логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Понеделник, 12 мај 2008 год., Културно-Информативен Центар

12:00 ч. Свечено отворање со промоција на Зборникот на трудови од научниот симпозиум „МАКЕДОНИЈА ПОМЕЃУ ВИЗАНТИСКИОТ КОМОНВЕЛТ И ЕВРОПСКАТА УНИЈА" промотор: проф.д-р Јован Донев

Трудовите во Зборникот го опфаќаат периодот од создавањето на Византискиот комонвелт - како првобитна етапа од процесот на интеграција на Европа, проследувајќи ги културно-историските и политичките процеси во Македонија, се до современите тенденции за приклучување во Европската унија. Во тој контекст, токму византискиот император Јустинијан I, родум од околината на Скопје, не само што ја симболизира идејата на Византија за обединување на Европа, туку го дефинира и историското место на Македонија во Европската унија.

13:00 ч. Прогласување на наградените есеи од натпреварот за учениците од скопските гимназии, на тема: „Животот и делото на Јустинијан I"

20:00 ч. Напреден семинар за црковно источно пеење во организација на Центарот за Византолошки студии

На семинарот, учество ќе земат повеќе претходно селектирани кандидати, ученици во гимназиите, студенти и граѓани од повеќе градови од Макдеонија, заинтересирани за источното (византиско) црковно пеење, историјата и традицијата низ вековите, се до денешните актуелни текови и збиднувања. Со семинарот раководи основачот на Центарот за Византолошки студии, д-р Јане Коџабашија. Семинарот се одвива до 24 мај, Денот на Просветителите Св. Кирил и Св. Методиј, завршувајќи со јавен настап на сите учесници, на кој ќе бидат изведени новонаучените црковни творби.

  


Културно-Информативен Центар

ФЕСТИВАЛ НА ЦРКОВНО ИСТОЧНО ПЕЕЊЕ     


 

Сабота, 17 мај 2008 год., Обновен храм „Пресвета Богородица"

12:00 ч. Свечено отворање на Фестивалот со поздравен говор

Хорските средби при Фестивалот, ќе се одвиваат во два дела, ревијален и концертен. Во ревијалниотдел настапуваат Епархиските хорски ансамбли:

> „Јован Хармосин" при храм Св. Георгиј - Криви Дол, Скопје;
> „Света Петка" при храм Св. Петка - Црниче, Скопје;
> „Јустинијана Прима" при МПБ „Св. Климент Охридски", Скопје;
> „Св.Теофил Струмички" при храм  Св. Петнаест, Струмица;
> „Св. Нектариј Битолски" при храм Рождество на Пресв.Богородица,
Битола;
> „Св. Климент Охридски" при храм Пресв. Богородица - Перивлепта,
Охрид;
> градски   Хор  „Гевгелија",  служи   при  храм  Св.Кирил   и   Методиј,
Гевгелија;
> „Св.Благовештение" при храм Св. Благовештение, Прилеп;
> „Св. Никола" при храм Св. Никола, Штип;
> „Менада" - Тетово.

17:30 ч.  Концерт

Во концертниот дел, (Источно-црковно пеење) солисти, ученици од Македонската Православна Богословија во класата по Црковно Пеење на проф. Гоце Секулоски.
Со цел, да се поттикне начинот на произнесување на црковното пеење како посебна уметност, на Фестивалот на црковно источно пеење, за прв пат, се воведува оваа дисциплина. Начинот по кој се пејат светите химни е многу важен во православната химнографија, бидејќи неговата цел е да ја поддржува смислата на светите химни.

> целовечерен Концерт на најдобро претставените хорски ансамбли
(со програма селектирана од Комисијата);
> Источно-црковнопеење - Солисти

19:30 ч. Промоција на музичкиот компакт-диск со црковни химни „Статии на Велики Петок".

Организатор: www.preminportal.com.mk

Селектор на Програмата: Гоце Секулоски - Проф. на Катедрата по Црковно Пеење при МПБ „Св.Климент Охридски", Скопје

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie