Српска книга за Македонија, 1908 година: Родителите Бугари, едниот брат Србин, другиот Грк
Оттука се гледа дека Македонците не се ниту Бугари ниту Срби ниту Грци, туку дека тоа е само поделба направена од пропагандите во Македонија, зашто глупо е да се докажува дека една мајка и еден татко можат да имаат три деца од разни националности. Пропагандната борба меѓу Србите и Бугарите во Македонија не е национална туку политичко-полициска борба, која со тортури сака од Македонците да направи Срби или Бугари.