логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013.

 

Фестивалот „Мал битолски Монмартер“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана на скопската публика. Имајќи го предвид значењето на оваа изложба, ни претставува особена чест и задоволство истата ја презентираме под синтагмата „од децата за децата“.

На изложбата ќе бидат изложени повеќе од 150 детски цртежи.

Изложбата ,,Магијата на Монмартер-Битола 2013,, ќе биде преставена пред скопската публика наредните 2 недели.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie