логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

18/01/2016   Поуки - совети

До 5-ти век, имало обичај раѓањето и кршетвањето на Синот Божји да се празнуваат во еден ден – 6 јануари, и тој празник се нарекувал Теофанија – Богојавление, што зборувало за воплотувањето на Христос во светот и за јавувањето на Света Троица во водите на Јордан. Пренесувањето на празникот на Раѓањето Христово на 25 декември (по Јулијанскиот календар, или по стар стил) било подоцна, во 5 век. Така, бил поставен почетокот на новата црковна појава – свјатки (свети, Божикни денови, а НЕ некрстени, како што од суеверие се нарекуваат) кои завршуваат со навечерието, или сочелникот на празнувањето на Водици.

Зборот „навечерие“ го означува предвечерието на црковното торжество, а второто име е – сочелник (или сочевник) поврзано со традицијата во тој ден да се вари пченица со мед и суво грозје – сочиво.

Заради важноста на она настаните во животот на Исус Христос, кои се случило на следниот ден, Црквата востановила пост. Токму оттаму се појавила и традицијата да се вари сочиво, која не е задолжителна, но е толку удобна што влегла во традициите насекаде. Се разбира, во денешно време немаат сите таква можност, но да се запази постот, сепак е неопходно: „Така, поткрепувани од Божјата благодат, да се ослободиме лихоимството“ ни вели Типиконоот. Под лихоимство се подразбира сè, што се вкусува над потребите, и мерило тука нека му биде секому неговата совест.

Мерата на постот, верниците ја определуваат индивидуално, по силите и благословот на духовникот. Во овој ден, како и на Бадник, не се вкусува храна до изнесувањето на свеќата после Литургијата утрото и првото причестување со Богојавленската вода.

Во сочелникот, после литургијата, во храмовите се прави Голем водосвет на водата. Водосветот се нарекува голем, заради посебната торжественост на обредот, проникната со спомнување на евангелскиот настан, кој станал не само праобраз на таинственото миење од гревовите, ни и вистинско осветување на самата природа на водата преку потопувањето во неа на Бог во тело. Таа вода се нарекува Агиазма, или едноставно Богојавленска вода. Под влијание на Ерусалимскиот типик,  од 11-12 век, водосветот се прави два пати – и во Богојавленскиот сочелник (Водокрст) и непосредно на празникот Богојавление. Осветувањето во двата дена се прави со истиот чин, затоа водата, осветена во тие денови, во ништо не се разликува.

Постои благочестива традиција, во тој ден да се ороси со Богојавленската вода својот дом, со пеење на тропарот на Богојавление. Богојавленската вода, цела година се употребува нагладно во мали количини, обично заедно со парче нафора „за сили, кои здравјето го поткрепуваат, болестите ги исцелуваат, демоните ги прогонуваат и сите непријателски напади ги одвраќаат, да можеме да добиеме од Бога“.

Притоа, се чита молитвата: „Господи Боже мој, да ми биде Твојот свет дар и Твојата света вода за ослободување од гревовите мои, за просветлување на мојот ум, за зацврстување на душевните и телесните мои сили, за здравје на душата и телото мое, за покорување на страстите и слабостите мои по бескрајната Твоја милост, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и сите Твои светии. Амин“. При болести или напади од злите сили водата може и треба да се пие, не колебајќи се, во секое време.

Посебно својство на светата вода е тоа, што, дури и во мала количина додадена на обична вода, таа ѝ ги соопштува благодатните својства и нејзе, и затоа во случај на недостиг на света вода, можете да додадете обична.

Не смее да се заборави, дека светата вода – е црковна светиња, со која се допрела благодатта Божја, и која бара посебен благоговеен однос. При благоговеен однос, светата вода не се расипува многу години. Треба да се чува на одделно место, најдобро покрај домашниот иконостас.

Во она време, кога Јован Крстител проповедаше на бреговите на Јордан и ги крштеваше луѓето, Исус Христос наполнил триесет години. Тој исто така дошол од Назарет на реката Јордан кај Јован, за да добие од него крштение. Јован пак, сметајќи се недостоен, за да го крсти Исус Христос почнал да Го задржува, велејќи: „јас треба од Тебе да се крстам, а Ти при мене ли доаѓаш?“. Но, Исус му одговорил: „остави го тоа сега“, то ест, не задржувај ме сега „зашто нам ни претстои да јја исполниме секоја правда“ – да исполниме сè од Законот Божји и да им покажеме пример на луѓето. Тогаш Јован се потчинил и Го крстил Исус Христос. После крштението, кога Исус Христос излегувал од водата, одненадеж се одврзала (отворила) над Него небесата; и Јован Го видел Духот Божји, Кој во вид на гулаб се спуштил на Исус, а од небото се чул гласот на Бог Отецот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја“.

Извор: http://www.pravmir.ru/tserkov-otmechaet-navecherie-bogoyavleniya-kreshhenskiy-sochelnik/

Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија

 

Извор:

TVITer270

П.П.2016-01-19 03:00:28

 

 

 https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%92%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Православен календар

 

20/05/2024 - понеделник

Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим; Светиот маченик Акакиј; Преподобните отци грузиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 8 мај / 21 мај 2024

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 8 мај / 21 мај 2024

Благочестива усто на откровението,на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да поимаме...

Тропар на светиот Христов маченик Акакиј 7 мај / 20 мај 2024

Тропар на светиот Христов маченик Акакиј 7 мај / 20 мај 2024

Незлобливоста твоја свети Акакие,ја привлече Љубовта да загосподари со тебе,исповедувањето на вистинатавенец маченички ти донесе,моли се за нас храбри војниче...

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная