логоFacebookTwitterYouTubeeMail

nednasvgrigpal2019 1

    Објавено: 25 Март 2019

„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче; но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта“ (кондак на свети Григориј Палама).


nednasvgrigpal2019 2

nednasvgrigpal2019 3
 
nednasvgrigpal2019 4


На 24.03.2019 година, во Втората недела од Великиот пост - Неделата на свети Григориј Палама, во параклисот „Св. Григориј Палама“ во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештеникот Миле Алексоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 nednasvgrigpal2019 5

nednasvgrigpal2019 21

nednasvgrigpal2019 12
Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Втората недела од Велигденскиот пост светата Православна Црква ја посветила на свети Григориј Палама. Овој угодник Божји бил Архиепископ Солунски. Тој бил просветлен човек, и знаменит богослов, стекнувајќи се со искуство во монашкиот живот на Света Гора Атонска. Во XIV век тој стекнал слава како голем и прониклив духовен мислител. Во неговите дела тој ја опишал природата на Таворската светлина, утврдувајќи дека таа светлина што ја покажал Христос на Своите ученици на Тавор, не била обична светлина, како што сметале некои, туку видување на несоздадена божествена енергија, односно на Божјата благодат.


Ние го прославуваме свети Григориј Палама токму во Велигденскиот пост, затоа што тој не ги направил своите длабоки умствени заклучоци на основа на литерарната ученост, туку на основа на лично искуство, што го стекнал како монах на Света Гора Атонска. Како и многумина други монаси, кои преку пост и молитва се соединувале со Бога и ги победувале во себе страстите, откривајќи го патот на Богопознанието и свети Григориј проникнувал во тајните Божји со силата на Божјото присуство. Токму ваквото допирање до Божјата благодат се одразувало кај овие монаси на еден видлив начин. Многу од тие старци – подвижници без сомневање светеле во светот јасно потврдувајќи го тоа што се случило на гората Тавор. Неслучајно во велигденскиот пост се споменува и се прославува ова исклучително духовно движење кое во богословската мисла ќе добие име Исихазам, односно Тихување. Примерот на свети Григориј Палама го подражавале и многу други подвижници од неговото време како и од вековите кои доаѓаат потоа. Токму нивниот опит ни помага подобро да го запознаеме и значењето на постот.


Постот е реална можност и средство да се победи гревот и да се очистат пороците и страстите. Затоа постот и се јавува како средство за Богопознание. Од светото Евангелие ние ги знаеме зборовите дека само чисто срце може да го види Бога (Мт. 5, 8). Затоа и ние денес треба да размислуваме за тоа: што е постот? Постот е правиот и најдобар пат по кој можеме да го совладаме гревот и да го очистиме нашето срце, а тоа значи да Го видиме Бога. По тој пат поминале многу луѓе. А кога човек ќе се сретне со Бога, кога ќе ја почувствува Неговата благодат, тој сака без сомневање тоа да го сочува преку целиот свој живот. Неслучајно во четвртиот век се појавува монаштвото како напуштање na светскиот живот. Се појавуваат монаси – луѓе кои преку подвигот на молитва, покајание и воздржување, чувствено се допирале до Бога и со сите сили се труделе да ја зачуваат таа духовна состојба која не може да се спореди со никакви човечки радости. За човекот средба со Бога значи допирање до Рајот, до Царството Божјо, чувствување на неземна радост. Точно по илјада години, во Визнатија се јавува многу силното духовно движење на исихастите. Свети Григориј Палама е еден од најзначајните учители на таа мистична традиција. Токму затоа тука и се истакнува Таворската светлина. Бидејќи во неа се јавува божествената благодат на видлив начин.


Постои време кога ние преку нашите духовни усилби работиме на самите себе. Се насочуваме кон пронаоѓање на вистинската чистота и отстранување од себеси на секакви скверни и зла. Затоа и светите луѓе бегале по пустини и се затворале во темници, правејќи со тоа сè за да ја сочуваат радоста на Божјото присуство. Не само затоа што тоа е совршено и не може со ништо да се спореди на емоционален план, туку затоа што на луѓето им дава посебна сила и откако човек ќе се допре до Божјото величие, сè останато става во втор план, па дури го смета и за ништожно.


И ние да ги исползуваме овие денови од Великиот пост и да размислиме за нашите души. Да размислиме за нашиот внатрешен живот, за молитвата и воздржувањето како и за некои помали, но реални подвизи кои ќе ги примениме на себе. Тие подвизи ќе ни дадат можност да го очистиме нашето срце, та така, не да го видиме Бога, туку неговиот свет. Тоа ќе ни помогне да живееме по Божјиот закон, кој ќе не научи да разликуваме правда од лага и добро од зло. Амин.

nednasvgrigpal2019 6

nednasvgrigpal2019 7

nednasvgrigpal2019 8

nednasvgrigpal2019 10

nednasvgrigpal2019 11

nednasvgrigpal2019 12

 nednasvgrigpal2019 13

 nednasvgrigpal2019 14

 nednasvgrigpal2019 15

 nednasvgrigpal2019 18

 nednasvgrigpal2019 24

 nednasvgrigpal2019 25

nednasvgrigpal2019 29

 nednasvgrigpal2019 31

 

(Повеќе)

24.03.2019
Свети Григориј Палама

Параклис „Св. Григориј Палама“
Манастир „Св. Георгиј Победоносец" Рајчица

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »