логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Христе, наш Заштитнуку, посети и исцели го Твојот слуга (името) што страда, отстранувајќи од него секаква болест и тешка болка. Подигни го за да може да Те воспева Тебе и непрестајно да Те славослови, по молитвите на Богородица, Ти Кој си човекољубец. Милостив Господи, посети и исцели го Твојот болен слуга (името), кој сега лежи на болничка постела тешко страдајќи, како што Ти, Спасителе, некогаш си ја подигнал тештата на Петра и парализираниот човек носен на неговата постела, зашто Самиот Ти си ја понел болеста и немоќта на нашиот род, и со Тебе ништо не е невозможно, зашто си семилостив. Господи Семоќен, Исцелителу на нашата душа и тело, Ти кој понизвуваш и подигаш, Кој казнуваш и исцелуваш, посети го сега, со Твојата голема милост, нашиот брат (името) кој е болен.

Простри ја Твојата рака исполнета со исцеление и здравје, и подигни го од неговата постела и исцели ја неговата болест. Отстрани го од него духот на болеста и секоја болка, мака и треска со која е врзан, и ако има направено гревови и прегрешенија, дарувај му отпуштање и простување, зашто Ти си човекољубец. Да, Господи Боже мој, сожали се врз Твоето создание, со милосрдноста на Твојот Единороден Син, заедно со Твојот Сесвет, Добар и Животворен Дух, со кој си благословен, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

 

Ноември 2018 лето Господово

 

Извор: https://pravoslavenmolitvoslov.wordpress.com/2014/10/13/%d0%bc%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%bb%d0%b8%d0%b6%d0%b5%d0%bd/#more-482



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 237
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 690
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…