиските и на народот мој. Амин.“

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

« »