логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Филмскиот фонд на Република Македонија во соработка со Францускиот Институт во Скопје имаат чест да Ве поканат на професионална средба која ќе се одржи во рамките на Фестивалот на француски филм во Македонија,  со г-ѓа Натали Стрејф, одговорна во францускиот институт во Париз за фондот за подршка на светски филм (World Cinema Support) и г-дин Гијом Деланд, директор на Домот на аудиувизуелната дејност во Каен.

 

Натали Стрејф – презентација на програмите за подршка на светскиот филм.

World Cinema Support е новосоздаден фонд наменет за финансирање на интернационални копродукции. Фондот е формиран на иницијатива на француското Министерство за култура и комуникации и Министерството за надворешни и европски работи и е управуван од страна на Националниот филмски центар (CNC) и Францускиот институт.

Гијом Деланд – претставување на француската политика за поддршка на аудиовизуелната дејност.

 

Професионалната средба ќе се одржи на 27.06.2013г. (четврток) во ЕУ Инфо Центарот со почеток во 11часот.
Со почит,

--
Филмски Фонд на РМ
ул. 8 Март бр. 4

Macedonian Film Fund
8 Mart No.4

tel:+389 2 3224 100
fax:+389 2 3224 111


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport