логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Промоција на книгата за деца „Светилници на светот (книга 2)“ (21.06.2019 11:21)



Неодамна, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од печат излезе книгата за деца „Светилници на светот: за македонските светители“, втората книга за деца од оваа едиција, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.

Книгата ја подготви Катерина Божинова, дипл. теолог и професор специјалист по религиско образование, а илустрациите за книгата ги изработија децата од училиштата во Струмица под нејзино менторство.

Книгата содржи кратки житија на светители што се почитуваат и кои дејствувале на нашите простори – почнувајќи од свети апостол Павле, свети цар Јустинијан, свети Еразмо Охридски, свети Константин Кавасила, преподобен Прохор Пчински, преподобен Јован Рилски, свети Иларион Мегленски, светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки, светиот маченик Агатангел Битолски, светите Пречистански маченици Евнувиј, Паисиј и Аверкиј, свети Гаврил Светогорец, Епископ Велички, сè до преподобен Јоаникиј Ракотински и преподобен Кипријан Слепченски.

Вчера, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, се одржа и промоција на книгата, што ја одржа викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, а по тој повод беше организирана изложба на која беа изложени сите цртежи од децата, кои поради ограниченоста на бројот на страници не беа опфатени во книгата. Исто така, беше организирана и хуманитарна акција за младиот фудбалер Томе Јанев, при што децата со радост изработија велигденски и божикни ракотворби. Изложбата ќе биде поставена во просториите на манастирот во наредните седум дена.

Авторот на книгата, Катерина Божинова, во своето поздравно слово на присутните им се обрати: „Сакам, денес, да ги пофалам децата пред сите вас, бидејќи неуморно работеа цела година. Тие учествуваа во литијата за Божик, низ градските улици на -20 степени, а радосно пееја и во Велигденскиот хор. Тоа значи, во период од месец и половина, штом започнат Великите пости, почнуваме и ние со проби двапати неделно. Покрај тоа, тука се и проектите кои го красат училиштето и кои не сте ги виделе, но верувајте ми, се прекрасни... Со заедничка работа и многу труд успеавме за период од пет месеци да издадеме две книги. А тоа е навистина многу работа. Но, како што вели нашиот Владика Наум: „Никој не рече дека е лесно, но секој кој пробал знае дека е многу радосно“. Единствениот Урнек, Кој треба да се следи е Самиот Христос. Него следејќи Го, според Неговите зборови: „Земете го јаремот Мој на себе и поучете се од Мене... зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Матеј 11, 29–30), обичните луѓе од нашите простори се издигнаа во вистински светилници на светот. Нивната многубројност и значај прави да не можат да се опфатат во една или две книги со житија. Затоа, Ви ја најавувам и третата книга на која веќе се работи“.

На сите деца им беа поделени благодарници за активен придонес во детската книга и за учество во изложбата.

 

 

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7106

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт....

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Христовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме...

Жарко Ѓорѓиевски✥ Преображение Христово ✥ (19.08.2020)

Жарко Ѓорѓиевски✥ Преображение Христово ✥ (19.08.2020)

Неспорен е фактот дека ликот Христов - онаков каков што ни го дава Евангелието - пред се е лик на смирението. За Неговото раѓање не се нашло место во ниту...

« »