логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Kомпанијата ДДДреам Интернатионал Медиа од Пекинг ги откупи правата за прикажување на филмот “Трето полувреме” во НР Кина. По прикажувањето на филмот на фестивалот во Пекинг, “Трето полувреме” ќе се прикажува и во кината во најбројната земја во светот.

Филмот ‘’Трето полувреме” е еден од ретките македонски филмови што ќе се прикажува во најголемата азиска земја.
Освен во НР Кина филмот е продаден и во Франција, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Тајван. Во тек се преговорите за продажба на филмот во САД и Канада.
Филмот ‘’Трето полувреме” е во продукција на Кино око во копродукција со фџ3џ, и/о пост, Баррандов Соунд, со финансиска подршка на Филмскиот фонд на Македонија, Чешкиот филмски фонд, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, спонзориран од Шпаркасе банка Македонија.

Поздрав,
Кино око



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie