логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

 

 Од 16ти до 30ти јуни во GALLERY MC во Њујорк ќе се отворат две изложби на уметниците Маја Кировска и Ангел Миов.
Кировска ќе се претстави со делото "Организми 2" кое е динамичка инсталација каде обоена течност преку медицински кеси за трансфузија и инфузија поминува низ канали изрежани на мали плочки плексиглас капе на купчиња хартија создаваќи обоени дамки со различна големина. Тоа е дело преку кое се анализираат релациите природно-вештачко, органско-неорганско, растително-животинско-човечко....
Ангел Миов ќе се претстави со делото "Исечи ги конците..."кое е инсталација од платна, цртежи со конци, конци, фотографии и видео. Се' е исечено. Се' што ќе се исече се уништува, се' што ќе се исече е вишок, се' што ќе остане е добро, се' што е добро виси на конец, конецот е линија, повеќе линии се конци... Исечи ги конците!

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie