логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

Гимназијата Алгоритам од Скопје, под покровителство на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, организира државен натпревар по математика за ученици од основните и средните училишта во Република Македонија за избор на тим од добри математичари кои ќе ја претставуваат Македонија на онлајн натпреварот „Светски ден на математиката“.

Државниот натпревар ќе се одржи на 27.02.2013 година (среда) со почеток во 10.00 часот во Народната канцеларија на Претседателот на РМ во Скопје.

 

За државниот натпревар беа селектирани најдобрите 120 ученици од пријавените 2000 кои досега имаат точно одговорено на повеќе од 7 милиони задачи за време на подготовката за натпреварот.

Во 2012 година, Гимназијата Алгоритам освои прво место во Европа во екипна конкуренција.

Оваа година тимовите од Македонија за време на подготовките за натпреварот се пласираа меѓу првите 5 во светот.

 

Светски ден на математиката (World Maths Day) е интернационален онлајн натпревар по математика кој се организира секоја година. Во 2010 година е влезен во Гинисовата книга на рекорди како најмасовно онлајн математичко натпреварување. Во 2012 година натпреварот беше реализиран како дел од настанот Светски едукативни игри (World Education Games), под покровителство на UNICEF, и опфати 5,5 милиони ученици од повеќе од 200 земји.

 

 

Лице за контакт:

Марина Божинова

075-330-531



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie