логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

klaudija

Клаудија Лутовска

 


Да се повика на историска одговорност кон сите домашни и светски фалсификатори е должност на сите кои живееме во ова време, во кое, сите тие влијанија се свирепи удари врз Македонскиот народ, неговото постоење, постоење на Македонскиот јазик, како најстар светски јазик. Во македонската будност и свесност, се појавува уште еден пишан осврт во прилог на вистината и македонштината.

Минатата година , по долгогодишно истражување низ познавање на 6 светски јазици, издадена на англиски јазик е книгата “Македонскиот јазик, Потекло на јазикот, Коренот на зборовите”. Авторката Светлана Симоновска, е уште еден македонски современик кој посветено ги анализира и поставува тезите, како продолжение на светски лингвисти.

Швајцарскиот лингвист Фердинанд де Сосир, во XIX век доаѓа до откритие за јазиците:

“Пред латинскиот јазик, постои период во кој грчкиот и словенскиот се во заедништво пред да се поделат. Што ја докажува историјата на јазични семејства, како потребна. “ – Фердинанд де Сосир

Според истражувањето на Симоновска, многу светски истраувачи и лингвисти во светот тоа го занат, во 19 век се цитираат германски и руски лингвисти кои ги објавуваа овие сознанија, но најчесто тоа ги прати како клетва, по изјавата некои од нив веднаш пострадаа. Еден од нив е англискиот лингвист Мајкл Вентрис.

Македонскиот е најстар кодиран јазик со најстара азбука,а словенското име е накалемено подоцна, е нејзината констатација.

Македонскиот јазик е единствениот, документиран и евидентиран јазик, досега, назад многу илјадолетија. Од еден поново откриен и успешно дешифриран натпис на камен, се гледа дека зборот Македонија има 77.000 години старост. Овој натпис е пронајден на многу неочекувано место, на јужниот крај на африканскиот континент во археолошкиот локалитет, пештерата Бломбос, Јужна Африка, за кој пишуваше Васил Иљов.

„Какво име е Трајан? Трајан императорот?“, прашува Симоновска- „ќе откриете дека името е со непознато потекло и дека не се знае значењето, ако истражувате подлабоко. Но, ние , Македонците го препознаваме“.

Според македонската традиција, името Трајан им се ставало на деца во семејства каде не можеле да имаат деца, па Трајан се дава како име на дете да биде благословено со името кое го носи за да живее, за да трае“.

Симоновска објаснува и анализира англиски, меѓународни зборови и топоними низ призмата на македонскиот јазик. Книгата “Македонскиот јазик, Потекло на јазикот, Коренот на зборовите”, напишана на англиски јазик, на преку 350 страници и со преку 2.000 општо познати именки, глаголи, придавки др, го дава македонското, алтернативно толкување на етимологијата и јазикот воопшто. Сегменти од македонската цивилизација како и култура се внесени.

„Низ Библијата се споменува Каин, кој подоцна по убивањето на својот брат се покајал. Ако за сите други е неразбирливо, за македонците е разбирливо зошто на овој лик му е дадено името Каин. Или библиската книга по Јеремија, кој живеел и пред времето на Александар Македонски, каде според приказната во библијата Господ му рекол да носи јарем околу вратот за да го прикаже вавилонското ропство. Јарем е збор кој го препознаваат македонците.“

Низ примерите кои се детално анализирани и опишани низ книгата на Симоновска, се споменуваат многу зборови кои се одомакинети низ светските јазици, за кои нема појаснување и не се разбирливи за другите, сем за македонците. Името на „Аспасија“ (била девојка на Перикле), зборот „морал“, зборот „анемија“ (недостаток на првото важно нешто- а-нема), Брест (град во Франција, за кој французите немаат објаснување од каде му е потеклото и што значи, но нам ни е јасно, тоа е градот на Брестовите). За кремирање се користи кремен камен, и зборот „кремирање е нејасен за светот.

Етимолозите обично го припишуваат потеклото на англиски и меѓународни зборови како да е од Коине и Латински. Овие два јазика и системи за комуницирање имаат животен век од околу две и пол илјади години. А што е со 5.000 години и 10.000 години пред тоа?

Непобитни се фактите за непрекинатиот континуитет на македонскиот јазик писменост и сеопшто македонската цивилизација стара преку 100.000 години.

Официјалната верзија за јазиците, која ја предаваат академските институции и школи во Македонија а, посебно во западниот свет во научните области историја и лингвистика вели дека на Македонскиот Полуостров се појавува дисконтинуитет. Со тоа сакаат да кажат дека до 6 век наша ера целото човечко население исчезнува и целиот полуостров е празен и не населен освен на сувите и суровите, неплодни острови на Егејското море заедно со остатокот на делот од Македонскиот Полуостров кој денес е под администрација на државата Грција.

Значи според етаблираната логика и “верзија” грото од полуостровот е празен без луѓе и нова гарнитура на луѓе за првпат се преселуваат и населуваат од север кои се именуваат со општо име словени. Ako e така се прашувам колку научни трудоови, докторати и книги се напишани на темата, стара прататковина на словените, нивната преселба и попрецизни податоци на водачи кои ги воделе на тој пат на југ итн.

Само на грчка територија античките народи и племиња преживуваат и благодарение на тоа денес само грците имаат антички корења. Теоријата која се изучува во училиштата и по факултетите е неприфатлива, и невистинита. Науката во поново време, т.е доста прецизната генетика истотака оди против оваа официјална верзија на историјата и лингвистиката и докажува дека сите граѓани од сите држави кои постојат на Македонскиот Полуостров имаат антички корења а не само ексклузивно денешните грчки граѓани, појаснува Симоновска.

Професорот Ташко Белчев преку своите истражувања, фактографски повикува и докажува дека најстариот досега документиран јазик и азбука е македонскиот јазик и македонското кирилично писмо кое постои низ илјадници години наназад, во Неолитот но, и многу порано од тоа.

Се разоткрива вистината дека светската и западната цивилизација лежи врз македонска база.  Сите други верзии за корењата на светската историја и цивилизација се фалсификати и чисти фабрикации, измислени од германските и англиските кујни на 19 век.

***********

Македонскиот јазик низ милениумите- осврт низ фактографски докази и иториски анализи од записи на автори низ вековите

Непобитни се доказите и фактите кои сведочат за македонскиот јазик, македонската нација, македонската цивилизација.

Македонско евангелие, на пергамент, сведоштво за македонскиот јазик и православните религиозни практики, кое потекнува од XI век, кое се чува во катедралата Нотр Дам  во РЕМС источно од Париз. Евангелието се состои од 47 страници, од кои 16 се напишани на кирилица, а 31 на глаголица. 1717 година рускиот цар Петар Велики го посетува Ремс, тој забележува дека во евангелието има и страници запишани со кирилична азбука и за него разбирлив јазик, македонскиот.  Потеклото на евангелието е загадочно. Самите историски факти кои покажуваат дека словарниците кирилица и глаголица, нивниото потекло, темел и развој се наоѓаат длабоко во древениот македонски јазик, со писмени докази уште од пред 400.000 години (факти од книгата Зета Македонија од Бранко Сотироски).

Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век е пласирана тезата дека само „Античка  Грција“ и Рим се периоди на зачетокот на модерна Европа, не водејќи сметка за постарите наоди, како докази за големите достигнувања во науката, уметноста, спортот, митологијата и писменоста, кои се основа за овие подоцнежни достигнувања. За жал овој став на научниот свет е застапен до денес, претставувајќи ги постарите наоди како дела на„примитивен народ од палеолитот и неолитот“, одбивајќи ги новите толкувања на еволутивната историја поткрепени со пишани документи, пишува Сотироски.

Македонскиот јазик со кој ние и ден-денес зборуваме, во помалку или повеќе неизменета форма бил во употреба и за време на владеењето на Јустинијан I Велики, и пред него. Докази за тоа и за континуитетот на Македонската писменост која била раширена по цел свет има безброј, а заслугата за неа денес се приграбува од многу модерни нации.

Македонски лексикограф Америас во 3-от век п.н.е ги запишал чисто Македонските зборови: Зелка, Елан, Кал-јаруга, Клизи(он), Легло, Лична, Смуѓ, Шор, и т.н. Англискиот историчар Хамонд (T.Hammond) направи случај со зборот “Челник” кој остана забележан од повеќе антички автори.

Римјаните од Стариот Рим и Ромеите од Константинополитана Нов Рим пренесоа бројни сведоштва за континуитетот на Македонскиот јазик низ вековите. Во 4 и 5 век Св. Јероним од Стриговиа, забележан како доктор, теолог и познат историчар во Сиријa на тогашното Ново (Источно) Римско Царство во 4-от и почетокот на 5-от век, е творец на Глаголицата – цели четири века пред Кирил и Методиј.

Не дозволив е пропустот и неправдата кон македонскиот јазик, народ, нација, од страна на лингвистите и научниците, да ни сервиpаат една историска завера: „писменоста ни ја создале Кирил и Методиј во 9 век…“

Вистината и доказите укажуваат дека Кирил и Методија, во 9-от век на барање на Великиот Кнез Ростислав од Велика Моравија, и по наредба на Царот од Контантинополитана Нов Рим, пристапиле кон создавање на азбука која би била читлива и полесно совладувана од широките маси, и да ја упростат глаголицата, која била привилегија на одредена класа на луѓе.

Кирил и Методиј, го упростиле дотогашното Македонско Црковно Писмо – Глаголицата, во облик кој би бил поедноставен за читање и пишување и поразбирлив за широките народни маси.

Според познатиот Сиријски историчар и теолог Јаков од Воден (Jacob of Edessa) династијата на Авгаридите која останала во Сирија по походот на Александар била по потекло од Македонија, од околината на Воден. Тој понатаму објаснува и дека тие бидејќи биле родум од Беломорска Македонија, во Сирија градот кој го основале на местото на поранешниот град Урхој (Urhoy) си го нарекле истотака – Воден. Тоа е само еден од низот градови со Македонски имиња во Мала Азија посведочени од историчарите: Бела, Бер, Диум, многубројните „Александрии“.

Лексиконот на Македонски Јазик направен пред 400 и кусур години од професорот Чиро Џанели (Čiro Gianelli) од Римскиот Универзитет и Андре Ваилант (Andre Vaillant) од Франција. Тие биле во Богатско, Беломорска Македонија, и таму запишале голем број зборови со кои се служеле Македонците во 16 век. Оригиналот на овој Македонски Лексикон се чува во архивата на Парискиот Универзитет. Еве како зборувале Македонците во тој дел од Македонија:

“Господине, брате, да си здрав, да си прост, остави ни да спиме, ела да јаме, и да пиме, дол да појдиме, да работиме. Имате хљабо(леб) да купиме, имате вино да купиме, од која страна да појдиме во Богацко.“ ….

извор:http://mn.mk

Преземено од: http://media24.mk/2018/08/10/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%BA%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA/

10.08.2018 год.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1209
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1531
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная