логоFacebookTwitterYouTubeeMail

СЕМИОТИКА НА МОЛИТВАТА ВО ХЕЛЕНСКАТА КНИЖЕВНОСТ 

Софија Грандаковска 

 

 

 

sofija.grandakovska.jpg

 

 

 

1. Молитвата e инвокација кон Музите

 

 1.1. Најраните книжевни спомени  за хеленската молитва ги наоѓаме во почетните стихови на Хомер во Илијадата и Одисејата, во формата на инвокацијата [lat. invocatio], која означува повик или молба упатена кон Музите: „Гневот божице, спеј го на Ахила, синот Пелејев“[1] и во Одисејата: „Мажот воспеј го, Музо, искусен [...]“[2] упатена од страна на аедите [a)oidoi], кои во почетокот на своето пеење ги молат и ги повикуваат Музите да им го вдахнат она што тие на најдобар и највозвишен [klea a)ndrw~n] начин треба да го опејат во врска со славата на јунакот. (Плутарх, 1975, 14)Хомеровото поетско обраќање до Музите претставува всушност молитва за идеалност. Преку Музите е направена објавата на највисоката стварност, т.е. тие го претставуваат постоењето на највисоката инстанца во митско време. Овие божествени суштества во хеленскиот свет ја носат симболиката на Светлината, како симбол на духовното пронаоѓање. Нивната природа е уранска, бидејќи тие немаат ни светилиште, ни храм на земјата, но знаат сè и без нив не може да се објави ни вистината ни совршенството: 

Сезнаењето е домашниот топос на Музите, а сезнаењето се манифестира во песна која не е човечка, туку божествена стварност. Вистината и блаженството се содржат во Музите. Музите се невидливи и бестрасни.[3] 

Музите присуствуваат на првите настанувања, постари се од најстарите божествени појави и од космогонискиот Ерос.[4] Тие ја носат космогонијата, раѓањето, животот и објавата на божествената стварност. Тие ја носат објавата на доброто.

1.2. Аристотел во XIX глава од своето дело  За поетиката,“ вниманието го посветува на мислата која е подготвувана од самиот начин на говор на којшто припаѓаат „докажувањето, побивањето, подготвувањето на чувствата [афекти]... стравот или гневот и други слични.“ (Аристотел, 1979, 45) Во овој контекст, може да се пронајде значајна дихотомија во однос на инвокативната форма со којашто Хомер го започнува своето дело: дали Хомер им упатува заповед на Музите или им упатува молба да му помогнат на највозвишен начин да го испее својот еп? Ваквата дилема произлегува од употребата на глаголот: воспеј, употребен во заповеден начин.Протагора му забележува на Хомер за првиот стих од Илијадата, кој вели дека тој, сакајќи да упати молитва, всушност заповеда. Според Аристотел, ваквата дилема на Протагора не може да биде прифатена, образложувајќи дека не е заповед да нарачуваш нешто да се прави или не: 

Поетот не заповеда иако глаголот е во императивна форма. Јасно е дури  и дека не моли, зашто во овој крик нема место за дискурзивна интонација. Поетот знае дека Божицата на божествената песна е сеприсутна и сепросторна, дека таа не пристига ни на молба ни на заповед, туку дека таа бива во облик на постојано дејствувачка природа. Таа на повикот (кој е профетски), станува епифанија.“ [5] 

Истиот став го наоѓаме изложен и кај Плутарх кој вели: 

Музите се плод на митско време... Бидејќи поезијата е најкристалниот плод на духот, сигурно е дека божјите создавачи и заштитници на таа и сличните уметности се бестелесни, односно ментални битија. Заради тоа во историјата на Хелада не среќаваме ниту еден храм кој е посветен на некоја од деветте музи. Ним не им се принесуваат жртви, ниту им се молат молитви како што тоа им е правено на господарите на природните сили.[6] 

1.3. Зошто тогаш се инвоцираат Музите? Припаѓајќи му на митскиото време од развојот на свеста на хеленскиот човек, инвокацијата упатена кон Музите (Mou~sa) укажува на хеленското чувство за создавање рамнотежа и природно расудување за способностите на човековата улога и способностите во секојдневниот живот.“ (Плутарх, 1975, 14) Музите претставуваат господари  и сопственици на духовното царство. Затоа и во повикот кон Музите, зборот ја добива својата моќ низ звукот. Инвокацијата како форма на молитвата укажува на музичките атрибути на говорот низ поезијата. Од друга страна, поетот во своето творештво не може да се повика на помош на никакви норми, освен на помошта на Музите. Поетскиот повик е јазик, бидејќи преку него се именува битието и суштината на сите нешта. Затоа, поетскиот говор е прајазик на еден историски народ.“ (Hajdeger , 1982, 140-141)Во инвокацијата на Хомеровата Илијада стои дихотомијата: гнев-смиреност: гневот како сематички означител на лошото, а смиреноста како означител на хармонијата, космогонијата, доброто. Во оваа семантичка бинарност се содржани двата принципа врз коишто почива природата на нештата. Но во контекст на нашето истражување, бинарноста стои во семиотичката ознака и означувањето. Затоа, важно е да ја откриеме етиологијата на молитвата, која во себе ги вклучува истите принципи.Употребата на инвокацијата како молитвен говор кажува за степенот на религиозната свест кај хеленскиот човек, дека сè уште не постои обраќање кон вистинско и конкретно божество, туку кон божественото битие. Во овој контекст, иако кон Музите не се упатуваат молитви, самата инвокација како форма, го содржи молбеното барање да се исполни или да се појави одредено добро. Тука треба да ја надоврземе и етимологијата на зборот молитва во хеленската филологија, кој има значење да дојде, да се појави [μολειν]. 
 


[1] Хомер. Илијада, прво пеење, 1982, 27. (Mnin aeide,  Θea, Peleiadew ἈχiloϚ). Препев: Михаил Петрушевски.
[2] Хомер. Одисеја, 1985, 55.
[3] Антологија на хеленската лирика. Предговор: Е. Колева, 1996, 27-28.
[4] Хесиод, цит. според:  Антологија на хеленската лирика. Предговор: Е. Колева, 1996, 45.
[5] Антологија на хеленската лирика. Предговор: Е. Колева, 1996, 24.
[6] Плутарх, 1975, 15.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 226
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 676
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 891
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »