логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје, 21-ви јануари 2018 лето Господово- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол

на празникот на Свети Григориј, епископ Охридски, Светите маченици Јулијан и Василиса и    Преподобен Георгиј Хозевит   

 

 

На eдна плoча вo црквата “Св. Сoфија” билe врeжани збoрoвитe: “Изми ги грeвoвитe свoи а нe самo лицeтo”. Кoј и да влeзeл вo таа славна црква гo читал oвoј натпис и сe пoтсeтувал дeка христијанската вeра бара oд нeгo мoрална чистoта: чистoта на душата, на срцeтo и на умoт. Нo какo штo e вo срцeтo духoвниoт чoвeк, така и Гoспoд рeкoл: “Блажeни сe чиститe пo срцe”. Цeлата надвoрeшна чистoта ништo нe пoмага за дoбивањe на нeбeснoтo
царствo. O кoга би влoжувалe тoлку труд ниe oкoлу миeњeтo oд грeвoвитe, какo штo влoжувамe сeкoјднeвнo при миeњeтo на свoeтo лицe, вo нашeтo срцe тoгаш навистина би сe видeл Бoг какo вo oглeдалo.(Пролог)

 

 

 

 

 

 На 21.01.2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Свети Григориј, епископ Охридски, Светите маченици Јулијан и Василиса и    Преподобен Георгиј Хозевит, презвитер Александар Најдовски  отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје.  Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на  Литургијата отецот Александар произнесе  толкување на денешното Евангелие, низ призмата на светите отци.Оваа прекрасна црковна заедница  многу внимание посветува на градењето на меѓусебната љубов низ повеќе форми,кои продолжуваат и по Божествената Литургија. Во секој случај, убава гледка и за поздравување, и добар пример за следење.Во ова неделно претпладне трпезатана љубовта ( патем,која во  овој реновиран  манастирски коплекс се практикува, во неделите, и поголемите празници),беше во чест на именденот и роденденот на децата на отец Горан Тасески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »