логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Баритонот Борис Трајанов и светски познатиот сопран Инва Мула вечерва во 22 часот во Античкиот театар во Охрид ќе одржат концерт за поддршка на интеркултурниот дијалог на Балканот. Тие ќе настапат во рамките на фестивалот Охридско лето. Со двајцата уметници ќе настапи и нашиот млад бас Александар Стефановски. Вокалистите ќе ги придружува ансамблот на Македонската филхармонија, а ќе диригира Франческо Роза, главен диригент на театарот „Сан Карло“ во Неапол, Италија.Трајанов вели дека преку концертот уметниците ќе се обидат да поттикнат соработка меѓу македонските и албанските уметници. Уметноста е голема и може да поврзува. Инва Мула е светска вокалистка која потекнува од Албанија. Ја поканив да учествува на овој концерт за да покажеме дека предрасудите треба да се кршат. Двата народа имаат уметници за почит, на кои треба да им се даде можност да го развиваат меѓукултурниот дијалог - рече Трајанов, кој ќе изведе неколку арии во дует со Мула.Со Мула ќе настапи и Стефановски, кој вели дека концертот е ретка можност за публиката да види големи музички имиња на една сцена.

- Задоволство ми е што имам можност да пеам со овие големи уметници. Концертот секако ќе биде уживање за публиката - рече Стефановски.Од Филхармонија најавија дека концертот ќе трае долго, но ќе биде интересен за гледање зашто на програмата се поставени дела од светски композитори.Тројцата уметници ќе изведат арии од познатите опери на Верди, „Травијата“, „Риголето“, „Набуко“, „Атила“, како и извадоци од операта „Боеми“ на Пучини и арија од „Севилскиот бербер“ од Росини. Трајанов и Мула ќе изведат дует од „Травијата“, по што Стефановски во дует со Мула ќе изведе дел од операта „Дон Џовани“ од Верди.Мула е едно од водечките сопранистички имиња во светот. Редовно настапува на оперските сцени во Милано, Њујорк, Виена, Верона, Мадрид, Токио, Торонто. Одиграла повеќе улоги во оперите на Верди, Пучини, Бизе, Офенбах, Моцарт. Нејзиниот глас беше искористен и во филмот „Петтиот елемент“ на Лик Бесон.Трајанов на нашата и на странската музичка сцена е присутен повеќе од 20 години. Одиграл повеќе од 45 улоги во повеќе од 700 претстави во оперски куќи низ светот. Во 2004 година во Грац беше награден со „Оперски оскар“ за најдобар машки оперски уметник, а во 2005 година беше прогласен и за уметник на мирот на УНЕСКО.Во црквата „Св. Софија“ вечерва, во 20 часот, во рамките на Охридско лето, концерт ќе одржи и Ино Мирковиќ, виолинист од Хрватска. На пијано ќе го придружува Марија Вршкова. Мирковиќ предава на познатиот конзерваториум „Чајковски“. Член е на жирија на повеќе меѓународни музички натпревари, а во 1998 беше прогласен и за уметник на мирот на УНЕСКО.

(Т.О.)
 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie