логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 По повод одбележувањето на 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, денеска и утре во Охрид ќе се одржи меѓународната конференција „Свети Климент Охридски - Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“.

 

 

20.10.2016 21:32:11

 Пораките на Св.Климент треба да ни помогнат да им останеме верни на моралните, етички принципи и вредности. Со осамостојувањето на Македонија,пред 25 години се исправи голема историска неправда кон македонскиот народ-истакна Иванов.“Но цели 25 години не огорчува кога како држава се соочуваме со неправда.Кога ни се оспорува името, идентитетот,правото на самоидентификација,правото на човечко достоинство.Не огорчува кога сме неправедно блокирани во нашите европски и евроатлански интеграции.Не огорчува кога гледаме како ни се оспорува минатото,ни се блокира сегашноста и ни се одзема иднината.Како народ и граѓани ние сме гладни и жедни за правда“ рече претседателот Иванов. Неправдата што ни е направена преку блокадите, создава амбиент на фрустрација,почнавме меѓусебе да се напаѓаме и осудуваме.Тоа особено дојде до израз за време на политичката криза што кулминираше оваа 2016-та година-потенцира Иванов.


За да ги градиме нашите општества и држави со највисоки стандарди и вредности, потреба е и црквата. Св.Климент нè направи наследници на бесценето духовно богатство кое што не познава граници -рече Поглаварот на МПЦ.


“Свети Климент е меѓу најзначајните за началото на црковното организирање и духовниот живот, и овде, на овие простори, и подалеку меѓу словенските народи и земји. Тој е меѓу челниците на сѐ што е големо и спасоносно во нашето минато и останува заштитник на нашата сегашност и иднина. Великаните не се такви само додека се живи, туку, преку своето дело – како такви се потврдуваат и во времињата потоа“ изјави поглаварот на МПЦ, Г.Г Стефан.Архиепископот охридски и македонски истакна дека Св. Климент од нас очекува и писменост и одговорност, и образование и воспитание, и решителност и посветеност – и како народи, и како Црква.

 

Росица Голабоска

Извор: http://www.alfa.mk/News.aspx?id=114582#.WAm4oskXdyU

prm_sv.kliment_konferencija

 Претседател на Република Македонија

Д-р Ѓорге Иванов

Беседа на меѓународната конференција „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“

Дами и господа,
Драги пријатели,

Чест ми е да се обратам на оваа меѓународна конференција посветена на нашиот голем народен светител и просветител, св. Климент Охридски. Годинава кога одбележуваме 11 века од неговото физичко упокојување, ние се потсетуваме на неговите пораки, кои треба да ни помогнат да им останеме верни на трајните и вечни морални и етички принципи и вредности. Но, за да го направиме тоа, мора да се вратиме на изворот од кој се напојувал и св. Климент бидејќи на изворот водата е секогаш најчиста, а учењето најјасно.

На самиот почеток на својата мисија, Исус Христос ги споделил своите први пораки во прочуената Беседа на гората.А од сите пораки во беседата, први се осумте блаженства. И меѓу тие осум блаженства, четвртото е посветено на правдата: „Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!"

Како луѓе, сите ние имаме длабока потреба за задоволување на правдата. Чувствуваме болка кога гледаме како се извршува неправда.

Концептот на правдата е предполитички, што значи дека правдата постои пред државата. Потребата за правда е длабоко врежана во човекот и во човештвото.

Јустинијан во Corpus Iuris Civilis правдата ја дефинира како „трајна и постојана желба да му се даде секому она што заслужува". Не случајно, Јустиција со својот превез на очите стана универзален симбол за едно нешто. А тоа е дека сите луѓе, независно од нивната родова, етничка, религиска, јазична, политичка, социјална припадност, заслужуваат еднаквост пред словото на законот. Таа еднаквост пред законот, пак, стана камен-темелник на владеењето на правото во современите демократски држави и општества.

Денес, борбата за правда е во срцевината и на она што некои го нарекуваат „глобално движење на движењата".Укинувањето на ропството и апертхејдот, постколонијализмот, еманципацијата, движењата за граѓански права и за социјална правда, заложбите за родова еднаквост и политичка рамноправност се дел од ова движење на движењата.

Борбата за правда е основна нитка и во македонската приказна. Не случајно во нашата химна е опеано дека „Македонците се борат за своите правдини". Не случајно, сите македонски манифести и прогласи повикуваат на правда за Македонија. Не случајно, сите наши востанија биле подигнувани за остварување на човечките правдини. И таа правда се постигна, кога пред 25 години, Република Македонија стана независна и суверена држава. Со тоа се исправи една голема историска неправда кон народот на Македонија. Но, цели 25 години, нè огорчува кога како држава се соочуваме со неправда. Кога ни се оспорува името, идентитетот, правото на самоидентификација, правото на човечко достоинство. Нè огорчува кога сме неправедно блокирани во нашите европски и евроатлантски интеграции. Нè огорчува кога гледаме како ни се оспорува минатото, ни се блокира сегашноста и ни се одзема иднината.Како народ и граѓани, ние сме гладни и жедни за правда. Но, тоа не значи дека самите ние како луѓе сме целосно праведни.Во посланието до Римјаните, апостолот Павле нè потсетува дека „Нема праведен ниту еден...нема кој да прави добро, нема ниту еден".Со други зборови, од човековиот пад во еденската градина, целото човештво било заглавено во состојба на неправда, пренесувана од колено на колено, од генерација на генерација, со векови и милениуми.И ние во Република Македонија сме жртви на таа неправда. Но, неправдата што ни е направена преку блокадите создаде амбиент на фрустрација во кој станавме неправедни едни кон други.

Како општество влеговме во циклусот што од самоправедноста, преку самосожалувањето води до отуѓувањето и до осудувањето на противникот. Почнавме меѓусебе да се осудуваме и да се напаѓаме како безмилосни противници. Тоа особено дојде до израз за време на политичката криза што кулминираше оваа 2016-та година.Каде е излезот од оваа состојба?Веднаш по четвртото блаженство за правдата, Христос како да ни го открива големиот план за избавување на човештвото од синџирите на неправдата. А тој план е навестен во петтото блаженство за милоста. Затоа, тој вели дека „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани".Ценети присутни,Ништо не е случајно, а и она што е случајно е со некаква цел. Верувам дека е така и со редоследот на овие две блаженства за правдата и милоста, кои се спомнати едноподруго.Совршената правда е нешто по кое длабоко копнееме, но сами, со сопствени сили не можеме да ја достигнеме и да ја постигнеме. Бидејќи, како што вели нашиот народ, нема човек без мана. Принципите на правдата подразбираат дека секој што згрешил треба да плати. Но, цената за грешките на човештвото кон луѓето, но и кон природата, кои постојано се акумулираат е толку голема што ниту еден од нас не може да ја плати. И затоа, како луѓе, свесни за нашата несовршеност, ние покајнички бараме милост. А милоста по дефиниција не се заслужува. Милоста се подарува.Онаму каде што завршува нашата човечка способност за справедливост и за оправдување, таму започнува Божјата милост кон нас, која нè оправдува.Милоста има централно место во Библијата, во зборовите и делата на Христос, кој покажал милост секому кој побарал.Читајќи ги четирите евангелија ќе видиме дека тој постојано покажува милост. И кон слепите кои бараат да прогледаат. И кон болните кои бараат да оздрават. И кон лепрозните кои бараат да се очистат. И кон туѓинците, кои биле избегнувани. И кон грешниците кои биле исклучувани.Истовремено, тој постојано зборува за милоста преку своите параболи. Една од нив е параболата за слугата, кој му должел многу пари на својот господар. Кога господарот требало да си го наплати долгот, слугата молел за милост, и големиот долг му бил простен. И првото нешто што го направил слугата ја илустрира паднатата човечка состојба. Слугата одбил да му го прости малиот долг на својот пријател. Одбил да покаже малку милост, иако нему му била укажана голема милост.Нам, како на луѓе ни е укажана голема Божја милост за нашите погрешни мисли, зборови и дела. Сè што треба да направиме е да покажеме малку милост кон оние кои ја бараат од нас.Св. Климент, милоста ја нарекува крило на молитвата. Милоста ја спомнува во речиси секоја своја поука и во секое свое слово.Во неговата Поука за Педесетница, св. Климент Охридски вели: „...да не се именуваме христијани само по име, туку да се потрудиме со добри дела да стекнеме смирение и љубов кон сите... И милостина давајте непрестајно, зашто таа ги мие сите прегрешенија од нас, и ги отвора небесните врати, и јароста Божја ја претвора во кроткост и милост, а милоста возведува на небото и со смелост нè става крај престолот Божји, бидејќи апостолот рече дека милоста се пофалува на судот. И блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани, и судот ќе биде безмилосен кон оној, кој не покажал милост".Дами и господа,Ако се обидеме со еден збор да го опишеме св. Климент Охридски, тогаш тоа е зборот милост. И нема да згрешиме, бидејќи дури и во името му е скриена милоста. Климент, односно Clementia е латинското име на милоста.Св. Климент Охридски своето духовно име го добил во 868-та година од римскиот папа Адријан II, во чест на св. Климент Римски, чии мошти ги донеле неговите учители, св. Константин ‒ Кирил и Методиј во Рим.Верен на своето име, св. Климент Охридски манастирот што го изградил на Плаошник го посвети на еден друг светец, во чие старогрчко име, исто така е скриена милоста – Пантелејмон што значи Семилостив.Зошто ви го кажувам сево ова? Бидејќи верувам дека преку св. Климент Охридски, нашиот голем народен учител и светител, ние имаме едно потсетување. Потсетување за тоа како да излеземе од маѓепсаниот круг на самоправедноста која води кон самосожалување, отуѓување и осудување. А клучот за да излеземе од тој круг е милоста.Да се стремиме кон правда, свесни за нашата несовршеност. И да бидеме милостиви, за и самите да најдеме милост.Но, сево ова не е значајно само за Македонија, туку и за целиот регион на Балканот и Европа, каде милоста стана скапа и ретка вредност.Глобализацијата создаде генерации кои израснаа со консумеризам, морален релативизам и екстремен индивидуализам. Во свет кој е полн со луѓе кои се полни со самите себе, каде личниот успех е сè, карактерот е сведен на прашање на личен избор. Постмодернизмот ги подри темелите на концептот на правдата, моралноста и милоста, кои се вулгаризирани.

Истовремено, бегалската и мигрантска криза го покажа вистинското лице на Европа. Стравот од различноста ѝ оневозможи на Европа да го види човечкото во бегалците и во мигрантите. Стравот ја зароби милоста.

Затоа, да се потсетиме на пораките на св. Климент. Да се потсетиме на сето она што тој ги учел нашите предци. На едно место тој вели: „со љубов еден кон друг да се натпреваруваме, со милостина и чистота умот свој просветлувајќи го, да го впериме угоре." На тоа, денес ќе додадам, да се воздигнуваме, наместо да тонеме. Да ги градиме нашите општества и држави во височина, со највисоките етички, морални стандарди и вредности.

Но, за тоа е потребна и Црквата. Семето што е посеано ќе дава добар плод, но само ако падне на плодна почва, наводнувана од чистиот извор на животворна вода.

Во Охрид го гледаме милосрдието на Бог, кој ни дал таква природа и убавина. Затоа и поетот Константин Миладинов, опевајќи го езерото вели „сегде Божева је хубавина". Затоа, низ вековите, луѓето граделе цркви и манастири кои во еден момент изнесувале 365. Еден од нив е и манастирот на св. Климент Охридски, кој го изградил на најубавото место во Охрид.

Исто како Охрид, и св. Климент Охридски е дел од Божјата милост кон словенството и особено кон Македонија. Мораме да сме благодарни за таа милост. А вистинската благодарност не се искажува само преку спомнување на неговото име, туку и преку почитување и применување на неговите слова и поуки.

На самиот крај, уверен сум дека секој од учесниците на оваа меѓународна конференција ќе додаде барем едно камче во мозаикот што ќе ни го приближи ликот и делото на Св. Климент Охридски и милоста на која тој укажува.Ви благодарам.

http://www.president.gov.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-07-19-10-40-39/4127.html



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная