логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да ве известат и да ве поканат на отворањето на изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19-тиот век и татко на современата фотографија, Надар, в четврток,  6 декември 2018 год., во 20 часот, во Мала Станица.

 Гаспар-Феликс Турнашон, НАДАР (1820 - 1910)
Гаспар-Феликс Турнашон, познат под псевдонимот НАДАР, е роден во Париз на 6 април 1820 година. Работел како фотограф, карикатурист, новинар и писател. Бунтовен и храбат, со чисто изразени социјални идеи, бил првиот фотограф кој се спротиставил на општото јавно мислење, развивајќи ги до крај своите лични идеи и вкусови. Неговото име ќе остане запишано во историјата на фотографијата, како првиот човек кој направил фотографија од воздух. Ги претставува и воведува жанровите аерофотографија и портрет. Сакал да ги фотографира оние кои лично и непосредно ги познава. Архивата на Надар содржи фотографии од речиси сите познати писатели, поети, артисти, актери, музичари и танчери во своето време. Бил нарекуван и „фотографот на ѕвездите“, своевиден експериментатор и впечатлив артист, чии портрети претставуваат Пантеон на неговото време.
Четириесетина најдобри портрети на францускиот фотограф со светска слава, Феликс Надар (1820-1910) ќе бидат претставени пред македонската публика во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица. Помеѓу портретите е и оној на Сара Бернар, Александар Дима, Клод Дебиси, Шарл Бодлер, Жорж Санд, Жак Офенбах, Емил Зола, Жил Верн и уште десетина големи имиња од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

 
Изложбата, насловена „Славните портрети на Надар“, официјално ќе ја отворат:
- г-ѓа Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија на Македонија,

- Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Р. Македонија, и

- г-ѓа Лор Верон, кустос во Музејот Jeu de Paume.

 

Гаспар-Феликс Турнашон (1820 - 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.

 
Оваа екслузивна изложба од 41 репродукција е овозможена од Музејот Jeu de Paume, а е поддржана од Зегин и од Охридска банка - Société générale.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.


  Cette année a été marquée par de nombreux événements culturels, linguistiques et sportifs célébrant les 25 ans de relations diplomatiques entre nos deux pays. L’exposition, « Nadar, les grands portraits » démontre la richesse et la vitalité de notre coopération dans le domaine de la photographie et plus généralement, dans tous les domaines culturels. C’est ainsi que nos cultures s’appartiennent davantage. Je me réjouis de voir rassembler, à la Galerie nationale de Macédoine, les portraits de célèbres Français du XIXème siècle. Portraits fixés par le grand Nadar. Ils appartiennent au patrimoine de la francophonie et peuvent, grâce à cette exposition à Mala Stanica, être vus aujourd’hui à Skopje par le plus grand nombre. Mes vifs remerciements vont à la Galerie nationale de Macédoine, au musée du Jeu de Paume à Paris, à la société Zegin et à la banque Ohridska Banska - Société Générale Group. Tous, en collaboration avec l’Institut Français à Skopje, ont rendu cette exposition possible.

S.E. Christian Thimonier,

Ambassadeur de France à Skopje
    

Оваа година беше исполнета со бројни културни, јазични и спортски настани со кои свечено се одбележаа 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу нашите две земји. Изложбата, „Славните портрети на Надар“ ги покажува богатството и виталноста на нашата соработка на полето на фотографијата и во сите културни сфери воопшто. На тој начин нашите култури уште повеќе си припаѓаат една на друга. Среќен сум што ги гледам на едно место, во Националната галерија на Македонија, портретите на славните Французи од XIX век. Портрети што ги овековечил големиот Надар. Тие ѝ припаѓаат на оставината на франкофонијата и благодарение на оваа изложба во Мала станица, најголемиот дел од нив денес можат да бидат видени во Скопје. Моја голема благодарност до Националната галерија на Македонија, музејот Jeu de Paume од Париз, компанијата Зегин и Охридска банка - Сосиете женерал груп. Сите тие, во соработка со Францускиот институт во Скопје, го направија можно организирањето на оваа изложба.


Н.Е. Кристијан Тимоние,

Aмбасадор на Франција во Скопје


Edouard Manet, vers 1865

Едуар Мане, околу 1865
    

Sarah Bernhardt, 1860 - 1865

Сара Бернар, 1860 - 1865


« La photographie est une invention magnifique. La théorie photographique s’ap- prend en une heure ; les premières notions de pratique, en une journée... Ce qui ne s’apprend pas, c’est le sentiment de la lumière, c’est l’appréciation artistique des effets produits par les jours divers et combinés… Ce qui s’apprend encore moins c’est l’intelligence morale de votre sujet, c’est ce tact rapide qui vous met en communication avec le modèle, et vous permet de donner, non pas... une indifférente reproduction plastique à la portée du dernier servant de laboratoire, mais la ressemblance la plus familière, la plus favorable, la ressemblance intime. »

Nadar

Pour notre grand plaisir, la coopération de longue date de la Galerie nationale de Macédoine avec l’Ambassade de France et l’Institut français de Skopje continue, de façon très réussie, avec la présentation de projets et d’expositions de grande qualité. Cette fois-ci, c’est l’exposition de photographies de portraits de Nadar-Gaspard Félix Tournachon : photographe, caricaturiste, aéronaute, romancier et journaliste français de renommée internationale...


D-r Dita Starova Qerimi, directeur Galerie nationale de Macédoine   

«Фотографијата е прекрасно откритие... Теоријата може да се изучува за еден час, основите на технологијата во еден ден... Но она што не може да се научи е чувството на светлина. Начинот на кој светлината паѓа на лицето, мора да го фатиш самиот. За да добиете сличност, а не банален портрет, мора да сте сојузници со портретираниот, да ги почувствувате мислите и неговиот лик.“ »

Надар


На наше големо задоволство, долгогодишната успешна соработка на Националната галериjа на Македониjа со Амбасадата на Република Франција во Скопjе и Францускиот институт во Скопjе продолжува на многу успешен начин, со проекти и изложби од особен квалитет и значење, како што е и овој пат изложбата на портретни фотографии на францускиот фотограф, карикатурист, аерограф, романсиер, новинар со меѓународна репутација Надар – Гаспар Феликс Турнашон…

Д-р Дита Старова Ќерими, директор на

Национална галерија на Македонија

За повеќе информации, Ве молиме контактирајте нè:
Бранко Чобанов, аташе за култура и помошник на Директорот | 02 3118 503 | Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Олгица Крстевска Миливојевиќ, одговорна за комуникација | 02 3116 734 | Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Olgica Krstevska Milivojevikj
Responsable communication, diffusion culturelle
Institut Français de Skopje
    
ul. Sv. Kiril i Metodij, 48

P. fah 388 - 1000 Skopje
T + 389 (0)2 31 16 734
T + 389 (0)2 31 04 767

http://www.ifs.mk



Поуки од Светите Отци

krusevoexport