логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Жижиќ/Кожул, Recurring Landscapes
Чифте амам, Национална галерија на Македонија, Скопје

Отворање: 5 мај 2016 во 12.00 часот
Изложбата ќе биде отворена до 19.05.2016

Националната галерија на Македонија премиерно ќе го претстави хрватскиот тандем Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул. Нивни дела се дел од колекциите на Музејот на современа уметност во Загреб, Музејот на модерна и современа уметност во Ријека и Куќата Лауба Загреб.

Иако станува збор за тандем на двајца млади автори (1983 и 1975), веќе имаат забележителни успеси како што е инсталацијата Inflatable Realities поставена во јавен простор на платото на Музејот на современа уметност во Загреб заедно со делата на интернационални уметници како што се Мрџан Бајиќ (Mrđan Bajić), Мирослав Балка (Miroslaw Balka), Иван Франке (Ivan Franke) со Патар Мишковиќ (Petar Mišković) и Студио Up, Игор Грубиќ (Igor Grubić), Карстен Холер (Carsten Höller) и Иван Кожариќ (Ivan Kožarić).  
Имаат добиено престижна награда за хрватска современа уметност  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и излагаат на значајни манифестации на современа уметност: 53. Поречко Анале, Биенале на индустриска уметност Labin Art Express XXI и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. во Музејот на современа уметност, Загреб. Оваа година се примени на резидентен програм на Styrian-Artist-in-Residence, Грац и на 51. Загребски Салон.

Двоецот Жижиќ/Кожул континуирано го мапира спектарот на фактори на пост-транзициска реалност во кои се открива расчекорот меѓу економско-општествената реалност и нивната презентација преку различни механизми на маркетинг индустријата. Истражувајќи ги просторите на реалноста и нејзината презентација, како и празнините во нивниот расчекор, тие подеднакво ги критикуваат сите спектри на фактори на неодржлива состојба на нештата. Имагинацијата на уметничките трудови подеднакво гради симболи на јадот на реалниот општествен и економски свет, како и симболи на просперитет на презентираниот маркетиншки свет.

Изложбата во Скопје опфаќа опус од истражувачката серијата на два меѓусебно поврзани феномени во контекст на прифатлива репрезентација и генерички искуства кои се условени од маркетингот и глобалната трговија.

Делото Recognizable Landscape (Aquamarine), индустриски претставува инџет отисок на рекламна церада кое прикажува фрагментиран одблесок на Сонцето во базен кое ја покрива целокупната површина на платното. Компјутерски генерираниот пејзаж користи реалност како визуелен темел, создавајки потполно фиктивна глетка понудена на набљудувачот како препознатлив фрагмент на совршено летно искуство.

Cassis Cornuta како за основа користи објект – сувенир за кој се претпоставува дека е купен како спомен на создадените искуства на одредена географска локација за која е врзан објектот. Специфичната школка користена во делото, иако купена во сувенирница на Јадранскиот брег, всушност е вид кој егзистира во Тихиот или Индискиот океан. Не постои директна врска меѓу школката и културното наследство на географската локација на која е купена, освен понудата и побарувачката на глобалната трговија. Природната географска „трансплантација ” на школката ја чини погодна за улогата на генеричко симболички објект лишен од специфичниот идентитет. Во одредена смисла оваа школка е  “tabula rasa” – симболички објект интегриран во иконографијата на глобалниот туризам на кој пак ако му го одземеме специфичното индивидуално искуство допишано при чинот на купување, е всушност сурогат.

Во композиција со другите работи од истата серија уметниците истражуваат спектар на генеричка глетка која поединецот е спремен да ја интегрира во сопственото сеќавање за времетраењето на формирањето на туристичкото искуство.

Во фокусот на истражувањето е моментот на формирање на глобален збир на глетки кои заменуваат автентично доживување. Компензирајќи недостаток на интензитет на лично доживување, туристот позајмува се повеќе сугерирани, но никако доживеани призори и формира психотичен амалгам на доживеаното и недоживеаното, кој во својот поголем или помал процент го дели со други субјекти кои во еден миг потсвесно одлучиле „да надоместат“ дел од сопственото автентично сеќавање – со призори од проспекти.

Делото „Стандард“ се состои од суперпонирани конструктивни елементи присутни во говорот на корпоративната пропаганда (џамбо плакат со димензии на ѕид, ЛЦД монитор). Елементите на делото документираат репликација на процесот на создавање на идеолошки лесно прифатлив контекст на репрезентација, а самото дело го проблематизирање дефинирањето на пожелните родови и расни нормативи како „златен стандард“ на презентација низ медијска репетиција.



Проектен тим
Куратор: Ана Франговска
Организација: Национална галерија на Македонија
Поддржано од: Министерство за култура на Р. Македонија
Партнери: Номад од Загреб, Croatia Airlines



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 235
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 684
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 903
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »