логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Почитувани,

Ве известуваме дека на 14 декември 2009 (понеделник), со почеток во 19 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се одржи четвртото предавање на тема Карактеристиките на ликовното творештво и неговата естетска суштина, од серијата на предавања на д-р Кирил Темков на тема ЛИКОВНАТА ЕСТЕТИКА.
Овој циклус на предавања д-р Кирил Темков ги одржува со цел на афирмирање на ликовната естетика кај нас, за која релативно малку се говори, иако, според неговото мислење, ликовните уметности се најразвиената форма на уметничко творештво во Македонија. Од тие причини овие предавања би дале информација за движењата во современата ликовна мисла, во чии рамки се развија две централни духовни пројави во современата епоха - Модерната и Постмодерната, кои спаѓаат меѓу најживите денешни интелектуални придонеси. Предавањата поттикнуваат рамислување, дискусии и натамошно продлабочување на нашата размисла за уметноста.

Предавањата се проследени со илустрации, како прилог кон супстанцијалната разгледба на визуелното творештво.
Д-р Кирил Темков предавал Естетика на студентите на Факултетот за драмски уметности, на музиколошкиот оддел на Факултетот за музички уметности, на студиите по Новинарство, на студентите по Светска литература, како и посебно на постдипломските студии на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот “Св, Кирил и Методиј” во Скопје.
Серијата на предавања на проф. Кирил Темков се прилог во разновидната дејност на Националната галерија на Македонија, во ширењето на ликовната култура кај нас.

Со почит,

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie