логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Ikonostas.Bitola.B1.jpg

3.


Го отворам дневникот, овој пат со радост, за буквално да  ви  го  пренесам расположението на душата вистински  подготвена за мојата прва  ис- повед, а потоа  и причест:
„Денес со     спасителна радост стоев пред свештеникот. Не  се срамев од неговото мислење за мене.  Заборавив на  околината околу  мене,  па со  наведната глава со  целото внимание бев  свртена  кон внатре. Го слушав само  гласот на сопствената совест и плачот во срцето, кои  се преточуваа во зборови. Ја разголував старата Марија, немилосрдно ја  разголував,  без   ниту  еден  збор оправдување,  ја  растргнував  на  столбот   на  сра- мот.
Ја газев гордоста, ја презирав славата, ја разобличував  заблудата, се  гнасев од делата, ги оплакував  заведените.  Се   каев   за  расплаканите, погрешно  упатените,  лажно   утешените,   неповратно изгубените, од Бога  оставените, сите  - по моја вина!
Ги фрлив  оковите на злото,  тука,  пред  иконата со Неговиот лик. А кога  свештеникот упати  покајна молитва до  Бога, солзите истураа, истураа за старата Марија, за „раѓањето" мое  и на целиот изгубен свет."

Ќе  продолжам и понатаму со исповедта пред  вас. Веднаш  ќе ви  го  пренесам текстот од дневникот  за исклучително важниот настан.

* * *
Рана  пролет, Велигденски пости.  Редовно по два   пати дневно ја  изговарам  Госpодовата   и Исусовата молитва и ги читам другите молитви од Православниот молитвеник. Со невиден ентусијазам  и  исконска  желба  се  подготвувам  за постот.  Ми навираат размислувања кои,  види  изненадување, отпосле ги  пронаоѓам во  религиозната   литература.  Не  се  погордеав заради  тоа, зашто знаев дека  ништо   не  произлегува од  нас самите. Заклучувам дека  напоредно е неопходен и менталниот пост. Тие  денови  не  излегувам од дома,  не  се  дружам  со  луѓето  за да  не  паднам во искушение. Размислувам за  штетата што  ја сторив.  Се каам  и се  презирам. Среќна сум што,  без двоен  морал, не  заради страв  од Бога, туку  вистински им простив на  сите  кои  ми згрешиле.  Во секого од моите непријатели го  замислувам ликот на мојата мајка, брат, сестра. И сфаќам колку е едноставно да ги љубиме  другите. Колку повеќе се  молам,  толку  повеќе се чувствувам недостојна за   молитва.  Колку   повеќе  признавам   гревови, двојно  повеќе ги освестувам како  гревови.

Пред  спиење, пред  очи  ми се појави  ликот  на првиот   спасоносен  човек  кој   ми   беше   даден, свештеникот, отец  Д од Соборниот храм.  Веднаш  по  даденото интервју за моите „моќи", тој  ме побара  и прв ја дијагностицира мојата душевна болест. Внимавајќи да не ме повреди,  со многу  добра  намера, суптилно  ми  укажа  и ме  насочи како да  отпочнам со  моето исцелување.  Тој ми  го освести  гревот и ми го покажа  патот кон спасение- то. Благодарејќи му, се препуштив на сонот...
Шест  часот  е наутро. Цела  ноќ  око  не  склопив.  Половина час  ги  читам  молитвите пред  Исповед. Се  прашувам  кој  не ми  даде  да  заспијам. Чувствувам страшни болки  во  стомакот и градите. Сопругот ме носи  на клиника. Ме прегледуваат,  а јас очајувам, треба да стигнам на Литургијата. Денес се  причестувам.  Успевам да  стигнам. Кој ми го направи тоа, се прашувам.
Свечено е  во  Храмот.   Прекрасните  одежди на свештениците го прават амбиентот уште  повеличествен. Прекрасните гласови на хорот  вознесуваат. Стојам во страв  со наведена глава. Бог ми се  смилува, а јас  не можам  да  му ветам дека  пак не  ќе  погрешам. По стоти  пат  повторувам во себе: „Господе Исусе  Христе,  Сине  Божји,  помилуј ме   грешната."   Свештеникот  повикува  за   Причест. Збунето се  наредувам во редицата. Ги заборавам зборовите  што  треба да  ги  говорам  пред  Причеста. Го отворам Молитвеникот чии  корици  се  навлажнети од притисокот на испотените прсти.  Одеднаш ново  чудо,  необјасниво стегање  во грлото.  Како што  разбеснетата река  корне  сѐ пред  себе,  приближно  така  може  да  се  спореди напливот од дното  на  душата, па  нагоре,  што се изли  во буица  незапирливи солзи.  Како  да се откорна и последниот чемер. Го изгубив  чувството за ориентација. Не  се  срамев од тоа  што ме гледаат, од тоа  што  боите  од моето суетно намачкано лице  течеа по образите. Се  чувствував измиено. Го изговорив своето  име. Причестена сум!


Следниот ден,  по утринската молитва, спонтано  зедов  парче хартија и  почнав да  пишувам. Тоа не беше  нешто  особено ново,  зашто со години  наназад пишував текстови на  дадена мелодиска  линија на  некои  наши  композитори. Ќе запишев  некој  збор,  ќе подзастанев, нешто  ќе пречкртав,  па  повторно ќе  продолжев и така  некако се создаваше песна - композиција.
Во овој  случај   не  беше  така.  Без  претходна одлука  или   подготовка да пишувам песни  со духовна  содржина, раката почна да  пишува  вдахновени  зборови. Тие,  пак,  се заокружуваа  во стихови,  а  овие,  пак,  создаваа  строфи. Дефинитивно, не  бев  тоа  јас  со мојот  просечен талент. Идеите доаѓаа од некој извор,  чие име не ми беше  познато!
 Не сакам да  прозвучам претенциозно, но едно  беше   вистина. Раката  леташе врз  хартијата, зборовите доаѓаа  лесно,   без   напор,   ги  полнеа празните  страници  без   размислување,  без   под- застанување,  без   препрочитување;  сѐ   беше   во еден  здив.  Вистина беше  дека  за неполни два  часа се напишаа осум песни  од духовен  карактер. И дефинитивно, познавајќи се  себе  си,  знам,  не  го направив тоа сама!
Прочитајте три  песни  од  осумте   напишани во таа прилика.

 

ВЕРА ПО БОГА КРСТЕНА


Планина од искона протресе води по море разниша,
ѕидој вековни помрдна,  порта небесна отвора  верата по Бога крстена.


Храм молитвен изѕида, споменик од молњи возвиши, снегови во цветој престори, влекачи во орли раскрили верата по Бога  крстена.


Еден во безброј намножи, свеќа по икони  растопи, човек од мајка раздели, жито по нива удвои
верата по Бога  крстена.


Реки нагоре насочи, зелено во златно пребои, змија ’ко птица возлета, тага во празник прослави верата по Бога  крстена.


Утроба на мајка  оплоди,
црно и бело  вкрсти, око слепо избистри, оган во камен потпали верата по Бога крстена.


Небрат во брата  покрсти, миро во умот заискри, фитил  во срце запали, сонце  во душа распламти верата по Бога  крстена.

ПРОРОЦИ ЛАЖНИ


О, вие патници слепи,
о, месии  безимени и пророци лажни, кралеви некрунисани
на престоли обесчестени, филозофи возгордеани, без срце обезмудрени.
Добротвори отуѓени,
без милост, дарители,
овчари на стадото,
без пастирот водители.


Маскирани гробови, лицемерни врагови, на крвта податели, на врагот посиноци, на бесот сродници,
на родот  свој одродници,
на Љубовта  отпадници.


До кога  палати ќе ѕидате,
до кога  амбари ќе полните,
до кога  заситено ќе збревтате,
до кога  соблазна ќе ширите, до кога ѕверот  ќе го браните, до кога  без  слава ќе славите,
до кога  непокајани ќе останете,
до кога  храмови  ќе градите,
до кога  восочни  круни  ќе носите,
до кога  без  молитва ќе молите,
до кога  без  вера, вера  ќе пазите.


Го сотревте житото,
го згазивте лебот,
го оковавте човекот,
го распнавте родот.


О, патници слепи,
о, месии  безимени
и пророци лажни, до кога, до кога  клетва не ќе чуете.

 

ВИЗИЈА


На крајот од светот видов наличје црно
и патници слепи без  име без сој,
од пеколни врати  видов предели сиви
и згаришта и пеплишта и промаи диви.


На метални порти видов симболи смртни, крвави орли со ѓаволски рог, во ноќта  без мугра
видов ѕидишта пусти
и крици  и рика  од пламени усти.


По ридови  оловни видов извори врели,
и вртлози бесни  по ниви  без  род,
врз градови страотни видов вулкани жешки
и реки  црвени  од лавини тешки.


На сулфурно море  видов дворец на царот и лелек и очај и мирис  на чад, на бојното  поле видов коњаник грд и робови  в’ битка  до вечната смрт.


На крајот од светот видов авети  безброј
ко’ безбојни сенки се нишаа в строј,
во душите  мртви
видов кошмар без  крај
и плач  по крстот со Божествен сјај.


4.


Во новиот  период од животот,  што  неслучајно  го  нареков  будење, многу  ретко се  среќавав со ликовите од падот.  Живеев доста повлечено во семејниот круг  со мојот  сопруг и синот  Александар.  Александар беше  момче со мек  израз на  лицето и широк син  поглед љубопитно отворен кон светот. Многу често во неговиот темперамент  се пројавуваше бунтовниот лав,  бестрашен, храбар,  неретко и на сопствена штета. Во суштина не можеше  да го сокрие долго  чувствителното дете  во себе,  кротко,  чисто,  со  многу  сомилост и  љубов кон човекот.
Покрај нив,  слободно ќе речам, ми беа  дарени две пријателства, кои  останаа трајни и до овој миг  - Јулијана, мојата  сосетка и  Мила,  мајка  на две деца.
Многу често од одредени луѓе  бев  обвинувана  дека  воопшто  не  држам  до  себе,  кога  можам  толку  интимно да  дружам  со  просечни жени  без високи световни дипломи.  Најблаго речено, бев шокирана  од  овие   забелешки.  Размислував,  за- рем  љубовта  и големината на луѓето се мерат  со дипломи од светот, со  високи  општествени фун- кции  или  пак со тоа  како  се тие  облечени или  со кој  светски парфем  намирисани.  Се  чувствував тажно  заради ваквиот резон  на  тие  луѓе,  нивната гордост,  суета и нивното сувопарно поимање на љубовта.  Понатаму во  текстот  ќе може  да  заклучите   дека   вистинското  пријателство  не  содржи  само  формални средби  исполнети со филосовски фрази  и натпревар во знаења, туку љубов исполнета со  несебична  пожртвуваност  и  вистински дела.
Јулијана беше  дваесет и  седум  годишна жена,  со заоблено лице  и тело,  со широка насмевка и живи  очи.  Беше  длабоко осамена и покрај  тоа што  живееше со својот  сопруг и малиот син  Дејан.  Украдената младешка љубов беше најчеста инспирација во разговорите.
- Не  може  тоа  продуховено обожување да  се споредува со овој живот  сега; банално брачно секојдневие и ништо  повеќе - рече и тоа утро по кој знае кој пат.
Разговорот за  кратко го  прекина доаѓањето на  Мила.  Практикувавме скоро  секој  ден  заедно да го  испиеме утринското кафе  и искрено  да  си помуабетиме. Наликувавме на ликовите од некоја шпанска серија, па секоја средба  беше  како  нова епизода, со  некој  нов  заплет. На  шега  тврдевме дека  ние  и  настаните околу  нас  ја надминуваат по содржина и квалитет било која  „сапуница" дотогаш.
Уште  невлезена, Мила   се  зафати со  подго- товката на кафето и средување на кујната. Таа беше пријатна  жена,  мала по раст,  секогаш насмеана и полна со оптимизам. Постојано беше  во движење, како да не можеше  да остане на едно  место повеќе од две  минути.  Си  наоѓаше работа по се- која  цена   и  веројатно тоа  беше начин  да  си  го вентилира незадоволството од хроничните проб- леми  со Иван  и децата. Таа  со вистинска радост помагаше секому, без лицемерие и без  напор.  Но затоа, пак, беше  воздржано таинствена и ги чуваше за себе  сопствениоте маки. Не  сакаше  да  ги оптоварува другите со себе си.
 Јулијана продолжи со нервозното расположение, па резигнирано констатираше:
- Не  можам,  сепак, Марија, да  издржам. Неговата мајка  со  толку  одвратност ми  се  обраќа, што ретко кој може  да  остане рамнодушен. А, за оној  мојон  мамин  син  нејзиниот збор е  закон. Е, како  да се успокојам, објаснете ми?
- Ако де, и мојата не  е ништо  подобра, но не дозволувам да си трошам енергија во празно - одговори со гласно кикотење Мила,  па продолжи - а за другите, пак,  мои  проблеми вие  барем знаете. Колку само  години сум во изнајмен стан,  го слушам само  мрморењето и молчењето на Иван... Се борам со неговата страст за играње карти и други ноќни  активности, додека јас се мачам и заработувам... па  сепак, си  го  сакам - срамежливо  и со смеење ѝ се обрати на Јулијана.
- Мила,  не  ја разбирам  Марија кога  упорно  ме  советува  да  сум  се  молела и за  оние  што  ме мразат. Е, не можам  тоа да го разберам, па тоа ти е...  уште  помалку да  го направам, затоа што тоа би било лицемерно и неискрено од мене - рече  Јулијана.
Мила го прифати дијалогот.
- Јуле, лесно  е ако е некој  во мир,  да останеш мирна.  Ако е некој  љубезен со тебе  и ти да бидеш љубезна.  Да  даваш,  зашто  тој  ти дава.  Ама,  каде  ни  е  тука  трпението и  во  што  сме  поинакви од нив доколку  се  однесуваме слично како  нив  - рече Мила и продолжи - Јас, пак,  си најдов  начин да останам  мирна,  што  често   ми  успева:  Кога   ме повредува Иван  и ме доведува во ситуација да полудам  и да истурам куп навреди врз  него,  ќе застанам за миг  и ќе си го замислам ликот  на  брат ми или  на  синот.  Тогаш  ме облева милост, па си велам,  како  што ним им  простувам кога  грешат, така ќе му простам и на Иван. Заборавам што било и одам  понатаму...
- Аха, значи, според  ова,  кога  свекрва ми  ис- фрла  отров врз  мене,  јас треба  да си го замислам ликот  на мајка  ми - иронично заклучи Јулијана.
- Токму  така,  како  што  ѝ простуваш на  мајка  ти  од  детството до  сега,   ќе  ѝ  простиш и  нејзе.  Зашто некаде прочитав вака: „Оној кој има чисто срце,  верува дека  и другите  се  чисти  и обратно, извалканиот никого не го гледа како  чист".  Значи,  сѐ  е  во  нас  и  говори за  нас  самите. Според тоа,  и оној што лаже  верува дека  сите  лажат, оној што  мисли  зло,  верува дека  сите  му спремаат завера, оној што  краде, максимално ќе се  заштити, опседнат од тоа  дека  ќе  биде  покраден, оние  кои со  магиски  обреди  нанесуваат  зло   на   другите, убедени се  дека  и ним другите истото  им  го прават.
Прочитав уште,  дека  кога  се  молиме за оние кои многу ни грешат, ние сакаме да бидат  заштитени  од оној  кој  ги  принудува на  грев,  а ним  да им  простиме,  бидејќи   се  само  нечии   жртви.  За почеток е доволно, барем да не  ги  мразиме. Колку сум  паметна, нели? - се изнасмеа Мила. Погледна во часовникот, се потсети дека  треба да ги испрати децата во училиште и да продолжи со работа  во козметичкиот салон. Пред  одење  не заборави  да ме праша дали  треба нешто да ми помогне околу набавките од пазар.

5.


Останав сама, а  веќе  беше  доцна  попладне. Сеништата  од (п)адот, очигледно  и понатаму не ме  оставаа на  мир,  со нови обиди,  со нови  замки. Зашто,   како  поинаку  да  го  објаснам  наредниот настан, што  се  случи  тоа  попладне во  текот   на молитвата.
Пред  големата икона на  Мајката Божја,  без намера,  сосема  случајно, беше поставена мала месингана терезија. Инаку, таа беше  подарок донесен од брат  ми од некое негово  патување.
Тој е несекојдневен, ретко интелигентен човек,  со извонредно длабока мисла, кој  необично ја презира формата и конвенциите. Во една прилика, по  заедничката средба со  негов пријател, ми  рече:  „Виде  ли колку  е убав  овој човек!" Малку бев  затекната што  да  одговорам, зашто човекот  имаше сосема просечен изглед. Брат ми продолжи  како   да  ми  ги  прочита  мислите: „Зошто  толку голема неправда прават луѓето  и површно ја гледаат само  надворешнината кај  човекот. Не постои   убава   жена   -  грда   жена,   убав  маж - грд маж,  постои само  една  единствена убавина, а тоа е убавината на комплетната личност!
Инаку,  потсетуваше  и  се   однесуваше  како волк  -  самотник и  покрај  неговите  многубројни контакти со  луѓето  при   неговите  патувања  по светот.  Неговата природа отсекогаш имаше потреба  да се  нурне во  нови  и нови  сознанија, пред сѐ, во духовните сфери. Еден период  интензивно ги проучуваше источните религиски учења.  Беше во  потрага  по  нови  вистини, воодушевен од сознанието дека  кај  сите  нив  основниот принцип е универзалната љубов.  Сепак,  последниве години ја  спозна димензијата на  христијанската љубов како  морална љубов кон  ближниот која  на  светот му ја  откри  Исус  Христос  преку  Својот  свет  жи- вот,  божествената проповед и Својата саможртвена смрт.
Никогаш не  успеав да  го разберам  неговото вистинско  јас,   кое  таинствено  и  љубоморно   го криеше. Космичката  хармонија и  правда му  беа перманентен предмет на  интерес. Со  таа  порака ми ја подари  терезијата.
Но,  да  се  вратам на  настанот. Веќе  неколку минути бев  во  молитва, кога  одеднаш нешто ми го одвлече вниманието и ме  вчудоневиде. Обата таса од терезијата, што  беа  закачени со  по  три нежни   синџирчиња на  нејзините краци, избезумено  правеа кружни  синхрони движења од  лево кон десно,  без забавување, како  некоја невидлива сила   постојано да  ги  иницираше. Прво што  помислив беше  дека,  во моментот сум  сосема сама и треба да  останам спокојна. Не се  помрднав од местото, стоев  исправена како  и пред  тоа  и спонтано продолжив со  Исусовата молитва. Внимавав на  секој  збор  од молитвата, истовремено осенувајќи  се  со крст  и со уверување дека,  што  и да  е, ништо  не ми може.  Сепак,  бев  само  почетник во молитвеното  живеење, па  не  издржав да  не  погледнам во појавата што се случуваше. Тасовите и понатаму на  ист  начин се  вртеа, иако  веќе  беа поминале пет-шест минути!  Очигледно, некој  врвен „илузионист" повторно се поигруваше со  мене.
Сопругот конечно се  појави  на  влезната врата,  а  јас  му  дадов  знак   со  раката да  дојде  што поблиску. Потоа заговорнички прошепотив:
 - Гледај што се случува - небаре ако  го повишев гласот  појавата ќе исчезнеше.
Тој гледаше, иако   не  му  беше   докрај   јасно што се случува.
- Веќе  петнаесетина минути  ми го прави  ова.
Моли се и гледај!
Обајцата ја посматравме појавата. Половина час  како  да  си  ги  одмерувавме силите со невидливиот  гостин. Најпосле тој  попушти. Терезијата престана да  се  движи,  без  забавување,  веднаш - за миг! Можеби  искушувачот и ја постигна целта, зашто првичната моја реакција беше  следната:
- Веројатно молитвата ми  беше  премногу со жар, па  тоа  ми е  знак  - се  возгордеав, но  не  за долго.  Јас сега го имав оружјето в раце - вера, молитва  и срце  што знае  да разликува. Сепак, пораката ја примив. Некој  се обидува да  ме  врати  назад,  но ќе продолжам со борбата!

* * *
Следниот ден, заедно со Мила  го посветивме денот  на Литургија во Соборниот храм.  Свечените одежди на свештениците, хорот  и целиот амбиент  не успокои. Враќајќи се накај дома, не можев да не ја видам  сенката на лицето на Мила.
- Колку несебично однесување, - размислував
- во никој  случај  не  сака  со  своите проблеми да ги вознемири другите. Ѝ се обратив:
- Пријателството, Мила, подразбира  взаемност,  давање  и земање. Лесно  е да  се  биде  заедно, кога  сме  среќни  и спокојни. Па,  отвори  се конечно.  Што се случува деновиве со тебе?
Подзастана и со очај  во очите,  изговори:
- Моето   девојче,  мојата  Анита,   синоќа  ми призна дека подолго време е вљубена.  Во врска  е со ...  тежок зависник! - конечно призна.
- Смири   се,  тоа  што  го  разбравме  е  добар  знак, почеток  кон  решавање на  проблемот. Ајде, заедно ќе поминеме низ проблемот.
Забележав дека  на  врвот  од јазикот ѝ лебди прашањето  што  знаеше дека   не  смее   да  ми  го постави, па со чувство  на вина,  промрморе:
- Знам  дека  си дала  завет дека  веќе  нема да советуваш на оној начин, инаку,... би те  прашала до кога...
- Тој начин веќе  не постои,  Мила,  ако не е од
Бога. Веќе  не  сум  во  форма.  Но,  расположи се,
сега си имаме силно  оружје - и реков  со олеснување.
- Животот ми  е  со  горчлив вкус,  Марија, ме отфрла  те ваму, те таму... веќе  и смртта ми станува мила  - просолзи.
- Ти ли си онаа  Мила  што  мене ме  подигаше со толку оптимизам, а сега си слабо,  скршено девојче.  Веќе  утре,  биди  сигурна, ќе  се  исправиш како  победник на ридот!
- Е, со оваа  поезија, заслужуваш да се насмеам!

* * *
Стражарев врз  умот и зборот, а срцето од зло го  чував,  колку  што  може  човек од светот да  го заборави светот, па  така,  со нови  поимања и содржини   врвеа деновите...  годините.  Особено го чував  разумот од сѐ она што беше  врзано со содр- жините на падот. Како  од отров од змија, бегав од секакво и најмало наговестување на темата ви- довитост.  Верував  дека  болката беше   зад  мене.  Разговарав со себе  си:
„Светот по својата инерција заитано оди напред;  мудрувања  околу   политички  теми,  војната мината, војната  идна, безначајни муабети, прослави  во турбофолк  манир,  радувања за пари,  задоволства за толку  ситни  нешта, кои досегаат са- мо до разумот, далеку  од срцето.  Духовните потреби се премногу високи идеали за овој немарен, заспан свет. Тешко  дека  овој ваков  свет  може  да им  биде  дом  на оние  со повисока духовна  димензија.  Површноста се храни со власт,  гордост и пари,  суета  и егоизам, форма  и само  форма. Но, од почетокот на  времето до вечноста, се радува  не- бото за оние кои живееле, исцелувале, сликале во име на  Вистината,  кои  мудрувале,  дарувале  во име  на  Вистината, кои  заплакале,  па  и  животот  го дале во име на Вистината."


6.


 Искушенијата ме следеа крадешкум и се вовлекуваа и тогаш кога  најмалку сакав и очекував.
Вообичаен ден  како  и секој  друг  ден.  Осумнаесет и  триесет е  часот.  Некој  заборавен препознатлив  немир  ми  навестуваше  невреме. Без да  му  придавам значење, се   артикулираше  во чувство  и на  крајот во свесност за нешто ужасно што треба да се случи.  Се запрашав,  коинциденција  ли  е,  што   веќе   неколкупати настаните  се случуваат додека сум сама?
Добив тоа што најмалку сакав  - свесност, сознание за  многу  расфрлени тела..., зелено наоколу,  некој  непознат  амбиент исполнет  со лелекања...  Со растреперени раце  зедов  хартија и брзо запишав: „...црква... Богородица... празник... мртви луѓе..."
Што се случува? Кој повторно  сака  да ме сопре  на  патот?  Не  знам  како  сум  изгледала, штом сопругот од вратата ме  праша, што ми се случило. Како  беспомошно детуле, во плач  и  очај,  трчајќи,  се најдов  на неговите гради.
 - Што е, Марија, смири се и објасни ми - вознемирено повторуваше тој.

Во  непосредна  близина  на  црква „Света Богородица" ќе  се случи  трагедија, страшно... ќе има  мртви.
 Се обидував да се успокојам покрај  телевизорот каде што во тек беа вечерните вести.
И внимавајте сега, ударната вест беше: „Трагедија на  прославата на  празникот на  Пресвета Богородица во Берово..."
Срцето татнеше во слепоочниците, се чувствував  слаба... „Има  мртви  и  повредени...", слушав  како  ехо,  од далеку, а веднаш потоа,  очајно, во солзи, прашував:
- Зошто  јас,  зошто  мене... не  го  сакам  ова...
Господе, заштити ме!
Мојот сопруг најочигледно, на дело,  се соочи со  визијата  што  претходно ја  слушна од  мојата уста,  а  што  се  случила  само  пред  неколку часа.  Со испотени прсти ја зграпчив хартијата, на  која со   нервозен  искривен  ракопис  беше   испишан настанот, уште  пред неколку часа.
Со која  цел,  - се прашував. Зошто  ми било да- дено  да „видам"  нешто,  чиј што тек не може да се измени, ниту  да се  предупреди навреме за да се спречат последиците?
Бев будна  долго  во ноќта.

* * *
Следниот ден  осамна вообичаено. Средбата со Јулијана и Мила  започна со топ  темата, што  ја разбранува јавноста, по синоќешната вест  за случајот  Берово.
- Замислете, од ведро  небо  заблескал оган  и грмотевици.  Јас  мислам дека   големите метални
котли  во кои  се  подготвувала храната во дворот  на црквата, биле  причина да се привлечат громовите.  - коментираше Јулијана.
- Јас, пак,  мислам поинаку - рече Мила  - тоа беше   знак   од  Богородица.  Замислете,  луѓето  ја поместиле прославата на  празникот за еден  ден понапред, само  за да се  прејадат со мрсна  трпеза. Празникот паѓаше во посен ден.
Разговорот продолжи скоро  до пладне, особено  откако  им  го  раскажав  настанот  што  ми  се случи  претходниот ден.
Мила  беше  преокупирана со  ќерка ѝ Анита, заради  врската со Марио,  нејзиното момче,   зависник од хероин. Бараше совет  како  да ја оттргне од оваа  ситуација.
- Два  дена  со ред доцна  се враќа дома,  со црни  кругови  околу  очите.  Не  јаде ништо  и  скоро  цел  ден  го преспива.  Постојано сум  во молитва. Цела надеж  ми  е во Бога. Знам  дека и вие  се  молите  заедно со мене.
Се договоривме следната средба да ни  биде во недела во Соборниот храм, на Литургијата.


7.

Знаењето ми  беше  скромно, а  за некаков духовен  раст беше  прерано  да се  зборува. Последиците  од падот сѐ  уште  ги  чувствував, а искушенијата беа  присутни сѐ  повеќе. За  недоволно освестениот во верата, тоа  би се косело  со здравата логика.
 Сѐ уште  се  случуваше некои  луѓе  да  го  дознаат  мојот  домашен телефонски број.  Се  обидуваа  да дојдат до мене за совет  и помош. Сите  мои обиди  накусо  да  им објаснам дека  тоа  е опасно и штетно  за мене и за нив, беа залудни. Еуфорично и заслепени прашуваа што има лошо во тоа. Напросто  беа глуви  за она што им го објаснував.
„Ти ни беше  надеж, ти ни беше  спас!"
Дали  добро  чувте  што ми зборуваа луѓето  тогаш?
„Ти, Марија ни беше  надеж  и спас!"
Се прашувате ли,  за  миг,  кому  најмногу му одговара овој начин на  размислување. Тоа е хула на  светињата, вистинската надеж  и спас  кои  што се  заменуваат, се  споредуваат со  т.н.  спасители од светот - обични смртни луѓе,  кои  не  можат  да си ги решат ниту сопствените проблеми.
Сепак, не  постоеше сила  што  би ме  вратила назад, зашто  раните сеуште беа  свежи  и недолечени, а  срцето  под  впечаток на  големото созна- ние.  Сеќавањето  на  очајното  битисување  среде ужасот,  кога  моето јас беше  разнебитено во сурова   пустош,    здивено, обезличено,   обесчестено, лажно,  податливо, продадено,  отуѓено,  предолго го наплатував, болував  и оплакував за да одам на- зад,  во падот.
Но,  постоеја и  резервни планови за  напад -
атак врз  моето здравје: анксиозност, немир, ср- цебиење, страв. Колку повеќе се трудев,  толку по- веќе  змијата  препредено заводнички ме  следе- ше.  Читав  на  глас  од мојот молитвеник, барав  да бидам  помилувана. На кратко се чувствував исцелена  од  неочекувани  солзи,   но  знаев  дека  тие солзи го оплакуваа моето раносано тело  и болна душа, беа солзи на самосожалување.
 Ненадејно, по милоста Негова, одговорот дојде по ѕвонот на  камбаната, кога  се најдов  во малата  црквичка вгнездена во манастирот на Пресвета  Богородица на Матка.
Во меѓувреме, мојот живот го изменија некои  нови  настани  и одлуки.  Случајно или не, заедно со сопругот се  најдовме во некои  нови  професионални  улоги  во  политичкиот живот. И така, извесни, неслучајни, извонредни  луѓе   од  тој  свет станаа наши  нови содружници, и повеќе  од тоа.
Со нивна покана, тој  ден  се  претвори во највозвишен празник за срцето. А, само  што зазелени пролетта.

Тесната и ниска вратичка нѐ внесе во малото  црквиче.  Во  мракот, сјајот  на  свеќите разиграно паѓаше  врз   ликовите  на  иконите,  па,   човек  не знаеше дали  е  тоа  благо  поветерче  или  светата енергија што извираше од никаде, а, сепак, од се- каде  на  ова  место.  Зад  црвената кадифена завеса што  води  кон  светиот олтар, заблеска бела  царска  одежда  и ... види чудо! Го препознав ликот  на истиот оној  владика од телевизискиот  екран  кој со неколку реченици ми  го измени животот.  Неговото лице зрачеше со  бескрајно достоинство, кроткост и продуховеност, што  буквално се  сооб- разуваше со ликовите на  иконите наоколу. Знам  дека  тој ова  не би сакал да  го  прочита, но  јас  не сакам да го преиначувам она  што јас го видов  и доживеав.
Од мојата десна  страна, една  до друга  смер- но,  со  доближени стапала и благо  поднаведнати тела, стоеја жени  во  црно,  наликувајќи на  заспа- ни галеби.  Тие беа искушеничките и  монахинките. Неочекувано до моето  срце  допреа ангелски, бисерни тонови. На  старовизантиски начин пееј- ќи,  тие  го славеа Бога.  „Господе помилуј, Господе помилуј,  Господе помилуј!"  Истото го правеше и човекот, монахот и владиката Ѕ. Тоа  не  беа  само гласови, обично  молитвено пеење.  Го доживеав  како да  беше  пеење  - разговор на  душата со Бога, возвишено, силно,  небесно. Тие едноставно како  да шепотеа, тихуваа, нечујно ги  изговараа молитвите и  обраќањата кон  Бога.   А, ние,  таму меѓу  кои  и јас,  бевме  удостоени да  вкусиме мал зрак од  енергијата што битисуваше наоколу. Извираше длабоко од копнежот на нивните срца.
Моето, пак,  срце  молчеше немо  и  недостојно, а молитвеното тихување се слушаше и надвор од тој мал рај. Тихуваа брезите, карпестите ридови, целата природа наоколу тихуваше. По ова доживеано искуство, мојата душа,  со уште  поголема жед,  се стремеше кон духовното. Веќе сѐ што  беше литература во мојата библиотека, беше  со духовни  содржини. Ги голтав поуките на искушениците, светите отци, пустиножителите, црковните пастири и на учениците на нивните ученици. Најмногу  ги следев поуките од мојот  духовен  раководител  Ѕ и ги пренесував на оние  кои се интересираа  и бараа таков  вид совет.
На  една  од  следните богослужби,   во истиот амбиент,   по   завршувањето  на   причестувањето, кога владиката изговори „Во  мир  да  излеземе", неговото лице   сјаеше,  беше   облеано  со  блажен нетварен сјај.  Тоа го  видов  субјективно, со некои поинакви внатрешни очи  и затоа, без  страв,  ќе го повторам тоа  што  го  видовме   многумина таму  - тој сјаеше!!! Дали  само  ни се причинуваше!?
Во наредните средби со  владиката не  се  ни осмеливме да го прашаме  дали  тој  бил  свесен за она  што  го видовме. Претпоставувам дека  и кога  би знаел за тоа не би ни дал потврден одговор.
Да  продолжам  како   јас  го  доживував мојот
духовен  татко.  Тој секогаш на  поставените прашања  одговараше кратко, по малку  двосмислено, невино, како  дете.  Бдееше врз  нас,  бдеејќи врз себе  си, своите  мисли и зборови. Не милуваше да зборува за  сопствените искуства, не  чувме  ниту збор  за неговиот монашки подвиг.  Не  сакаше да зборува за себе  си, вешто  срамежливо се извлекуваше  при нашите обиди  да  го  воздигнеме, но  затоа  со љубов очекуваше ние  самите да зборуваме за нашите проблеми, без  негово инсистирање. Во текот на Светата Тајна  Исповед не се  поставуваше       како авторитет, испрашувач, како судија. Имав  чувство дека  сакаше да биде  второто јас на оние  кои  се  исповедаа. Како  да  сакаше  тој свет чин  да се одвива  во најприродни околности и на најприроден начин. Тој не  ја љубеше  многу  формата во ниедна смисла. И во право  беше.  Формата  ја краде  спонтаноста и едноставноста во одне- сувањето.  Секогаш  нѐ   учеше  на   суштинскиот, вистинскиот внатрешен живот  и однесување, ка- ко во световниот, така и во духовниот живот.  Не- му му беше важно,  но не  и пресудно, колку  долго постиме, но уште  поважно како  постиме; му беше важно  колку  се  молиме, но уште  поважно како  се молиме; важно  му беше  да се  исповедаме, но уш- те  поважно  како  ќе  се  исповедаме. Важна  му бе- ше искреноста на  срцето и само  срцето. Без  таа суштина, сето  претходно  набројано би било суш- та форма,  јалов опит, гола  суета.
 Живо пред  очите  ми  е  следниов настан. Редица луѓе  подготвено, со прекрстени раце  на градите,  тивко  чекорат кон путирот, за да се причес- тат  со телото и крвта Христова. Ненадејно, редот подзастанува. Младо,  збунето момче со бледо  ли- це тивко  проговорува:
- Отец,  јас не постев  доволно  долго,  а еве,  тука сум!
Насмевката од лицето на  владиката не  замина,  само  крупните очи  за миг станаа таинствено отсутни,  како   да  погледнаа кон  внатре, за  веднаш  потоа  топло да запраша отприлика вака:
- Дали  ти сам, силно  со љубов и по своја  волја го посакуваш тоа?
- Да  - одговара момчето и приоѓа кон спаси-
телната лажичка...
Подоцна, често  го среќавав истото тоа момче на  Литургиите  во  Соборниот  храм. Редовно  се причестуваше, живееше  Богоугодно, ни  беше  светол пример.
 Се случуваше често ненадејно да заѕвони телефонот и да  се  јави  нашиот духовник  токму  во моментите кога  жестоко дискутирав со  мојот  син или   бев   гневна  заради   некои    други    животни проблеми. Случајно или не, тој токму тогаш се ја- вуваше, како  леб  насушен и без  да  навлегува во поединости, со  глас  што  имаше  призвук на  нас- мевка, велеше:
- Смирете се  брзо,  не  им  правете  радост  на оние.
Веројатно мислеше на лошите  духови  кои се
хранат со злото.

Уште многу  би можела да  зборувам за нашиот пастир  од  светот, човекот со кого  прогледавме, духовно  се родивме, но за тоа  во друга  прилика.
 Морам  да  признаам дека  такви  светли искуства  имав  доживеано и со свештени лица  од на- шиот Соборен храм. За среќа, го запознав и отец Р,  свештеникот  кој  поседува  дар   за  беседа,  да слуша  и советува. Тој беше  како  мелем за раните на  многу  блиски кои  ги упатив кај него  на  исповед.  Тргнуваа со  голем отпор  и  резерва кон  тој чин.  Но,  по  исповедта  се  враќаа измиени и  со заклучокот:
- Марија,  во  право   си.  Тоа   не   било   така страшно. Се  чувствувам толку  ослободено и лесно. како можев  тоа да не го направам порано!
Ја споменав неколкупати Исусовата молитва, за која научив од средбата со монасите. „Господе Исусе Христе,  сине Божји, ромилуј ме грешниот(та)".
Старецот Софрониј, за оваа  молитва, вели:
„Кога   ја  кажуваме оваа   молитва, создаваме со Христа еден  личносен однос,  што ја надминува логиката" - и понатаму – „кога  ја кажувате Исусовата  молитва и  попречувате на  секоја  друга  помисла да ве нападне."


8.


Во  понатамошниот период сосема спонтано одреден број  на  пријатели  посакавме почесто да се  среќаваме и да  споделуваме мислења. Дружењата  се состоеја од разговори за животот,  нашето поведение, потребата од живот  во вера  со дела и други  духовни  теми.  Нѐ имаше  сѐ повеќе,  а меѓу првите беа Мила,  Јулијана, Христо  и уште  неколкумина. Некои  од нив беа мои  посетители во времето  на падот. Тоа беше  можност  за искупување. Очекувајќи да ја чујат   старата  Марија, тие се навлекуваа на нови  димензии, кои им стануваа се поинтересни. Набрзо потоа  почнавме да  си  разменуваме духовни книги,  а  многумина од нив  за прв  пат  ја примија светата причест, се охрабрија и ја сфатија важноста од искрената вистинска исповед до соголување и самоосудување, до крај.
Многу  пати  со  страв се  прашував дали  сум
достојна и дали  е оправдано ова  што  го правам.  Но повторно,  до самозаборав, како  по нечиј  диктат,  но овој  пат  верував дека е од друг  извор,  говорев  за христијанскиот живот,  не срамејќи се да се  понижам, кога  им  давав  примери од мојот  жи- вот во падот. Најчесто го говорев она што сум го прочитала од  духовните  отци,   од  Библијата,  од мојот  духовен  отец.  Се чував колку  што  можев  од состојбата на   гордост,  самољубие, некоја  нова слава и  нови  замки   на  нечестивиот. Знаев  дека  кога  секој  од нас  доброволно го  зема  крстот на својот  грб,  треба да  очекува страдање, болка,  падови.  Во што прераснаа овие  дружења,  ќе  разберете подоцна.
Во ваков  амбиент, во кој што се одвиваше мојот нов живот, се случи  уште  едно  искушение, секако  не  без  порака, што би било интересно да ви го раскажам.


Тој ден  повторно  се всели  немирот и стравот во мојата  душа.  Штотуку  помислив дека  животот  тече мирно,  без поголеми проблеми, се најдов  на клиника, каде  јасно  ми беше речено:
„Да,  тоа  е тумор  на  дојката." Малото  човече во мене,  како престрашено дете,  се  стутка во паничен страв,  со одбивање  да се соочи  со вистината.  Во  тој  миг  заборавив на  прозбите во  моите молитви:
„Дај  ми  да страдам, да  научам да  бидам  трпелива,  но  на  крајот,   сепак, нека  биде   волјата Твоја."
Враќајќи се  дома,  веќе  успокоена, се  потсетив  на  мојот пријател  Христо  и на  неговите зборови:
„Во молитва неретко бараме трпение, нели?
Бог не  подарува трпение како  инстант лек.  За да научиме да ја препознаеме благодатта на  трпението, претходно ни дава  некое страдање. Тој ќе не доведе  до целта, но, претходно ни задава зада-  ча,   во  конкретниов  случај,  страдање  и  болест. Ако ние  во мир,  без  бунтување, ја прифатиме болеста како  неопходен услов  ила  фаза на  патот до целта  и како  негова волја,  тогаш  еве  го одговорот на  бараното во  твојата молитва - трпението. Да го видиме  на  дело  сега, мила  Марија, твоето трпение!", тапкајќи  ме  по  рамото,   ми  беше  рекол Христо.
Цел месец  до следната контрола, бев во уште помолитвено живеење. Во исто  време, заборавајќи по малку  на  проблемот, со моите блиски  разговаравме за  некои  други  активности кои  треба да  ги  преземеме  понатаму.  Душата ни  бараше конкретни дела  на љубовта.  Та не случајно сме во градот, насекаде околу  нас  постои  некој,  кому му треба помош.
Јулијана и Мила собраа  неколку куфери со постари, но испрани и испеглани алишта, постелнина, хигиенски средства со намера да  се  поде- лат  на  оние  кои  немаат. Така  и беше.  Попладне- то,  изморени, среќни, се   вратија  кај   мене  со празниот куфер  и полно  срце.

 

(Продолжува)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 510
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 288
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 268
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

« »