логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на преподобниот
Христов подвижник
Висарион
6 јуни / 19 јуни

На Твоето име Господи, на Твоето име воздај му слава –
повикуваше о ти Висарионе оче наш преподобен.  
Бог преку тебе чудата на Мојсеа, Илија, Елисеа и
Исуса Навина ги повтори,
со твоето смирение на небесните сили се уподоби,
 раце и поглед кон небото подигна,
молејќи се за спасение на родот човечки.
Со молитвени солзи во рацете Божји се предаде,
во неискажлива радост премина,
моли го сега Спасителот на сите,
да ја помилува душата наша.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови преподобномаченички
Архелаја, Текла и Сузана
6 јуни / 19 јуни

Архелаја девственичке света,
душата твоја со благодат оросена,
изли Христово благоухание над Текла и Сузана,
и сите заедно поитавте кон светлината незалезна,
со светила запалени и елеј непотрошлив,
од кого ние денес молиме да се подаде пред Господа,
за спасение на нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Геласиј
6 јуни / 19 јуни

Желбата на душата твоја се исполни Геласие свети:
облеката беше избелена со крвта маченичка,
нова наметка за новиот страдалник, Христос припреми,
а нас пак, кои светиот спомен твој го чествуваме
 Он нѐ предаде на твоите свети молитви.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Иларион Нови
6 јуни / 19 јуни

Дочека душата твоја Иларионе исповедниче,
срцето со радоста да се исполни,
ревноста со светла награда да се успокои.
Молитвите твои од Бога беа услишани,
а Он со венец праведнички те закити,
останувајќи верен Пастир на својот слуга,
Кој и денес ги милува оние кои тебе те чествуваат.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Православен календар за 19/06/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.Gerasim.Jordanski.jpg

Преподобен Висарион     19/06/2009

Роден и воспитан во Мисир. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети Свети Герасим на Јордан и го чу Свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда за полза на луѓето, а во слава на Бога. Се упокои мирно во 466 година.

 sv.Ilarion.novi.jpg

Преподобен Иларион Нови

Игумен на Далматската обител во Цариград. Ученик на Григориј Декаполит и подражавател на животот на Иларион Велики, чиешто име и го зеде. Силен во молитвата, истраен и храбар во страдањето. А страдаше многу за иконите за време на злите иконоборечки цареви, Лав Ерменин и другите. Потоа царот Лав го исекоа со меч неговите сопствени војници во истата онаа црква во којашто ги исмеа Светите икони и од каде што ја тргна првата икона. Тогаш Свети Иларион беше пуштен од затвор. Повторно беше мачен и држен в затвор сѐ до правоверната царица Теодора. Имаше дар на проѕорливост. Ги виде ангелите Божји кога ја однесоа на небото душата на Св. Теодор Студит. Откако Му угоди на Бога, се упокои во Царството небесно 845 година, во својата седумдесетта година.


Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана     19/06/2009

Како монахињи, чисти и девствени, се подвизуваа во еден незабележлив манастир во околината на Рим. Но кога настана гонењето на христијаните под злобниот цар Диоклецијан, тие побегнаа во Кампанија и таму се населија во близината на градот Нола. Нивниот свет живот не можеше да се скрие од луѓето и оние од околните места почнаа да доаѓаат кај нив за совет, поука и помош во маките и во болестите. Но најпосле беа фатени од незнабожците и ги изведоа пред суд. Тие јавно и слободно ја исповедаа својата вера во Христа. Кога судијата Леонтиј ја запраша Света Архелаја за верата во Христа, таа одговори: „Со силата Христова ја уништувам силата ѓаволска, ги учам луѓето на разум, да Го познаат едниот вистински Бог, а со името на мојот Господ Исус Христос, Единородниот Син Божји, преку мене, слугинката Божја, им се дава здравје на сите болни.“ Сите три девици беа биени, поливани со врела смола, морени во затвор со глад и најпосла исечени со меч. Кога ги изведоа на губилиштето, им се јавија ангели, коишто беа видени и од некои од џелатите. Таков страв ги спопадна, што не смееја да подигнат меч врз Светите девици. Но овие ги охрабрија да си ја извршат должноста. И така, беа заклани како јагненца во 293 година и отидоа во Царството Христово за вечно да почиваат и да се насладуваат гледајќи го лицето Божјо.

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1549
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 985
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »