логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 10/04, 13:54

Над 70 домашни и странски издавачи ќе се претстават на Деновите на книгата, што од 15. до 20. април ќе се одржат во Метрополис арената на Скопскиот саем.

Според најавите, на саемот директно и индиректно ќе се презентираат издавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Албанија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Белгија и Русија

Презентираните дела на 20. по ред Ден на книгата, главно ќе бидат од областа на стручната, научната и белетристичката литература, како школски книги и прирачници, книги за млади и деца и биро опрема.

Традиционално и оваа година Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) ќе ги додели наградите за најдобро издание меѓу двата саема, најпродавана книга на саемот, како и наградите за најдобар библиотекар и најдобар книжар./крај/амп


Промоција на книга во МКЦ

Промоција на книгата раскази под наслов „Оскар за стауетката Мочко“ од Ава Мирис вечерва во 19.30 часот ќе се одржи во салата на киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар. За книгата ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и Мишел Павловски. Тие се рецензенти на книгата.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie