логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Прокимен, псалм 8, глас 5: Господи, Господи наш, колку е чудно името Твое по целата земја. Стих: Си ја издигнал славата Своја над небесата.
Од Книгата Соломонови изреки, читање (1, 20-33):


Премудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите, проповедта во главните места на собирите, при влезовите на градските порти смело говори: „До кога, незналци, ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето? Обрнете се кон Моите изобличувања; еве, Јас Го ќе излеам Духот Свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите Свои. Јас викав, а вие не послушавте; изговарав зборови, но вие не внимававте; вие ги отфрливте Моите совети, не внимававте кога ве изобличував. Затоа ќе се насмеам на вашата погибел; ќе се зарадувам на вашата погубност, кога ќе ве нападне ужас како бура, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде невола и уривање на градовите и кога ќе дојде пропаста. Тогаш ќе Ме викаат, но Јас нема да чујам; ќе Ме бараат лошите и нема да Ме најдат. Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов; затоа што не го примија Мојот совет и ги презреа Моите разобличувања. Поради тоа тие ќе јадат од плодовите на своите патишта и ќе се наситуваат од своите лоши замисли. Зашто неразумните ќе ги убие нивната упорност, а глупавите ќе ги погуби нивната негрижа; но кој Мене Ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото".

Извор: ПОСЕН ТРИОД

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1102
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1670
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1100
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…