логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Научната мисла во досегашните истражувања за свети Климента, по однос на неговото име, како да застана, го задоволи своето љубопитство и остана без некој нов предизвик за натамошни проучувања и продлабочувања. Престанаа желбите за откривање на други сврски на неговото име, во поголема смисла и суштина.


Името „Климент“ го среќаваме запишано, со неговите различни јазични и граматички форми, во двете житија за него:  Пространото житие на свети Климента од Теофилакт и Краткото житие од Хоматијан и во двете житија за свети Наума, како и во житијата за светите Кирил и Методиј, а се разбира, и во Службата за свети Климентa. Тоа е сè од писмените сведоштва за името на свети Климент. Но, ваквото именување на светителот во неговото Житие и Служба е општо и насловно име на хагиографијата и на службата, што, всушност, претставува, вообичаено, дури и задолжително запишување на името, кое, пак, истовремено: и многу кажува, и ништо особено не ни кажува за неговото име. Дополнителни објасненија во житијните и во богослужбените текстови нема. Исто така, ни во научната мисла, до сега нема особена задршка на името и нема некое разјаснување на неговата форма, значење и происход.Сепак, во славистиката постои едно навраќање во оваа сфера, предизвикано од текстот во Второто Житие на свети Наум, каде се запишани имињата на Климент и Наум, како ракоположени во свештенички чин, во Рим. Тоа е добар повод.

И тргна научното барателство во потрага по смислата и поврзаноста на името на свети Климента. Во тој од по патеките на откривањето, се направи една многу природна и можна поврзаност на свети Климент Охридски со свети Климент Римски.

Сите го прифатија мислењето дека е тоа така, иако цврсти докази нема, а се темели само на логична последователност и најприфатлива веројатност. Тоа останува. Не го отфрламе ова мислење, туку го дообјаснуваме со библиски и со богословски гледишта и факти. Но, откриваме и ново сознание. Добра е поврзаноста со свети Климент Римски, ученикот на апостол Петар, бидејќи секогаш, во житијата се тежнеело да се сврзе името, ликот и делото на светителот, со апостолите и нивните ученици или со првите учители, маченици и светии во Црквата Христова. На овој начин, свети Климент допира до апостолите, односно, до нивните ученици. Ако, овде житиеписецот го доближува до апостолот Петар, блажениот Теофилакт, пак, го нарекува „новиот Павле“.Освен нашето нагласување на оваа апостолска, а со тоа и библиска врска на свети Климент Охридски, овојпат, разоткриваме и една сосема нова димензија на поврзаноста со библиските содржини и личности. Ваквиот чекор повеќе е нов од, премин од поапостолскиот во библискиот предел, а тоа значи откривање нова поврзаност на свети Климента со библиски ликови и имиња од Светото писмо на Новиот завет. Свети Климент Римски не е библиско име, а ние одиме во Библијата и го посочуваме библиското име на свети Климент Охридски.

 

Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон

Извор: КНИГА НА АПСТРАКТИ

 


 На 28 и 29 октомври 2016 година, Македонската академија на науките и уметностите организираше Меѓународниот научен собир на тема:  „МИЛЕНИУМСКОТО ЗРАЧЕЊЕ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Научниот собир се одржа во две работни сесии, првата на тема: „Книжевност, јазик и литература“,а втората : „Историја, теологија, археологија и историја на уметноста“, на кои сесии зедоа  учество голем број научни работници од Република Македонија, како и еминентни научници од Руската Федерација, Чешка Република, Словачка Република, Украина, Република Литванија и Република Бугарија.

 

Преминпортал (к.т.)



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 424
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 506
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 457
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »