логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Зошто постојано некој краде една од сликите на Винсент ван Гог?

Еден музеј во Египет го доживеа понижувањето една иста слика на Ван Гог да му биде украдена не еднаш, туку два пати, а „Цветови на афион“ (1887) до денес се води како исчезната.
По неговата смрт пред повеќе од еден век, Винсент ван Гог стана симбол за напатен уметник.Неговиот живот беше проблематичен и трагичен, оптоварен со ментална болест и вознемиреност, што резултираше со неговиот сега озлогласен чин на лудило, кога си отсече дел од увото и ѝ го испрати како подарок на една (не)среќна дама. Но оваа болка, исто така, го хранеше неговиот неизмерен уметнички талент.„Колку повеќе станувам изгубен, болен, скршена стомна, толку повеќе станувам креативен уметник во тоа големо заживување на уметноста“, напиша еднаш тој во писмото до својот брат Тео.Но по неговата смрт (или од самоубиство или од убиство, сè уште нема пресуда, ниту е најдено оружјето) на возраст од 37 години, неговата генијалност конечно почна да го стекнува заслуженото признание од светот. Со него, исто така, и речиси 900-те слики што тој ги создаде во својот живот (неверојатен подвиг ако се знае дека почнал да слика дури на возраст од 27).Овие дела беа почестени со мултимилионски цени на аукција.Но постои нешто што се нарекува преголем копнеж. Наместо да живеат мирен живот на луксузни слики во истакнати музеи и кралски куќи, неколку дела на Ван Гог станаа цел на крадци на уметнички дела, докажувајќи дека проклетството на убавината е реално.Листата на музеи што паднаа како жртви на овие бандити-љубители на уметноста е долга и угледна.Но еден музеј во Египет го доживеа понижувањето една иста слика на Ван Гог да му биде украдена не еднаш, туку два пати, и таа до денес останува исчезната.Ван Гог ја насликал „Цветови на афион“, позната и како „Ваза и цвеќиња“, во 1887 година, три години пред смртта. Таа не е една од неговите најпознати дела, но е типичен Ван Гог, постимпресионистичко ремек-дело што прикажува живописни жолти цветови - со вметнати три црвени цвета - во темна ваза на темна заднина.Од 1886 до 1890 година Ван Гог се обидувал во масло да ја преточи енергијата на афионовите цвеќиња што изникнувале на полињата во јужна Франција секоја година во доцната пролет. Почнал со сликање мртва природа додека престојувал во Париз, пред да премине на пејзажи на полиња полни со цвеќиња додека бил во едно место во јужниот крај.Сликата за која зборуваме е една од претходните - мртва природа што уметникот ја создал додека живеел со својот брат во населбата Монмартр во францускиот главен град.Некаде по смртта на уметникот, „Цветови на афион“ стигнува од Париз во Каиро, каде што е инсталирана како едно од ценетите дела во импресивната колекција што ја составил Музејот Мухамед Калил. Токму таму афионовата среќа првпат тргнува на лошо.На 4 јуни 1977 година „Цветови на афион“ исчезна. Невозможно е да се открие што всушност се случило со оглед на тоа дека египетските власти никогаш не ги открија деталите за овој потфат, но се смета дека сликата исчезнала некаде во текот на преселбата на музејот од една во друга палата.Иако владата и до ден-денес молчи, тие сугерираа дека виновниците се трио Египќани. Кои и да биле овие бандити, сликата на крај беше најдена и вратена од непозната локација во Кувајт.Можеме само да ги замислиме воздишките на олеснување на службениците во музејот Калил Мохамед кога нивниот Ван Гог бил повторно закачен во неговиот вистински дом.Но се чини дека тие малку премногу се опуштиле поради враќањето на екстравагантната слика.Една сабота во август 2010 година „Цветови на афион“ беше украдена уште еднаш, овој пат среде бел ден. Во само првата од серијата шокантни објави во врска со злоделото, беше објавено дека осомничениот (или осомничените, сè уште не се знае) го турнал каучот до ѕидот за да ја исече сликата од нејзината рамка и потоа ноншалантно го напуштил музејот.Ниту едно од овие дејства не го привлекло вниманието на музејскиот персонал, ниту активирало каков било аларм.Со оглед на истакнатоста на некои парчиња од колекцијата на музејот, вклучувајќи дела од типот на Моне, Реноар и Дега, некој би помислил дека би бил невозможен некаков епски безбедносен кикс на вака екстремно ниво.Но небрежноста оди дури уште подлабоко. Според египетските официјални лица, во времето на кражбата само седум од 43-те безбедносни камери на музејот биле во функција и ниеден од безбедносните аларми всушност не бил активен.Еден египетски обвинител, Абдел Мегуид Махмуд, ја опиша оваа ситуација како постоење само на „фасада“ на безбедност. Покрај тоа, списокот на можни осомничени беше краток, бидејќи само 10 луѓе се пријавени дека го посетиле музејот тој ден.Веднаш штом била откриена рамката со големата дупка, земјата тргна во акција. Египетскиот министер за култура, Фарук Хосни, воведе состојба на висока тревога на аеродромите и пристаништата, додека музејските службеници беа подложени на официјална истрага за катастрофалната безбедносна ситуација, што резултираше со неколку сензационални апсења.Набрзо откако беше објавена кражбата, официјалните лица соопштија дека уапсиле двајца Италијанци додека се качувале на лет за дома. Италијанците го посетиле музејот со туристичка група и ги разбудиле сомнежите на официјалните лица - отпосле - откако некој се сетил дека ги забележал како влегуваат во тоалетот, а потоа брзо излегуваат од зградата.Хосни првично соопшти дека и сликата е најдена, но подоцна засрамено дозна дека оваа информација е лажна и беше принуден брзо да ја повлече својата изјава.Иако возбудата беснееше во деновите по кражбата, Италијанците брзо исчезнаа од вестите (може да се претпостави дека на крај им било дозволено да одлетаат дома).Не е јасно дали останала некоја конкретна трага, но еден месец по судбоносниот августовски ден, египетскиот министер за внатрешни работи Хабиб ал-Адли, за египетски Дејли њуз рече дека најверојатното сценарио е дека грабањето на Ван Гог било внатрешна работа.„Постојат многу околности во кражбата на 'Цветови на афион' што укажуваат на фактот дека некој од музејските службеници учествувал во кражбата или самиот ја украл сликата“, изјави Ал-Адли. „Локацијата и поставеноста внатре во музејот го потврдуваат тоа.“
Кој и да го поседува сега овој Ван Гог, успеа да го зачува овој злобен грабеж како длабоко закопана тајна, што мора да е тежок подвиг - дури и потежок од самата ноншалантна кражба - зашто сегашната вредност на делото е околу 50 милиони долари.Секоја година цвеќињата афион продолжуваат да цветаат на југот на Франција, исто како кога Ван Гог ги пренесе на платно пред повеќе од еден век. Но последниве шест години неговата „Цветови на афион“ останува тивко отсутна, откако исчезна без никаква трага.

Извор: Дејли бист



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 229
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 678
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 894
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »