логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 TVITer7

Како да се сочуваме од соблазните и осудувањето ?


Прашањето на овој начин поставено укажува дека личноста сепак недоволно е упатена во духовниот живот, но тоа не е пречка да се објасни причината за настанување на соблазните.

Слабата вера во Господа Кој кажа и вети, дека нема да ни биде дадено искушение или тегоба поголема од онаа која можеме да ја понесеме, е причина да изјавиме дека сме се соблазниле. Всушност, допрени се некои наши страсти, или слабости со коишто ние неможеме да се справиме и затоа помислуваме или изјавуваме дека многу тешко ни паѓа кога за некои работи ќе слушнеме или други видиме, а за кои не сме се надевале или не сакаме да помислиме дека се случуваат во нашата околина или од ближниот.

Кога земаме во предвид дека Господ дојде да ги повика грешниците на покајание, а не праведниците, тогаш, не треба да заборавиме дека спроти себе секогаш имаме друга личност, човек кој во себе има падната природа, и секогаш повеќе е наклонет кон лесно прифатливи погрешни нешта, отколку кон врлински кои се здобиваат со духовен труд.

Значи, не постои човек кој неможе да погреши, но, дали ние ќе најдеме сила во себе да му простиме, или можеби уште подобро да ја покриеме неговата гревовна голотија.

Значи, зависи од нас, дали правилно сме го сфатиле духовниот живот и имаме благодат Божја да ги надминиме искушенијата кои ни стигнуваат преку ближниот или другата личност, или пак ќе врискаме, врескаме, - како можеше тоа да го направи, многу тешко ме погоди, заради него ја изгубив верата и.т.н.

Црквата Христова укажува на оддалечување од одредени личности, кога тие погрешно учат и поучуваат, односно ерес која е осудена од Светите Отци на Вселенските и помесните Собори. Ако не се работи за тоа сѐ останато е решливо.

Осудувањето е неминовна реакција на недобро припремениот христијанин кој се соочува со искушение наречено соблазна.

Наравоучение за претходната анализа е исповед кај духовниот отец кој треба да нѐ поучи како да се здобиваме со поголема благодат Божја, да имаме поправилен однос према искушенијата или ако сакате пореално општење со ближниот остварувајќи пољубовен личносен однос, а преку ближниот кого го гледаме и со Господа Кого иако не Го гледаме, секогаш нѐ поучува преку Духот Свети, нѐ закрепнува и помага благодатно и секогаш кога е благословено се соединува со нас со Светата Евхаристија.

Благодатта на Господ наш Исус Христос, љубовта на Бога Отецот и заедницата со Светиот Дух да бидат секогаш со вас!  Амин

Слепченски Претеченски манастир

 

https://www.manastirslepche.mk/article/kako-da-se-socuvame-od-soblaznite-i-osuduvanjeto-1

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 493
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…