логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...


Сто и седум филмови во 11 дена, од 15-ти до 25 ноември, ќе понуди годинашниот Фестивал на европскиот филм „Синедејс“, со проекции во кината „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија.

Десет наслови од млади европски автори се во официјалната конкуренција, седум во програмата Синебалкан, пет во селекцијата  МК&ЕУ - европски филмови во кои учествуваат режисери, сценаристи, актери, продуценти од Македонија, и 40 гала-премиери (од Копола, Ханеке, Бертолучи, Вуди Ален, Том Тиквер, Кроненберг, ..., победници во Кан, Венеција, Берлин, Сан Себастијан...) за 40-те години постоење на организаторот на фестивалот - Младинскиот културен центар.

Мотото годинава е „Да ја исплакнеме сапуницата од себе, помалку сапун, повеќе филм“. Директорот на МКЦ Златко Стевковски на прес-конференција рече дека слоганот е поради „опсадата од сапуници“ на националните телевизии кои, покрај вестите,  16 часа дневно прикажуваат серии.

-  По четиридецениската безмилосна војна против сеопштиот кич, шунд, паланечката малограѓанштина, хипокризијата, ниските вредности, дребното профитерство, срозените морални нормативи, политиканството и останатите  контракултурни, нехигиенски и несогледливо штетни општествени појави и дејанија, вашиот МКЦ ви приредува 107 филмови во 11 дена, рече Стевковски.

Идниот четврток фестивалот ќе почне во „Милениум“ со германско-унгарски филм од гала-премиерата „Вратата“, а во вечерниот термин официјалното отворање е со словенечкиот „Шангајски циган“ во која главниот лик го игра македонскиот актер Висар Вишка. Овој филм е во селекцијата МК&ЕУ, како и филмот за затворање - „Кога ќе се раздени“ на српскиот режисер Горан Паскаљевиќ, во кој играат Зафир Хаџиманов и Мето Јовановски и музика на Влатко Стефановски. Во оваа програма е и  српскиот „Ѕвезрилник“ со Никола Ристановски во главна улога.

На годинашниот „Синедејс“ се филмови победници или номинирани на  филмските фестивали, меѓу кои победниците во Сараево и во Ротердам - романскиот „Секој во нашето семејство“ и српскиот „Клип“.

Во програмата „Земја во фокусот“ оваа година е  кинематографијата на Египет и ќе бидат прикажани документарни филмови за Арапската пролет. Нивни селектор е Шериф Авад, филмски уредник на списанието Egypt Today, кој е и член на жирито за официјалната конкуренција. Во жирито се и  македонскиот режисер Вардан Тозија и Јан Харлан - продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик, кој е меѓу ѕвездите на „Синедејс“, заедно со Андреас Дресен, големото име на германската кинематографија.

Гости на фестивалот ќе бидат и Горан Паскаљевиќ, Маја Милош - режисерка на наградениот филм  „Клип“, Ричард Грејсон од Универзитетот  „Оксфорд“, кој ќе одржи предавање на тема „Холивудската културна машина“...

„Синедејс“  ќе има и неколку музички документарци, кратки филмови од македонската продукција, првпат и поетски филмови, остварувања на млади италијански режисери, како и придружни настани -  работилници и концерти, меѓу кои на Тони Китановски и Черкези оркестарот за отворањето на 15-ти и настапот на „Беи д фиш“ на 24 ноември во МКЦ.

Буџетот за фестивалот е околу 1,5 милион денари обезбедени од Град Скопје, Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Стевковски рече дека тоа е многу мал дел од реалните организациски трошоци  и дека финансиски фестивалот е покриен и од приходите во „Милениум“ и МКЦ.

Информираше дека од 44 продадени билети на „Синдејс“ во 2009 година, кога ја наследиле организацијата, во 2010 биле продадени  4.900, а лани 23.000 влезници. Очекува дека годинава бројот на глдеачи ќе биде уште поголем. Влезницата за секој филм е 100 денари. Проекциите во „Милениум“ ќе почнуваат од 12 часот.

Извор: Вест



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie