логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01a.jpg

04.jpg05.jpg
30 мај 2016 лето Господово

02.jpg

Со особена радост ја известуваме пошироката јавност дека официјално излегоа од подготовка двата музички диска, на кои се работеше последниве неколку месеци. Тоа се „Малиот молебен канон на Пресвета Богородица“, кој е испеан од монахињите на Бигорскиот метох на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица и „Молебниот канон на Свети Јован Крстител, во чест на неговата чудотворна икона“, испеан од монасите на Свештената Бигорска Обител. Овие музички изданија се дел од низата проекти кои беа подготвени во знак на одбележување на дваесетгодишнината од возобновеното монаштво во Свештената Бигорска Обител, а посебно имаат за цел да го потенцираат враќањето на источно-црковното пеење во нашите храмови, кое настана токму по возобновувањето на монашкиот живот.

06.jpg

07.jpg

08.jpg

„Пред повеќе од десет години, поточно во 2002 година, на барање на  верниците, со Божја помош во Бигорскиот Манастир беше снимено во живо пеењето на богослужбите од најсветите денови на Страдањата на нашиот Спасител Господ Исус Христос и Неговото славно Воскресение. Ова наше прво музичко издание, насловено како ‘Пасхални песнопенија’, настанато сосема спонтано, без некакви посебни подготовки и услови, и покрај сите свои недостатоци како едно од првите во македонската византиска дискографија, беше најтопло примено од аудиториумот и одигра значајна улога во нашата мисија за приближување на народот кон Бога. Потоа како резултат на иницијативата на нашата Обител и нејзината плодна соработка со Македонската филхармонија и други музички автори, во јавноста излегоа уште два аудио записи во живо од концертите на источно-православна музика одржани во текот на 2012 и 2013 година, а во спомен на Страдањата и Воскресението Христови. Сега, пак, како одговор на сè поголемиот интерес и љубов кон источно-црковното православно пеење во нашата земја и желбата на нашиот народ за враќање кон своите традиционални музички корени, братството на Бигорската Обител и сестринството на Рајчичката Обител ‘Св. Георгиј Победоносец’ му го принесува на дар на благоверниот македонски народ овој свој скромен музички плод, кој полека се развиваше и созреваше низ секојдневниот молитвен и богослужбен живот“ – се вели во предговорот на овие изданија, напишан од Старецот на нашите Манастири, Архимандрит г. Партениј.

09.jpg

10.jpg

Изданието, покрај музичкиот диск, содржи книга во која заедно со предговорот на Архимандрит Партениј, се поместени текстовите на двете богослужби кои во целост се испеани на дисковите, како и прилог од величанија за повеќето светители во годината, кои можат по избор да се додадат на одреденото место во богослужбата.

И двете богослужби се испеани на Македонски книжевен јазик. На крајот од „Малиот молебен канон на Пресвета Богородица“, како додаток е испеано сочинението „Пресвета Владичице“, на глас 7-ми, според верзијата направена од Даниил Катунакиец Постариот, од 20-ти век, кое со текот на времето постана многу позната и сакана мелодија, како на Света Гора, така и насекаде каде што стига нејзиното влијание. На крајот од „Молебниот канон на Свети Јован Крстител“, пак, испеана е Литиската стихира на празникот Усекновение на чесната глава на Претечата, на глас 1-ви, од непознат автор, најверојатно од 14-ти век, а преводот на нова невматска нотација е од ракопис на Хурмузиј Хартофилакс, од 19-ти век.

Двата диска беа снимени во текот на месец август минатата година, во студиото М1 на Македонската Радио Телевизија, под раководство на нивниот стручен тим. Овој проект немаше да биде возможен без поддршката на сите наши возљубени браќа и сестри кои со голема љубов го помогнаа неговото остварување. Бог да ги спомне во своето Царство!

11.jpg

Дисковите може да се купат во продавницата на Бигорскиот Манастир и Манастирот Рајчица, или да се порачаат на телефонските броеви 070 342 970 или 070 733 722

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА-1  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА-1 (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная