логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ДЕНОВИ НА КНИГАТА


На штандот на издавачката куќа "Макавеј", во рамките на Денови на книгата, денеска од 11 до 14 часот на Скопски саем ќе се одржи книжевно пладне со писателот Блаже Миневски, автор на романот "Нишан".

Книгата ја освои врвната македонска награа за проза - "Стале Попов" на Друштвото на писателите на Македонија. Миневски ќе потпишува примероци и ќе биде достапен за разговори и прашања за создавањето на романот. Во истиот термин во петок, "Макавеј" на својот штанд организира творечко пладне со режисерот, есеист и публицист Љубиша Георгиевски, по повод неговиот тритомник "Театро", "Пиеси" и "Пимник на предрасуди", кои деновиве се објавени од овој скопски издавач. Георгиевски ќе потпишува примероци и ќе биде достапен за читателите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie