логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Повеќе од 40 стари икони ќе бидат поставени во нова галерија која свечено ќе биде отворена денеска, во 12 часот, во црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга. На отворањето ќе зборува министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а за постојаната постановка во галеријата и за значењето на иконите ќе зборуваат академик Цветан Грозданов и митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Иконите се од периодот од 15 до 19 век, а се дел од културно-историското наследство на Струга и Струшко. Во постановката најстара е икона од 13 век на која е претставен св. Ѓорѓија. Таа икона често е дел и од наши и од светски каталози за средновековно иконографско творештво. Галерискиот простор ќе биде поставен во еден дел од црквата „Св. Ѓорѓија“, кој ќе биде посебно обезбеден.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie