логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Тропар на Светото
Христово Вознесение
24 мај / 6 јуни

глас 4
Си се вознел во слава Христе Боже наш,
исполнувајќи ги со радост учениците
со ветувањето на Светиот Дух,
утврдени со благословот
дека Ти Си Син Божји, Избавителот на светот.




Извор МПЦ-ОА

 

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

sv.Simeon.Divnogorec.jpg

 

Тропар на преподобниот Христов столпник Симеон Дивногорец
24 мај / 6 јуни


Помазаник на Божјата благодат,
од утроба посветен на славословие Господово,
Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото,
цврста поткрепа во Бога имајќи, ангел во тело на столб се возвиси,
болни лекувајќи, демони изгонувајќи.
Заштитник на родот човечки постана,
 умилостивувајќи го гневот Божји над синовите на гордоумието,
од својата Дивна гора порака испрати по цела вселена:
славете го Господа, на небото и на земјата !
Христе Боже наш,
помилуј н# по молитвите на Твојот слуга Симеон,
кој ликува на Небесната Твоја гора.

 

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Серапион, Калиник, Теодор, Фауст
и другите со нив
24 мај / 6 јуни

Дружина верна на Христа, околу себе собра
епископе свети Серапионе,
за да велегласно пеење кон небесата воздигнете
о, Калиниче, Теодоре и Фаусте.
Но не застана ревноста ваша,
туку мноштво приведовте во Царството на Светлината,
со крв маченичка венци на слава да добијат,
и за нас сега да се молат станувајќи неизгасливи,
факели кои патот го осветлуваат.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Тропар на светиот
Христов маченик
Мелетиј стратилат
и со него 1218 војници
24 мај / 6 јуни

Верни Христови исповедници во живот вечен влеговте, примајќи го сведоштвото на Мелетиј војникот свет Господов, кој мачеништво за Бога поднесе,
но за вас светол ангел постана кој ве поведе
кон небеската висина закрепени од благодатта Христова.
По нивните свети молитви Господи спаси и помилуј.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Никита Столпник
Перејаславски
24 мај / 6 јуни

Душата која пропаѓаше повика кон Господа,
о Никито преподобен оче наш,
а Благиот исцеление ѝ подари
и поради верата силна благодатно
чудотворство ѝ подари.
Радувај се праведен столпнику
и по твоите молитви закрепени
да бидеме во Црквата која е
столб и тврдина на вистината.




извор
МПЦ - ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (06.06.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 

Од Верскиот календар:

 

Преп. на Педесетница; Преп. Симеон Столпник; преп. Никита Столпник (Задушница)

 

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец    

sv.Simeon.Divnogorec.jpg

Овој прекрасен светител се роди во Антиохија во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господ и од Неговите ангели прими голема утеха и благодат. Христос му се јави во вид на прекрасно момче. По тоа видение во срцето на Симеон се разгоре голема љубов кон Христа. Помина многу години на столб, молејќи Го Бога и пеејќи псалми.

 sv.Simeon.Stolpnik.jpg

Потоа, упатуван од Бога, се оддалечи на гората од Самиот Господ наречена Дивна. Според името на оваа гора и него го нарекоа Дивногорец. Сходно на неговата љубов кон Бога му беше дадена ретка благодат, со помош на која исцелуваше секаква болест, скротуваше ѕверови, проѕираше во далечните краеви на светот и во срцата човечки, излегуваше надвор од себеси и ги гледаше небесата, разговараше со ангелите, ги плашеше и ги разгонуваше демоните, пророкуваше, живееше понекогаш по триесет дена без храна, примаше храна од раце на ангели. На него потполно се исполнија зборовите на Спасителот: „Кој верува во Мене делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши и поголеми дела од овие ќе врши“ (Јован 14, 12). Во Летото Господово 596, а во седумдесет и петтата година од неговиот живот, Симеон Дивногорец се престави кај Господ, за вечно да се насладува гледајќи го лицето Божјо заедно со ангелите.


sv.Nikita.Pereslavski.jpg

Преподобен Никита Столпник    

Како момче живеел со разуздан и порочен живот. Еднаш влезе случајно в црква и ги чу зборовите на Пророкот Исаија: „Измијте се (од гревот) и ќе бидете чисти...“ (Исаија 1, 16). Овие зборови продреа длабоко во неговото срце и направија целосен пресврт во неговиот живот. Никита ги остави куќата, жената и имотот и отиде во еден манастир во близината на Перејаславје, каде што до смртта се подвизуваше со тешки подвизи. Се обложи себеси со синџири и се затвори во еден столб, заради што и го нарекоа Столпник. Бог му подари голема благодат и исцелуваше од разновидни маки. Така, го исцели фатениот черниговски кнез Михаил. Некои злосторници видоа на него синџири, па заради блескањето помислија дека се од сребро. Затоа една ноќ го убија, па му ги слекоа синџирите и ги однесоа. Ова се случи на 16 мај 1186 година. По смртта му се јави на старецот Симеон и му нареди најдените синџири да ги положи во гробот крај неговото тело.

Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца

Обвинет за разорување на незнабожечки храм во времето на царот Антонин. Прикован за дрво, Мелетиј ја испушти својата света душа. Со него пострадаа и голем број војници, коишто беа под негова команда, а не сакаа да се одречат од Христа, својот Господ. Сите пострадаа чесно во 2 век и се преселија во Царството на Господ Христос.

 

 

 

Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден;

 

Вознесение Христово – Спасовден

 
Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух. А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево? И Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата (Дела 1, 4 - 8). И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата. Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.


Тропар
Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Синот Божји, Избавителот на светот.

Кондак
Откако ја исполни промислата за наша полза, и земното го соедини со небесното, се вознесе во слава, Христе Боже наш, без да се разделиш од нас, но останувајќи секогаш со нас, и повикувајќи им на оние што Те љубат: Јас сум (секогаш) со вас, и никој ништо против вас не може.

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец    

sv.Simeon.Divnogorec.jpg

Овој прекрасен светител се роди во Антиохија во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господ и од Неговите ангели прими голема утеха и благодат. Христос му се јави во вид на прекрасно момче. По тоа видение во срцето на Симеон се разгоре голема љубов кон Христа. Помина многу години на столб, молејќи Го Бога и пеејќи псалми.

 sv.Simeon.Stolpnik.jpg

Потоа, упатуван од Бога, се оддалечи на гората од Самиот Господ наречена Дивна. Според името на оваа гора и него го нарекоа Дивногорец. Сходно на неговата љубов кон Бога му беше дадена ретка благодат, со помош на која исцелуваше секаква болест, скротуваше ѕверови, проѕираше во далечните краеви на светот и во срцата човечки, излегуваше надвор од себеси и ги гледаше небесата, разговараше со ангелите, ги плашеше и ги разгонуваше демоните, пророкуваше, живееше понекогаш по триесет дена без храна, примаше храна од раце на ангели. На него потполно се исполнија зборовите на Спасителот: „Кој верува во Мене делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши и поголеми дела од овие ќе врши“ (Јован 14, 12). Во Летото Господово 596, а во седумдесет и петтата година од неговиот живот, Симеон Дивногорец се престави кај Господ, за вечно да се насладува гледајќи го лицето Божјо заедно со ангелите.


sv.Nikita.Pereslavski.jpg

Преподобен Никита Столпник    

Како момче живеел со разуздан и порочен живот. Еднаш влезе случајно в црква и ги чу зборовите на Пророкот Исаија: „Измијте се (од гревот) и ќе бидете чисти...“ (Исаија 1, 16). Овие зборови продреа длабоко во неговото срце и направија целосен пресврт во неговиот живот. Никита ги остави куќата, жената и имотот и отиде во еден манастир во близината на Перејаславје, каде што до смртта се подвизуваше со тешки подвизи. Се обложи себеси со синџири и се затвори во еден столб, заради што и го нарекоа Столпник. Бог му подари голема благодат и исцелуваше од разновидни маки. Така, го исцели фатениот черниговски кнез Михаил. Некои злосторници видоа на него синџири, па заради блескањето помислија дека се од сребро. Затоа една ноќ го убија, па му ги слекоа синџирите и ги однесоа. Ова се случи на 16 мај 1186 година. По смртта му се јави на старецот Симеон и му нареди најдените синџири да ги положи во гробот крај неговото тело.

Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца

Обвинет за разорување на незнабожечки храм во времето на царот Антонин. Прикован за дрво, Мелетиј ја испушти својата света душа. Со него пострадаа и голем број војници, коишто беа под негова команда, а не сакаа да се одречат од Христа, својот Господ. Сите пострадаа чесно во 2 век и се преселија во Царството на Господ Христос.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 723
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »