логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Со американските филмови „Возот за Дарџелинг“, „Џуно“ и „Сико“, кои ќе се прикажат во текот на викендот привршува Скопскиот филмски фестивал. Неговото затворање е закажано за во недела во 20 часот, но наместо предвидениот јапонски филм „Сукиаки вестерн џанго“ ќе се прикаже шпанскиот „Хотел Тиволи“ на Антон Реикса.

Но, да се вратиме на денешниот ден во текот на кој, во вообичаените термини од 18, 20 и 22 часот во киното „Милениум“ ќе се прикажат сите три споменати американски филма. И „Возот за Дарџелинг“ и „Џуно“ се семејни приказни. Првиот е на независниот автор Вес Андерсон, кој на откачен начин зборува за повторното соединување на тројца браќа, кои ги играат: Адриен Броди, Овен Вилсон и Џејсон Шварцман. Додека „Џуно“, филмот кој годинава и донесе „Оскар“ за сценарио на дебитантката Диабло Коди, беше изненадување за сите со номинациите за најдобар филм и за режијата на Џејсон Рајтман. „Џуно“ е тинејџерска комедија, која зборува за неочекуваната бременост на младата Елен Пејџ и за се' што се случува потоа. А новиот документарец на Мајкл Мур „Сико“ се фокусира на здравствениот систем во Америка и на ужасот со кој се соочуваат луѓето во оваа земја кои немаат здравствено осигурување.

Во „Рамстор 1“ ќе можат повторно да се видат: индискиот „Вода“ и авганистанскиот „Улични кучиња“. Додека во недела има репризи на бугарскиот „Пазач на мртвите“ на Илијан Симеонов и на „Здив“ на Ким Кидук. Во „Рамстор 2“ пак, во сабота ќе се повторат филмовите од програмата „Саунд анд фјури“, холандскиот „Бридерс“ и Портретот за Филип Глас во 12 делови на Скот Хикс од Австралија. А прогласувањето на победниците на натпреварот на едноминутни филмови ќе се одржи во сабота во 17 часот во Мала станица.

(С.У.) утрински весник

{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport