логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

(1914-2011)

Постојат шест видови на искушенија: Озгора, оздола, однапред, одназад, одлево и оддесно. Тоа оддесно ќе го оставиме за на крај.

Озгора е искушението кое ти сакаш да го разбереш повеќе отколку што можеш да умуваш, т.е. надвор од она, кое ни е откриено. На истиот начин како што било со блажениот Августин и ангелот. Тој сакал да напише книга за Света Троица, таква, каква што дотогаш не била напишана! И кога се приближил на брегот од морето, со таа мисла во главата, тој видел едно детенце, кое земало вода со дланките од дното на морето, и ја истурало во дупка во песокот.

„Што правиш тука?“

„Сакам да го преместам морето во таа дупка“.

„Добро, како е можно ти тоа да го сториш?!“

„А ти како планираш да го собереш во твојот ум Господа, Кој ги создал морињата?“

На тој начин, искушението озгора е во тоа, да сакаш да разбереш повеќе отколку што можеш да примиш, и повеќе отколку што ти е дадено.

Оздола е, кога, не правиш толку, колку што се бара од тебе. Во искушението оздола, ти седиш како глупак на таа земја, без да ги размафташ своите крилја, кои се направени за тебе, за да ги користиш. Бидејќи не е доволно да имаш крилја, исто така треба да ги користиш! Искушение оздола е, кога ти не правиш ништо.

Искушението одзади се минатите спомени, кои ги оживуваш во свеста. Кога гледаш назад, ти ги воскреснуваш, тие не се толку опасни, како искушенијата однапред, кои се пред твоите очи. Ти ги гледаш, тие се живи и какви ли не. Ти си нетрпелив да си изработиш нова личност, копирајќи ги.

Искушението одлево се ересите. Цело мноштво од нешта против поредокот во Црквата, допирајќи го нашето спасение. Бидејќи Спасителот вели: И една јота ако смените од овие Мои зборови тоа би било нешто сериозно!

Добро, го оставив за на крај искушението оддесно, кое е најопасно. Бидејќи може да водиш, според твоето мислење, добар духовен живот, којшто мислиш, дека е правилен, но во реалноста да не е добар. И така, да изложиме некои примери.

Бев монах во Сихастрија и му помагав на еден брат, и по некое време, ме направија свештеник, еднаш кога требаше да исполнам посебно послушание, се вратив таму и го прашав игуменот:

„Дедо, како е оној брат…?“

„О, отче“ – одговори тој. Јас го потстрижав и е добар монах. Тој е архондар (гостоприемник) во манастирот. Но има слабост. Отче, кога ќе застане на молитва, не можеш да го помрднеш од местото. И камбаната да ја чукнеш, и што и да правиш… И тој е архондар! Се прибира во ќелијата, ја заклучува вратата, и можеш да го видиш низ прозорот – на колена, потонал во молитва. А доаѓаат гости и сиротиот игумен нема што да им понуди на гостите за јадење, нема подготвени соби… Братот не доаѓа, бидејќи не си ја завршил молитвата. Разбирате ли?! Се разбира, проблемот беше разрешен од друг отец, кој го скрши прозорот и влезе внатре и му удри неколку шамари, по што дојде кај мене и ме праша дали постапил добро. Знаеш ли, јас му реков, дека тоа што го направи е добро! Имам предвид дека тоа, што се случи таму е страст.

Мили мои, никого не вознемирувајте со вашето духовно дело! Проблемот е, што ние треба да живееме во хармонија, бидејќи, ако некој би ме замолил да опишам едно културно општество со еден збор, јас би му одговорил „хармонија“! Уште повеќе, ако некој би ме натерал да му кажам со еден збор, какво е значењето на Светото Писмо, по толку многу дискусии, по толку многу стотици години: Тоа е Хармонијата!

Превод: Свештеник Јани Мулев

Изворник: http://pravoslaven-sviat.org/
Advertisements



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 153
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 396
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…