логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА
СВЕТИ ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ
16 И 17 МАРТ 2013
2 ДЕНА СОЛУН  И  МЕТЕОРИ

 Скопската епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ лиценца А бр. 680, тел. 031 413-984), и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Димитриј Солунски.
 1 ден, сабота (16  март). Состанок со групата во 03.30 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони. Пристигнувањето во Солун е предвидено околу 08.00 часот. Најпрвин ќе се посетат храмовите: Свети Димитриј Солунски, Света Софија и Свети Григориј Палама, а потоа следува разгледување на градот по слободен избор, до 15.00 часот по македонско време, по што групата ќе се состане, во 15.00 часот, пред Белата кула или Беас куле. Следи патување за Паралија.
 2 ден, недела (17 март). Будење во 06.30 по македон¬ско време, а потоа заминување за Метеори, на разгле¬дување на манастирите: најпрвин ќе се посети една работилница за изработка на црковни предмети и  икони според древ¬ната црковна традиција, а потоа манастирите: Свети Стефан (€ 2) и Свето Преображение или Голема Метеора (€ 2). По оваа посета е предвидено враќање за Скопје, а при¬сти¬г¬нувањето во Скопје се планира во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.800 ДЕНАРИ, А ВО ОВАА ЦЕНА СЕ ВКЛУЧЕНИ: ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ, АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ЕДНО НОЌЕВАЊЕ ВО ХОТЕЛ НА БАЗА Н/П (16/17 МАРТ, ЛАНЧ ПАКЕТ). ПАТНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ КОПИЈА ОД ПАСОШ, СТР. 1 И 2.
 Последен рок за пријавување е 13 март 2013 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот на тел. 070 582 588 или на е-маил: павловицм1Жѕахоо.цом или Скѕпе: мопавловиц
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.  
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: Д.П.П.У. Даро Компани Д.О.О.Е.Л. - Куманово, Централна Коперативна Банка 320100004091752



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport