логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 


Националистичко силеџиство врз науката и книгата


Дали е вистина дека Американската и Британската амбасада се иницијатори на протестите против Македонската енциклопедија во издание на МАНУ. Досега нема писмени и јавни потврди на тоа, и затоа се сомневаме дека е така, се додека не се докаже поинаку. Албанските партии кои протестираат повикувајќи се на овие амбасади вршат партиски, тоталитарен терор врз научен труд без да ја читале Енциклопедијата и без квалификации за научна расправа. Дали треба да протестира и ВМРО-ДПМНЕ затоа што во Енциклопедијата пишува дека имаме словенско, а не античко етничко потекло?!

Кој и за какви цели така лесно и неодговорно ја провоцира стабилноста и со партиски судови се враќа на теми како воената 2001 година, мешање на странски амбасади во македонската државна политика, тероризмот и косовската агресија врз македонската држава, етничкиот баланс во земјава... Зошто САД и Велика Британија не се бунат кога терористите држеа прес-конференции со знамиња на нивните држави зад себе. Дали навистина беа заедно?! Кој дига тензии, и поттикнува анти-НАТО и антиамериканско расположение?!


По десет години подготовки, Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) излезе со финален производ - прва Македонска енциклопедија, издадена во два тома која е промовирана минатата недела и се уште не се појавила во официјална продажба, што ќе се случи дури наредните денови.

По промоцијата немаше никаква реакција. Неколку денови потоа како под команда неколку медиуми ја запознаа јавноста дека неофицијално(?) Американската и Британската амбасада биле лути затоа што во енциклопедијата пишувало дека експерти од САД и Британија им помагале на УЧК во 2001 кога таа терористичка организација (термин употребуван од НАТО во време на дејствијата од 2001 година) дејствувала против македонската држава.

Право на МАНУ е да цени дали било така или не. МАНУ треба да се држи само до вистината, а не како таа вистина ќе влијае на добрососедските, на стратешките, етничките... интереси на државата. Ако е така тогаш да напише МАНУ дека Бугарија никогаш не била фашистички окупатор, дека немало Граѓанска војна во Грција, дека Германија - од која непосредно ни зависи членството во ЕУ, никогаш не била нацистички освојувач и терминатор на половина Европа... Она што било било, и така ќе остане. Ние сме покажале политичка волја и разум да потпишеме под присила Рамковен договор, под присила да смениме Устав, кој сега го спроведуваме добороволно. Што било - било и завршило.

Зошто некој сака да се повампирува она што сите заедно решаваме да го ставиме на страна и да продолжиме да живееме нормално? Што и да правеле САД и Британија во 2001, ние го проголтавме и станавме стратешки партнери што денденес добро функционира. Во времето на мандатот на американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ изградивме со САД односи на искрени пријатели и како никогаш порано рејтингот на таа држава меѓу Македонците е на највисоко ниво.

Дали со доаѓањето на нејзиниот наследник Филип Рикер се сменила политиката на САД кон Македонија? Наместо, како со години наназад, таа амбасада да ги смирува радикалите и да стимулира балансирани етнички и политички односи во земјава дали навистина сега ги буцка Албанците и албанските партии против МАНУ и Македонците. Или можеби намерите биле поинакви, но Филип Рикер го нема капацитетот на Џилиен Миловановиќ или претходно на Кристофер Хил кои во суштина и во најголем дел ги изградија добрите односи на САД и Македонија. Не тврдиме ние дека од амбасадите на САД и Британија ги подбуцнуваат Албанците и албанските партии против МАНУ, тоа го тврдат лидерите на трите албански партии кои застанаа во одбрана на САД и Британија, а амбасадорите се уште не се оградиле дека некој ги напаѓ а, а Ахмети и Тачи од нивната црна листа - ги бранат.

Не слушнавме досега, токму од тие амбасади дека се оградуваат од употребата и злоупотребата на нивните државни знамиња кои редовно се на митинзи и прес- конференции на разни радикални групи кои и се закануваат на Македонија и Македонците. Американското знаме стоеше зад Али Ахмети и во 2001 кога шефот на НАТО, Џорџ Робертсон, за нив даваше изјави дека е тоа група криминалци и терористи со кои македонската држава треба да се справи час поскоро. За обичен човек двете знамиња едно до друго се во најмала рака порака за сојузништво.

Па, бевте ли сојузници со Али Ахмети - во 2001?


ШТО ВЕЛИ НАТО
Во 2001 година генерален секретар на НАТО беше Џорџ Робертстон. Негов специјален пратеник во настаните од 2001 беше Марк Лејти. Потоа Лејти издаде книга - Спречување на војната во Македонија, со свои лични забелешки за настаните. Книгата изобилува со етнички предрасуди, навреди и дисквалификации на Македонците и македонските функционери за сметка на разбирањетоо за Албанците и ОНА. Дури и во таква содржина, Марк Лејти дава сознанија за дел од она што го правел тој и НАТО во Македонија во 2001 година. Да не бидеме субјективни, ќе цитираме само делови кои во февруари 2008 година ги објави "Утрински весник", гласило кое без срам милува да покажува дека е многу често против сопствените власти, академии, колеги или сопствените етнички корени... Но, затоа редовно блиску до властите во НАТО и власта во Американската амбасада. Па еве што напишал Марк Лејти, а објавил "Утрински".

- Во една прилика, пишува Лејти, Британците тајно му дадоа хеликоптер на Ахмети за да се види со своите команданти во кумановскиот крај. Тоа ќе ги разгневеше медиумите ако дознаеја. Ќе се раскажуваше пред јавноста дека НАТО се ставил во улога на воздушна сила на ОНА. Но, бидејќи амнестијата се уште не беше донесена, немаше друг начин Ахмети безбедно да патува. Ова го напишал Марк Лејти, а објавил "Утрински" на 22 февруари 2008 година.

За медиумите на албански јазик, кои во таа 2001 година повикуваа на терор и објавуваа песни за колење на Македонци, Лејти нема забелешки. Но, затоа, за македонските медиуми пишува дека тогаш: Често биле хистерични и измислувале теории на заговори. Тие, медиумите, не ја остварувале нивната задача - создавање на вистинската слика на настаните. Не биле од помош, ниту пак некој можел да ги контролира... Антонио Милошоски велеше дека Охридскиот договор е почеток на пропаста за Македонија, пишува Лејти.

Џорџ Робертсон му рече на Бошковски дека еден ден може да се соочи со прашања околу легалноста на неговите полициски акции. Бошковски, според Марк Лејти, на тоа одговорил: "Ќе биде смешно ако еден ден јас завршам во Хаг, а Али Ахмети стане политичар". Според мемоарите на Лејти, Џорџ Робертсон по оваа реченица одмолчел. Не одговорил ништо.

За Лејти е нормално што граѓани на друга држава (Косово) војуваат против институции на Македонија, иако е тоа тешко дело за меѓународните закони.

Сите на телевизија го видовме повлекувањето на терористите од Арачиново. Видовме ликови на муџахедини, и ликови и зборови на странци кои соработувале со ОНА во Арачиново, во престрелките со македонската полиција. Во изјави за 2001 година многу команданти со фалење изјавуваа дека имале странски инструктори и соработници. Тоа е ноторна вистина за која нема потреба од докажувања. Тоа што сега некој сака да заборавиме ама баш се, и од себе да правиме и будали, е нешто друго. И во Босна и Косово немаше муџахедини, па сега ЕУ и САД императивно бараат од босанските власти како знаат да ги избркаат од таму.

Што е давање воен британски хеликоптер за превоз на терорист кој организира вооружена сила за напад врз македонската држава?!

Марк Лејти, полн со разбирање за паравоени вооружени групи плаќани од наркодилери, без задршка во својата книга пишува дека македонските власти биле националистички, а македонскиот систем мрачен и корумпиран. Осамен светол глас, според Лејти бил тогашниот претседател Борис Трајковски. Зошто?

Во почетокот, пишува Лејти делував како советник за медиумите (сега ја имате вистината зошто биле такви во 2001 некои од таканаречените независни македонски медиуми!). Потоа, пишува Лејти, околностите ме натераа да работам поваж ни работи, па дури и да пишувам говори на Трајковски!

Овде ќе запреме. Кога странски воен експерт што со хеликоптери го помага Али Ахмети ќе дава совети на македонските медиуми, и ќе му ги пишува говорите на македонскиот претседател, нема ниту збор за независни медиуми, ниту за самостоен претседател, кој е избран да работи според Уставот, а не според советите на странски експерт, кој дури му ги пишувал и говорите.

Слободата да играат мајтап и да му наредуваат на Борис Трајковски, отишла дотаму што, според пишувањата на Марк Лејти, во една прилика соработник на Лејти морал да го напуш- ти состанокот со Трајковски, затоа што претерал во грубоста кон македонскиот претседател!

Албанските партии велат дека МАНУ пишувала лошо за нив во книга од државни пари. Од државни пари работи и Тетовскиот универзитет на кој нема Македонци, ниту обрасци на македонски јазик, среде Македонија. А ние, ете, молчиме.

Протестираат, и велат Али Ахмети не е терорист. Не е, но бил. А дека бил, сведочи и црната листа на САД на која се ставени и тој и Мендух Тачи.

Треба ли ВМРО-ДПМНЕ да протестира затоа што Енциклопедијата вели дека имаме словенско, а не античко потекло.

Енциклопедијата не даде повод за толку галама. Како што за овие настани изјави директорот на Хрватскиот лексикографскиот завод, Влахо Боги- шиќ, секоја енциклопедија е предмет на такви напади, и тоа ниту е ново, ниту треба да влијае на текстот.

Неуки луѓе играат опасни игри. После се во 2001., етнич- ките разлики се балансираа, иако на убедлива штета на Македонците. Ние сами го амнестиравме Али Ахмети и неговите. Имаме стратешко партнерство со САД кое мора да се негува, заради заеднички интерес. Да не беше ветото од Грција ќе бевме и членки на НАТО. Работите се ставија во колосек и имаат свој пат. Со која цел, од ништо сака да се направи меѓуетнич ки скандал. Со интервенции од Тирана и Приштина да му се даде и регионална димензија. На светот да му се испрати порака дека повторно Албанците во регионот создаваат напнатост. Пет милиони Албанци се здружуваат против малата Македонија, и ја тераат да менува текст во една книга, онака како што ним им одговара!

Да ја оставиме книгата на читателите и научниците.

Кога команданти толкувале книги, и диктирале содржини на книгите, обично тие книги се пи- шувани со крв.

А нам од тоа ни е доста.

Извор: Вечер



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 226
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 676
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 891
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »