логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Always Ready
Куратор: Ивана Васева
Галерија МЦ, Њујорк (САД)
23 - 30 август, 2016 год.
Отворање: 24 август 2016 год. / 18 - 20 часот

Изложба на уметничката Неда Фирфова насловена „Always Ready“ ќе се отвори на 24 август (среда) во 18 часот во МЦ Галеријата во Њујорк, САД.

Изложбата која е курирана од Ивана Васева е на некој начин продолжување на истражувањето на Фирфова во Тирана, Албанија кое се однесува на масовните игри или попознати кај нас како слетови.

Ова претставување во Њујорк се надоврзува на изложбата во 2014 година во галеријата на Младински културен центар во Скопје.

Фирфова го истражува исчезнувањето на илјадници картонски книги од Кина кои се користеле за да се формира идеолошката слика на масовните игри во Албанија, кои се одржувале на први мај за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.

На изложбата ќе бидат претставени оргиналните книги објекти, видео дела и испечатена архива од проектот кој се одвива од 2012 година.

Во каталогот, специјално дизајниран и продуциран за овој проект Фирфова пишува:

„Во 2012 год., со грант од Институтот за современа уметност во Тирана, го истражував исчезнувањето на книгите кои биле користени за масовните игри одржувани на 1-ви мај во Албанија и за спортските настани наречени Спартакијада кои се одржувале за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа. И двата настана вклучувале елементи од масовните игри кои имале за цел да го стимулираат духот, енергијата и состојбата на умот на оние кои се натпреварувале, но исто така, се разбира, и да ги засилат националните идеали, педантно комбинирајќи два вида тела: политичко и атлетско. Огромни собири на ученици, наредени во шаблон, ги држеле овие големи книги над нивните глави притоа формирајќи извонредна пропагандна слика. Книгите биле увезени од Кина, во време кога овие две држави имале блиски политички и економски односи. Чудно, а можеби и соодветно - имајќи ја во предвид присилната културна амнезија која се случила по смртта на Хоџа - нема ниту една копија од оргиналните книги во националната библиотека, архивите, ниту во било која од институциите поврзани со спорт во Албанија. Останува непознато како тие биле уништени, иако ние лесно можеме да се сложиме дека хартијата заедно со печатените материјали исчезнуваат први во време на присилно заборавање.
Според приказните на учениците во масовните игри во Албанија, книгите биле толку големи што можеле да покријат дете кое седи, имале минимум десет различни палети на бои и биле често претешки за да ги држи еден ученик, па така некогаш биле потребни двајца за да држат една книга... според моето лично искуство, книгата беше прво нематеријална и замислена и беше потребно повторно да се создаде физички, како артефакт, документ, но и како апстрактен елемент кој никогаш нема да биде прецизен артефакт и документ, туку протолкувано знаење...)“.

Неда Фирфова (1981) е уметничка, дизајнерка и истражувачка. Нејзината пракса го истражува печатениот медиум како симбол на воспоставена вистинитост во време на дигиталната ера, и модернистичките мрежи како пронајдок кој служи како оснвна алатка во демократската дистрибуција на печатената информција. Артикулирајќи или размислувајќи во печатениот медиум, нејзината практика
предлага по-отворени пристапи кон дистрибуцијата на информациите. Таа често иницира обратни уреднички процеси со тоа што кани интервенции од соработниците и публиката а потоа ги интегрира.
Овие експерименти придонесуваат кон реобликувањето и преиспитувањето на начините на кои графичките дизајнери остваруваат авторитет.
 Неда Фирфова додипломските студии ги завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија а магистерските студии ги комплетирала на одделот за графички дизајн на
Tama Art University во Токио, Јапонија во 2009 год. Таа била истражувач од областа на дизајнот во институтот Jan van Eyck Academie во Мастрихт, Холандија, (2009-11), а докторските студии ги комплетирала на Tama Art University во Токио, Јапонија (2012).
 Неда Фирфова моментално живее и работи на релација Скопје, Берлин, Токио.
 Од 2012 год., таа ја ко-раководи дизајнерската платформа и студио Модести.

Ивана Васева (1984) е кураторка и историчарка на уметност. Таа дипломирала на Факултетот за историја на уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и била учесник во проектот „Расшколувано знаење“, колективно самообразование во уметноста и културата, а има специјализирано во областа на кураторството на Кураторската програма (2011/2012) на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија.
Фокусот на нејзиниот кураторски интерес во последните неколку години се однесува на преиспитувањето на улогата на уметноста во поширокиот социо-политички и економски систем и нејзината потентност и потенцијалност кон стимулирање промени (во најмала рака емотивни и спекулативни) во различни контексти. Таа го преиспитува овој однос, од една страна преку поврзаноста на современите истражувачки уметнички практики и мултидисциплинарноста со едукацијата а од друга страна преку развивањето на дискурзивни проекти кои директно рефлектираат кон политичко-економските и општествените односи во кои уметноста делува.
Некои од нејзините проекти се: ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност, Култура за граѓански промени, годишниот фестивал АКТО Фестивал за современи уметности, Уметникот и дикатурата, СКОПЈЕ: Врвна колекција на лични сеќавања 1960 – 2010 вол. 1, презентацијата/ игра Како да се направи фестивал со 100 и со милион евра, предавањето/ презентација Како мојот живот стана културен работник Културните работници ја заземаат сцената и др. Таа само што  што заврши 11 издание на АКТО Фестивалот, оваа година насловено ПОП АП АКТО и моментално работи на неговото продолжување во уште три града во земјава: Скопје, Штип и Тетово и на истражувачкиот проект Кога зградите би зборувале.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 238
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 691
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 913
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »