логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 bludni sin

(обновено)

 28/02/2016   Поуки - совети

Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно,
на зло го потрошив богатството што ми го предаде.
Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив
пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и,
како еден од Твоите наемници, направи ме.

(кондак)

Помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај му го делот што ми припаѓа од имотот!’ (Лука 15,12).

Параболата за блудниот син е најпоучна лекција за младите. Во личноста на блудниот син го гледаме вистинскиот карактер на лекомислената младина: лекоумност, непромисленост, жед за независност; на кратко, сè што е препознатливо за повеќето млади луѓе. Помладиот син израснал во домот на неговите родители. На прагот на неговата зрелост, тој започнал да мисли дека животот во неговиот дом е премногу ограничен. Му се чинело непријатно да живее по правилата на неговиот татко и будното око на неговата мајка. Посакал да се угледа на неговите пријатели, кои целосно се предале на бучните задоволства на овој свет. „Јас сум наследник на богат имот. Нели би било подобро“, си мислел, „доколку го наследам имотот токму сега? Би можел да раководам со моето богатство поинаку од мојот татко.“ И така лекоумниот младич бил поведен од лажниот сјај на светските задоволства и решил да го отфрли јаремот на послушноста, оддалечувајќи се од родителскиот дом.

Зарем не се многумина инспирирани од слични пориви и денес, и макар што не го напуштаат родителскиот дом, зарем не се оддалечуваат од домот на нивниот Небесен Отец, односно, послушноста кон Светата Црква? Јаремот Христов изгледа претежок за незрелите умови, а Неговите заповеди – мачни. Тие си мислат дека не е вистински важно да се чува она што Бог и Неговата Света Црква ни заповедала. За нив, се чини можно служењето на Бога и на светот истовремено. Тие велат: „Веќе сме доволно силни да ги издржиме уништувачките искушенија и соблазни. Можеме да се одржиме во вистината и за звучните учења самите. Успорете нè кон усовршување на нашите умови со здобивањето на разноврсни знаења. Дозволете ни да ја заврстиме нашата волја меѓу искушенијата и соблазните. Низ искуствата нашите сетила ќе бидат убедени во злата природа на порокот!“ Зарем се тие желби подобри од необмисленото барање на помладиот син кон татка си, ‘Татко, дај му го делот што ми припаѓа од имотот!’?

И така, лекомислениот син престанува да ги чува заповедите и советите на Светата Црква. Престанува да се поучува од Зборот Божји и учењата на светите отци, а внимателно ги слуша лажните учења на оние кои лажно се нарекуваат учители, и во овие интереси ги губи најдобрите часови на својот живот. Многу поретко оди в црква, а кога оди стои таму невнимателно, расеано. Не наоѓа можност да се посвети себеси на благоговејноста и да расте во добродетелите, затоа што го троши своето време посетувајќи претстави, јавни забави итн. Со еден збор, секој ден сè повеќе се предава на светот, и конечно, заминува во „далечна земја“. Што е резултатот на ваквото оттуѓување од Светата Црква? Резултат е истиот тој како и на блудниот син кој го напушта родителскиот дом. Лекомислената младина многу брзо ги троши својата прекрасна енергија и талантите на душата и телото, уништувајќи ги во времето и вечноста сите добра кои ги има направено. Во меѓувреме, се појавува „силна глад во таа земја“: празнина и незадоволство – неизбежниот резултат на дивите задоволства. Се појавува жед за забава, која се засилува со задоволувањето на блудните страсти, и на крај станува незаситна. Често се случува несреќниот вљубеник на светот, со цел да си ги задоволи страстите, прибегнува кон ниски и срамни работи, кои не го вразумуваат, како во случајот со блудниот син, туку ја комплетираат неговата пропаст, како времена, така и вечна!

Свети Јован Шангајски

Извор: http://www.pppe.mk/2020/za-trite-drva-koi-mechtaele-da-stanat-golemi-i-silni/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 656
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…