логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Преподобен Макариј Египетски тргнал со својот ученик кон Нитриската планина. По послушание од старецот, неговиот ученик одел понапред; по извесно време тој наишол на пагански свештеник, кој многу брзал, иако на рамото носел тешко дрво.

– Каде ти, демону, толку брзаш? – викнал ученикот.

Разгневен од овие зборови, свештеникот го претепал монахот, скоро до смрт. Нешто подоцна тој го сретнал авва Макариј, кој добродушно му рекол:

– Добар ден, вреден човеку , добар ден!

Многубожецот се зачудил и го прашал:

– Што добро најде ти во мене и зошто вака ме поздравуваш?

– Јас гледам дека се трудиш и брзаш некаде и затоа те поздравив, – му одговорил старецот.

– Твојот благ збор ме трогна и ми даде да разберам дека ти си голем слуга Божји. А претходно, одејќи по патот, јас сретнав друг монах, кој ме навреди, – и јас го претепав! –Свештеникот паднал пред нозете на старецот и воскликнал: – Нема да се одвојам од тебе – направи ме монах !

И тој тргнал заедно со старецот. Одејќи, тие се приближиле до местото кадешто лежел претепаниот ученик, го кренале на раце и го однеле до црквата. Паганскиот свештеник се крстил и после некое се замонашил, а гледајки го неговиот пример, се крстиле многумина од паганите.

Авва Макариј му рекол на ученикот:

– Лошиот и горделив збор ги тера и добрите луге на зло, а збор добар и смирен ги обраќа и лошите луѓе кон добро.

Извор: Бигорски манастир

лето Господово 2019

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1481
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 935
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1186
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…