логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Recepti.korica.jpg

ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.

Состојки:

  • 1 килограм свеж спанаќ
  • 300 грама ориз
  • сол, бибер
  • сескан лист од омагдонос
  • малку масло и малку брашно

Начин на приготвување:

Спанаќот добро да се измие и да се обари. Кога ќе се олади исецкајте го, а за тоа време  сварете го оризот и исцедете го.  Соединете ги оризот и спанаќот, додадете сол, бибер, ситно сецкан магдонос. Доколку смесата е ретка додадете малку презла или брашно. Правете мали шницли и протркалајте ги во брашно, потоа пржете ги на масло додека не поруменат од едната и од другата страна.

Состојки:

  •  4 кромпири
  • 1 главица кромид
  • 1 шоља брашно
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • масло
  • бибер, сол

Начин на приготвување:

Компирот и кромидот изрендајте ги и помешајте ги со брашно, оригано, сол, бибер и прашокот за пециво. Обликувајте ќофтиња и пржете ги на врел оган.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie