логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Објавено: пред 60 минути
Прочитано: 1137
Печати
Сподели со твоите пријатели!
По иницијатива на трговскиот центар Скопје Сити мол и Црвениот крст на град Скопје, од утре до 23 септември ќе се одржи хуманитарна акција под наслов „Празна продавница, полно срце“ за донирање стара облека. Донацијата ќе биде наменета за социјално загрозени семејства од целата земја.

 

„Основниот белег на трговските центри е шопингот или купувањето по продавници од секаков карактер. Посетителите доаѓаат празни а си одат со полни кеси. Во концептот на хуманитарната акција на Скопје Сити мол и Црвен крст процесот е обратен при што хуманите посетители доаѓаат со кеси полни со половна или облека која ја чувствуваат за непотребна и со неа ги полнат празните рафтови од продавницата. Волонтерите на Црвениот крст ќе бидат задолжени да ја примаат донираната облека“, велат организаторите.

 

Тие испраќаат порака: „Да ја исполниме заеднички празната продавница и да ги наполниме срцата на оние помалку среќните“.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie