логоFacebookTwitterYouTubeeMail


05_Monografija


Четврток, 08 Ноември 2012 13:29

05_MonografijaИлустрираното издание е своевиден информативен водич за главниот град низ неговата 2000-годишна историја, од населба во 3 век пр. н. е. до современа светска метропола

Министерката за култура денеска во галеријата Чифте амам ја промовираше монографијата „Скопје и Старата скопска чаршија“  во издание на издавачката куќа „Матица македонска“. Богато илустрираното издание е своевиден информативен водич за главниот град низ неговата 2000-годишна историја, од населба во 3 век пр. н. е. до современа светска метропола.

Во книгата  низ  фотографии и низ текст се опишани најзначајните историски настани и архитектонските специфичности, стилски разновидни градби, вклучувајќи ги и најновите од проектот „Скопје 2014“. Автор на текстот е историчарот на уметноста Коста Балабанов.

01_Monografija_Skopje-200Промовирајќи ја монографијата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека Старата скопска чаршија е јадро и симбол на Скопје и негово најавтентично место во кое низ вековите се вкрстувале култури, традиции и стилови.

- Простор во кој секој се чувствува како дома зашто е заедничко богатство и поради тоа е заедничка и одговорноста за враќање на нејзиниот сјај. И оваа книга е придонес кон тоа, таа е водич за нашата приказна и за нашето траење - рече Канческа-Милевска.

03_Monografija_Skopje-200Таа потсети дека Министерството го донесе и Законот за ревитализација на Старата скопска чаршија, конзерваторски се третирани објекти, направена е безбедносна заштита на спомениците, уредување и осветлување, а со одлука на Владата се отстапуваат простори за негување на старите занаети. Меѓу нив е и Безистенот кој му беше доделен на користење на Друштвото на уметници на Македонија (ДЛУМ). Канческа-Милевска во оваа пригода врачи  и две нови одлуки за доделување простори на Здружението на филигранисти на Македонија и на Здружението на граѓани „Женски форум“ од Тетово потсетувајќи дека и во иднина ќе се продолжи со расчистување на имотно-правните прашања за доделување простори и на други субјекти.

02_Monografija_Skopje-640

Исто така, за монографијата зборуваше и академик Паскал Гилевски кој, меѓу другото, рече дека Скопје отсекогаш било инспирација на многу патописци, но и на повеќе македонски писатели кои за градот дале свои поетски и прозни прилози, како Гане Тодоровски и Славко Јаневски.
- Секој град има своја судбина, но ретко кој град има бурно минато како Скопје. Потребни се томови за да се напише летописот за овој денеска главен град на државата - додаде Гилевски.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie